Како ме фатија на првиот состанок со швалерот?

Неодамна се појави исповед на наша иселеничка, меѓу другото таа наведува: Ова е мојата најголема грешка што сум ја направила во животот и за која многу се каам, но сега веќе е предоцна за било што да се промени.

Со сопругот бевме некаде на триесетгодишна возраст кога се преселивме да живееме во Германија. Не повлече роднина на сопругот, а како инженер многу брзо напредуваше во фирмата и одлично заработуваше. Јас после една година исто така се вработив во една фирма и скромно заработувам.

Имаме две деца со сопругот, момче и девојче, 4 и 6 годишна возраст. Во почетокот имаа проблем со јазикот, но набрзо се вклопија и сега одлично напредуваат.

Животот ми беше среден, децата ми се примерно воспитани, сопругот е скромен и мирен маж кој многу ме сакаше и беше пожртвуван за семејството. Често остануваше и на прекувремена работа зошто такви беа условите тогаш.

Сека честопати се навраќам на убавите спомени, на топлиот дом што го имав, на семејната трпеза, на семејните празници, на ретките но убави вечери со пријателите. Ми недостига семејството, ми недостига домот, а најмногу децата. Сега тие растат без мене.

Еве како се случи. Имено, фирмата во која се вработив беше голема компанија. Во почетокот јас бев срамежлива и ги извршував само наредбите од шефот без да се обидам да воспоставам контакт со колегите.

Како изминуваше времето, постепено се зближив со една колешка, а еден ден дури ме поканија да излезам навечер во еден бар. Бидејќи ме воведоа во нивното друштво, се изненадив и кога почнаа да ме викаат за шопинг, за викенд-пазарења, па дури понекогаш и на џогирање.

Започнавме во барот да одиме еднаш неделно и морам да признаам дека ми годеше нивното друштво. Сите беа опуштени, го озбуруваа шефот и останатите колеги од фирмата, многу се смееја и ми го развеселуваа животот.

Сите овие нови пријателки беа мажени и имаа деца, па така мојот сопруг никогаш не ми правеше проблем што се дружам со нив, дури мислам дека се радуваше за мене што конечно и јас се стекнав со пријателки во оваа туѓа за мене земја.

И така, една по една почнаа да ми се доверуваат за својот интимен живот, да ми раскажуваат за своите авантури. Бев шокирана кога дознав дека сите тие имаат љубовници. Не ми се веруваше. Прво за мене беше непоимливи кога успеваат да се видат со тие нивни љубовници во ионака тесно набиениот дневен програм на обврски.

Ме убедија дека сексуалниот живот е многу важен заради справување со анксиозноста на напнатиот живот и напорната работа, но и поради самиот брак. Замислете, каде ми беше умот, па им поверував дека ако и јас фатам некој љубовник, ќе го зачинам мојот брак и ќе внесам освежување.

–Тоа е многу добро за релаксација, да се отргнеш од монотониот живот, да не мислиш малку на децата, мажот и работата. Едноставно, да се опуштиш. А децата и мажот нема каде да ти избегаат, пак ќе се вратиш кај нив.

И така ме додадоа на една страница за интимни запознавања, нормално со моја согласност. Требаше да прикачат мои фотографии, па имавме интересна и забавна фото-сесија. Па потоа следеше уште повозбудлив момент на одбирање на партнер.

Добив доста понуди, бидејќи сепак добро изгледам а и телото не ми е запуштено, туку редовно одам на фитнес и трчање. Најпосле одбрав еден симпатичен помлад маж и договоривме средба.

Срам ми е да ви раскажувам како се тресев како тинејџерка додека се облекував дома, се шминкав и се дотерував за средбата. Се облеков секси. Сопругот го излажав дека ќе излегувам со пријателките.

Отидов на закажаното место, а тој веќе ме чекаше таму. Срдечно ми пријде и ме бакна во образот. Седнавме и порачавме пијалак, но главно тој го водеше разговорот. Јас за цело време бев збунета. Потоа станавме и тој предложи да одиме во хотел. Молчешкум се согласив, бидејќи за таа работа излегов.

Имав с.кс со овој човек и што да ви кажам. Не уживав многу иако тој се трудеше. Воопшто не беше онака како што ме убедуваа пријателките. Дали имав грижа на совест тогаш? Не, не ни помислив на сопругот да бидам искрена. Бев премногу збунета за да мислам на било што.

Откако завршивме работа, се облековме, јас се нашминкав, излеговме од собата и влеговме во лифтот. Кога се отворија вратите на лифтот, првото нешто што го здогледав беше мојот сопруг како си ја држи главата со рацете, стуткан во една од фотељите на фоајето. Јас се вкочанив. Погледите ни се сретнаа. Тој стана, лицето ми беше згужвано од бес и солзи. Ме погледна и така се гледавме некое време. Се заврте и си замина.

