Сведочење на убиецот на Саздо: Не сакав да го убијам, само да видам зошто ме гледа така!

Судењето за убиството на Никола Саздовски продолжи по паузата по барањето на адвокатот на обвинетиот Бесир Беља, Насер Рауфи, кој побара прво да се изврши реконструкција на настанот, а потоа да се врши вкрстено испитување на обвинетите, што беше одбиено од Судечкиот совет.

Прв сведочеше Беља, кој диреткно беше испитан од адвокатот, кој побара обвинетиот да каже дали кога давал исказ во ЈО бил испрашуван во врска со кривично дело убиство или насилство.

-Ме испрашуваа за насилство, односно за кривично дело насилство кое го признав, и за кое сакав да се спогодам со обвинителствотото, рече Беља.

Тој објасни дека критичниот ден околу 3.30 часот ги повикал Јетон и Скендер да одат на кафе или на јадење, па кога се собрале влегле во автомобилот, но не одлучиле каде да одат.

– Носев шорцеви црни или тегет, црна мајца и папучи бидеќи беше жешко. Јетон носеше фармерки и некоја сина мајца, а на нозете не се сеќавам ,а Скендер не се сеќавам како беше облечен. Потоа движејќи се кон автобуската станица ми се причини дека ја видов братучетка ми, па откако ја одминавме станицата застанав со автомобилот. Излегол од возилото и пеш се вратив кон станицата, но видов дека не беше братучетка ми и кога тргнав кон автомобилот го видов Саздовски како ме гледаше провокативно и почуствував како да сакаше да ми направи нешто. Јас му пријдов и му реков „кој си ти што ме гледаш“? Ме опцу и јас го опцув. Почна расправија и го видов Јетон како излегува од автомобилот и тргна кон нас со намера да не раздвои. После дојде и Скендер со истата причина и двајцата влегоа меѓу нас во расправијата. Во турканицата дојдоа и луѓе кои беа наоколу за да не смират и после тргнавме кон автомобилот за да си одиме- рече Беља.

На прашање на адвокатот Рауфи дали некој го удрил Саздовски, обвинетиот рече дека на почетокот имало удари и од него и од Саздовски.

-Кога се тепавме и кога се доближуваа Јетон и Скендер, Саздовски почна да се повлекува и тогаш падна. На местото видов дрво и лисја наоколу, кутија не забележав. Видов дека му се заплеткаа нозете и падна на задниот дел на главата. Откако падна се доближија други луѓе, не пцуеја, а ние заминавме кон возилото. Не забележав дали Саздовски е свесен или не, рече обвинетиот.

Беља рече дека веднаш си заминале, но и дека не забалежал дека некој од нив со нога го газел Саздовски.Кажа дека не му побарале лична карта, но кога му се доближил видел дека држи лична карта во раката.

-Немав намера да го убијам, многу ми е жал за сето ова. Јас само се доближив до него да видам зошто ме гледа така. Не го познавав по лик, го знаев само по име и презиме бидејќи ме има опцуено на Фејсбук. Јас не сум член на „Шверцери“ туку симпатизер. Помеѓу мене и други навивачки групи имало таква случка,тепачка кога ми се пуштија да ме тепаат.

На прашањето на адвокатот на Демири, Беља потврди дека со Скендер и Јетон биле другари од деца и дека секојдневно оделе на кафе.

-Скендер седеше на задното седиште, а Јетон напред. Автомобилот е марка „мерцедес С“ сива боја, јас го возев, а е сопственост на мојот вујко, кој му го даде на татко ми за семејни потреби и порано го користевме. Скендер и Јетон дојдоа да не раздвојат и не видов дека некој од нив го удри Саздовски, рече Беља.

Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една

Гордана Силјановска Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашниот прв круг избори за шеф на државата, победи во 60 општини во земјава, кандидатот на СДСМ Стево Пендаовски освои најмногу гласови три, Бујар Османи од ДУИ во 15, а Арбен Таравари од Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ во по една општина. 

Гордана Силјановска Давковска победи во: Аеродром (51,48 %), Берово (54,92 %), Битола (48,44%), Богданци (49,59 %), Босилево (57,61 %), Брвеница (33,54 %), Бутел (43,91%), Валандово (50,29 %), Василево (60,18 %), Вевчани (56,15 %), Велес (53,57 %), Виница (56,71 %), Гази Баба (53,68 %), Гевгелија (52,62 %), Ѓорче Петров (51,58 %), Градско (64,27 %), Дебарца (57,06 %), Делчево (47, 08 %), Демир Капија (54,77%), Демир Хисар (52,92 %), Дојран (52,58 %), Зелениково (53,35 %), Зрновци (61,15 %), Илинден (62,96 %), Јегуновце (47,49 %), Кавадарци (50,84 %), Карбинци (61,22 %), Карпош (40,82 %), Кисела Вода (57,67 %), Кичево (39,84 %), Конче (57,85 %), Кочани (53,10 %), Кратово (62,84 %), Крива Паланка (47,05 %), Кривогаштани (54,84 %), Лозово (53,09 %), Македонска Каменица (50,96 %), Македонски Брод (55,86 %), Могила (63,48 %), Неготино (49,02 %), Новаци (61,88 %), Ново Село (56,84 %), Охрид (53,89 %), Петровец (59,05 %), Пехчево (53,97 %), Прилеп (51,42 %), Пробиштип (52,03 %), Радовиш (56,34 %), Ранковце (54,34 %), Ресен (47,64 %), Росоман (51,36 %), Свети Николе (57,63 %), Сопиште (49,44 %), Старо Нагоричане (37,59 %), Струмица (47,06 %), Центар (39,98 %), Чашка (32,70 %), Чешиново-Облешево (58,93 %), Чучер Сандево (36,35 %) и во Штип (53,44 %),

Стево Пендаровски освои најмногу гласови во: Крушево (43,02 %), Маврово и Ростуша (44,04 %) и во Центар Жупа (34,95 %).

Бујар Османи победи во: Арачиново (53,51 %), Боговиње (55,33 %), Врапчиште (58,02 %), Дебар (49,88 %), Долнени (32,95 %), Желино (49,45 %), Липково (56,83 %), Пласница (66,91 %), Сарај (55,49 %), Струга (39,38 %), Студеничани (50,54 %), Теарце (41,30 %), Тетово (37,91 %), Чаир (40,65 %), Шуто Оризари (37,11 %)

Арбен Таравари освои најмногу гласови во Гостивар (32,26 %), а Максим Димитриевски во Куманово (22,89 %). 

Времето денес со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Популарно