После тоа јас прснав да плачам, се јавував кај сите пријателки за помош и совет, не можев да се вратам дома. Човекот со кој тукушто ја минав ноќта ми се извини и си замина. Јас се вратив назад во собата од која тукушто излегов и тука преспав.

Подоцна дознав дека јас толку многу чудно сум се однесувала дома, што сопругот се посомневал и се решил да ме следи. Така ме чекал пред барот каде јас се состанав со типот, ме следел и до хотелот и ме чекал да излезам од таму. А јас толку наивна отидов до крај.

Сопругот инстант поведе постапка за развод, ми ги зеде и децата и ме избрка од дома. Толку. А јас станав потсмев на сите што ме познаваа и што не ме познаваа. Ако некогаш слушнете за некоја жена што решила да си фати швалер и на првата средба ја фатил мажот- ете да знаете- тоа сум ЈАС! Знам дека зад мојот грб се шушкаат секакви штосови и анегдоти на моја сметка. Но тоа е. Ја направив мојата најголема глупава грешка и ќе ја плаќам дури сум жива.

Дневен хороскоп

Овен

Овни, внимавајте на деталите и бидете организирани за успешно завршување на задачите. Комуникацијата со колегите ќе биде клучна. Денеска ќе биде поволен ден за романтични состаноци и отворени разговори со саканата личност. Слободно изразете ги вашите емоции. Внимавајте на исхраната и редовно вежбајте за да ја одржите виталноста и доброто здравје.

Бик

Бикови, бидете практични и фокусирани на постигнување на целите. Финансиската состојба ќе се подобри со добро планирање и дисциплина. Очекувајте стабилност во врската и убави моменти со саканата личност. Фокусирајте се на заеднички активности кои ќе ве поврзат. Опуштете се и посветете време на релаксација за да ја одржите менталната и физичката благосостојба.

Близнаци

Близнаци, креативноста ќе ви донесе успех во деловното опкружување. Размислете за нови идеи и соработувајте со колегите. Комуникацијата ќе биде клучна за решавање на сите недоразбирања со саканата личност. Бидете отворени и слушајте внимателно. Одржувајте рамнотежа помеѓу активноста и одморот за да ја зачувате енергијата и виталноста.

Рак

Ракови, фокусирајте се на тимска работа и соработка за да постигнете подобри резултати. Вашите идеи ќе бидат ценети и поддржани од претпоставените. Денеска ќе ви биде важна емоционалната поддршка. Изразете ги вашите чувства и покажете ѝ на саканата личност колку се грижите за неа. Внимавајте на исхраната и редовно вежбајте за да ја одржите виталноста.

Лав

Денеска енергијата ќе ви биде висока, што ќе ви помогне ефикасно да ги извршувате задачите и да постигнете успех. Избегнувајте импулсивни одлуки на работа. Бидете спонтани и романтични со саканата личност. Изразете ја вашата страст и љубов на креативен начин. Активирајте се физички за да го намалите стресот и да го одржите доброто здравје.

Девица

Девици, организирајте се и бидете ефикасни во работата за да ги постигнете посакуваните резултати. Анализирајте ја ситуацијата пред да донесете одлуки. Внимавајте на деталите во врската со саканата личност. Размислете за заеднички цели и планови за иднината. Одржувајте рамнотежа помеѓу работните обврски и времето за одмор.

Вага

Денеска бидете дипломати и решавајте ги конфликтите на мирен начин. Вашите преговарачки вештини ќе ви донесат успех. Хармонијата ќе биде клучна во односите. Обрнете внимание на рамнотежата и правичноста во комуникацијата со вашата сакана личност. Практикувајте лесни вежби и здрава исхрана за одржување на добро здравје.

Скорпија

Скорпии, фокусирајте се на долгорочни цели и стратегии. Вашата решителност ќе ви помогне да ги постигнете посакуваните резултати. Интензивните емоции ќе ја обележат вашата врска. Бидете искрени и отворени во комуникацијата со саканата личност. Одржувајте емоционална рамнотежа и посветете време за релаксација за да го намалите стресот.

Стрелец

Денеска размислете за нови идеи и иновативни пристапи во работата. Вашата храброст ќе ви донесе напредок и финансиска придобивка. Авантурата и спонтаноста ќе ја збогатат вашата љубовна врска. Отворете се за нови искуства со вашата сакана личност. Вклучете се во физички активности кои ве прават среќни за да го одржите доброто здравје и виталноста.

Јарец

Јарци, бидете амбициозни и фокусирани на постигнување резултати. Вашата упорност ќе ви донесе професионален успех. Поставете цврсти темели во врската со саканата личност. Размислете за заеднички цели и долгорочна перспектива. Внимавајте на исхраната и дозволете си да одморите за да го одржите вашето физичко и ментално здравје.

Водолија

Водолии, денеска креативноста ќе ви донесе успех во работата. Размислете за алтернативни пристапи и бидете иновативни.Бидете отворени за промени и експерименти во љубовниот живот. Размислете за нови начини на изразување емоции. Посветете се на менталното здравје и релаксација за да ги намалите стресот и напнатоста.

Риби

Риби, бидете внимателни кога комуницирате со колегите и избегнувајте конфликти. Вашата емпатија ќе ви помогне да постигнете хармонија и на работното место. Интуицијата ќе ви биде важна во љубовните врски. Слушајте го своето срце и следете ги вашите емотивни импулси. Посветете се на духовни активности и медитација за одржување на внатрешниот мир и рамнотежа.

„Сè уште ја сакам таа жена“: Бред Пит не може да заборави поранешна девојка, а таа не е ниту Анџелина Џоли ниту Џенифер Анистон

Бред Пит отсекогаш важел за миленик на жените и за еден од најпосакуваните мажи во светот.

Покрај успешната кариера во Холивуд, Бред Пит можеше да се пофали и со титулата еден од најубавите мажи на светот, а на неговиот шарм не одолеаја бројни светски убавици.

Популарниот актер уживаше во романсата со филмските ѕвезди Гвинет Палтроу, Џенифер Анистон и Анџелина Џоли, но кога е во прашање неговиот љубовен живот, познатиот актер ја издвојува врската со актерката Џулиет Луис.

Џулиет и Бред уживаа во романса пред повеќе од три децении. Двојката се запознала во 1990 година на снимањето на заедничкиот филм „Too Young to Die“, а актерката тогаш имала само 17 години. Бред Пит е 10 години постар од Џулиет и во времето кога се запознале имал 27 години, а една деценија разлика не ги спречила на прв поглед да сфатат дека се еден за друг.

Актерската двојка се забавуваше три години, а врската ја прекинаа на почетокот на 1993 година. Години подоцна, кога се навраќаа на љубовната врска, атрактивната бринета изјави дека холивудскиот заводник воопшто „не е во нејзиниот универзум“, додека Бред Пит во повеќе наврати зборуваше во медиумите за одличното време поминато заедно.

„Сè уште ја сакам таа жена. Таа е вистински гениј. Прекрасно си поминав со неа“, изјави Бред Пит во интервју за „Vanity Fair“ и додаде:

„Тоа беше една од најдобрите врски во кои некогаш сум бил. Проблемот е што растеме со визија дека љубовта победува се, а тоа едноставно не е така, нели?’

Во 1993 година, кога се запознаа, Бред Пит и Џулиет Луис снимија уште еден заеднички филм „Калифорнија“.

Во тоа време, додека зборуваше за нејзината романса со Бред, кој веќе уживаше огромна популарност во Холивуд, Џулиет призна дека Бред и се допаѓал како актер уште пред почетокот на нивната љубовна приказна.

„Се запознавме на снимањето на филмот и почнавме да излегуваме кога заврши снимањето. „Веќе ми се допадна како актер и мора да почитуваш некој што е во истото поле како тебе“, изјави тогаш Луис.

„Ние сме во момент во љубов кога едноставно сакаме да се гледаме секој ден и не ни е досадно кога сме еден со друг, па затоа е навистина, навистина убаво. Исто така, можеме да бидеме заедно кога работиме и разговараме за тоа и соработуваме. Сакаме да работиме заедно повторно и повторно и повторно“, ја опиша својата врска со популарниот актер, Џулиет за Лос Анџелес Тајмс.

Години подоцна, актерката повторно се присети на врската со колегата и истакна дека се надева дека Бред Пит ќе ја најде среќата во љубовта, бидејќи искрено го сака.

„Тој воопшто не е во мојот универзум сега. Ми се чини како да била средношколска врска за мене бидејќи тој сега е толку славна личност. Ја гледам оваа личност со која имам малку заедничка историја. Се надевам дека ќе најде среќа затоа што јас навистина го сакав. Тој е многу лојален, добро момче“, изјави Џулиет Луис за медиумите.

Години подоцна, во 2009 година, актерката истакна дека единствената причина зошто луѓето ја прашуваат нешто за Бред Пит е затоа што тој има култен статус во Холивуд.

„Луѓето ме прашуваат за него само затоа што е толку познат. Ништо не ме прашуваат за мојот поранешен сопруг, иако тоа секако е многу позначајна врска бидејќи сепак бевме во брак“, изјави актерката.

Џулиет Луис беше во брак од 1999 до 2003 година со професионалниот скејтбордер Стив Бур.

Дневен хороскоп

Овен

Овни, ќе имате многу енергија да работите и да ги постигнете своите цели. Бидете отворени за нови идеи и соработка со колегите. Денеска вашата спонтаност и храброст ќе бидат клучни во вашиот љубовен живот. Можни се возбудувања и неочекувани пресврти. Физичката активност ќе ви донесе чувство на задоволство и рамнотежа. Обрнете внимание на исхраната.

Бик

Фокусирајте се на практични задачи и организација на работата. Поставете реални цели и работете трпеливо за да ги постигнете. Стабилноста е клучна за вашиот љубовен живот денес. Посветете се на партнерот и уживајте во заедничките моменти. Ви треба повеќе одмор и релаксација. Посветете се на хоби и активности кои ве исполнуваат.

Близнаци

Близнаци, креативноста ќе ви биде сојузник во бизнисот. Користете ги вашите идеи и иновации за да постигнете успех. Комуникацијата ќе биде клучна за вашиот љубовен живот. Бидете отворени и искрени со партнерот. Одржувајте ментална рамнотежа преку медитација или други техники за релаксација. Внимавајте на исхраната и внесот на течности.

Рак

Ракови, бидете внимателни со новите проекти и соработници. Внимавајте на деталите и бидете организирани. Емоционалното поврзување со партнерот ќе ви донесе голема радост. Посветете се на заеднички активности и разговори. Важно е да се грижите за вашето емоционално здравје. Разговарајте со саканите за вашите чувства.

Лав

Изразете ја вашата креативност и доверба во деловното опкружување. Бидете лидер во тимските проекти. Денеска вашата страст и ентузијазам ќе привлечат внимание. Уживајте во романтичните моменти со саканата личност. Физичката активност ќе ви донесе чувство на моќ и енергија. Јадете храна богата со витамини и минерали.

Девица

Организацијата е клучна за деловниот успех. Поставете приоритети и следете го вашиот работен план. Да се ​​биде аналитички може да ви помогне подобро да го разберете вашиот партнер. Бидете внимателни на нивните потреби и желби. Редовните здравствени проверки се важни. Внимавајте на исхраната и физичката активност.

Вага

Дипломатијата ќе ви помогне во деловните ситуации. Размислете за различни опции пред да донесете одлуки. Хармонијата и рамнотежата се клучни за вашиот љубовен живот денес. Посветете се на заеднички интереси и компромиси. Грижете се за вашето ментално здравје преку релаксација и разговор со саканите. Одржувајте рамнотежа помеѓу работата и одморот.

Скорпија

Скорпии, фокусирајте се на истражување и наоѓање скриени ресурси. Бидете трпеливи во остварувањето на деловните цели. Денеска во вашиот љубовен живот ќе биде присутен интензитетот. Бидете отворени за длабоки емоции и интимни моменти. Одржувајте емоционална рамнотежа преку медитација или други техники за релаксација. Внимавајте на вашите навики во исхраната.

Стрелец

Бидете подготвени за промени и нови предизвици во работата. Искористете ги можностите за учење и напредување. Отвореноста за нови искуства ќе го збогати вашиот љубовен живот. Размислете за авантури со вашиот партнер. Физичката активност во природа ќе ви донесе ментална и емоционална стабилност. Не заборавајте да имате диета со свежа храна.

Јарец

Јарци, посветете се на долгорочни цели и стратегии. Бидете дисциплинирани и упорни во остварувањето на вашите деловни планови. Стабилноста ќе биде клучна за вашиот љубовен живот. Покажете му на партнерот дека можете да бидете поддршка. Грижете се за вашите коски и зглобови преку редовна физичка активност. Ќе одржувате рамнотежа помеѓу работните обврски и одморот за да го зачувате вашето здравје.

Водолија

Иновативноста ќе ви помогне да се истакнете во деловното опкружување. Размислете за нови пристапи и технологии. Оригиналноста и неконвенционалноста ќе го збогатат вашиот љубовен живот. Бидете отворени за нови идеи и авантури со партнерот. Внимавајте на вашето ментално здравје преку дружење со пријателите и хобија кои ве исполнуваат.

Риби

Креативноста ќе ви донесе успех на работните места за кои е потребна имагинација. Бидете инспирирани и работете со страст. Интуицијата ќе биде важна во вашиот љубовен живот. Слушајте го своето срце и внимавајте на чувствата на партнерот. Грижете се за вашата емоционална состојба преку медитација. Одржувајте рамнотежа помеѓу деловните обврски и времето за релаксација.

Популарно