Доволно причини зошто да имате секс секој ден

Редовниот секс ве прави посреќни, носи долговечност и добро здравје, па зошто тогаш не го практикувате почесто?

Подолу се наведени одлични причини зошто е добро да имате секс секој ден или барем што почесто.

Го намалува стресот, длабокото дишење за време на сексот го намалува чувството на стрес. Исто така, за време на сексот, засилено се лачаи и хормонот на среќа, што е одлично во борбата против депресија. 

Своевидна гимнастика, калориите се топат, а мускулите зајакнуваат. Тестостеронот кој се произведува за време на секс ги прави мускулите и коските поцврсти. 

Го намалува крвниот притисок, сексот смирува, а со самото тоа и го намалува крвниот притисок. 

Го зголемува имунитетот, редовниот секс ги намалува шансите за добивање грип или настинка, поради тоа што за време на сексот се засилува производството на имуноглобинот А кој е одговорен за борба против болестите. 

Допринесува за младолик изглед, сексот три пати неделно може да ве подмлади и за 10 години. 

Ги намалува шансите за добивање рак, редовната ејакулација кај машките ја намалува шансата за добивање на канцер на простатата. 

Ја намалува болката, стручњаците велат дека сексот влијае на намалување на неколку видови на болка, на пример кај луѓе кои боледуваат од артритис. 

Подобар сон, зголемениот број на отчукувања на срцето смирува, а нема ништо подобро за квалитетн сон од опуштеноста. 

Редовен циклус, сексот влијае позитивно на циклусот кај жените, можеби баш поради тоа што го намалува стресот и опушта. 

Еве еден тип на жени на кој мажите никако не можат да одолеат

Неоадмнешно истражување спроведено од едно американска страна, дошло до заклучок дека постои ореден тип на жени кои се неодоливи и привлечни на мажите.

Дури 87 проценти од слободните мажите изјавиле дека со задоволство би излегле со жена која е поинтелигентна и пообразована од нив, а исти процент од ажите не би имале ништо против да излезат со жена која заработуа повеќе од нив.

Речиси половина од испитаниците велат дека се во потрага по амбициозни жени кои градат кариера, додека 86 проценти од нив велат дека би сакале да излезат со жена која зрачи со самодоверба.

Ако сте жена и се уште сами, немојте да се плашите, слободно направете го првиот чекор. На 90 проценти од мажите не би им пречело доколку жена ги повика на првиот состанок.

Сакате да се чувствувате cekcи?

Сакате да се чуствувате секси? Да ви се зголеми самодовербата? Три едноставни чекори ќе ве одведат во таа насока.

НОСЕТЕ ЦРВЕНО

Истражувањата покажаа дека за мажите црвената е најсекси боја, а новата студија на University of Rochester покажува и зошто. Машките учесници во истражувањето, ги оценувале жените како поотвроени за секс кога ја носат црвената боја.

ОТКРИЈТЕ ГИ РАМЕНАТА

Очигледно тие се подеднакво сугестивни како и деколтето. Еден поглед на вашите рамена и мажите помислуваат на вашите гради, а ова е поврзано со нивниот заоблен облик кој ги потсетува мажите на гради, како и впрочем близината.

ОБЛЕЧЕТЕ ВИСОКИ ПОТПЕТИЦИ

Не затоа што некој има фетиш на стапала. Делот од мозокот кај мажите кој испраќа информации за сексуална возбуденост е истиот оној кој ги перцепира и вашите стапала, па толку затоа еден секси пар чевли може да предизвика валкани мисли.

Презервативи кои ја менуваат бојата доколку партнерот има сексуално пренослива болест

Сексот е основата на човечкото постоење. Без секс, никој од нас не би бил тука. Тоа е убава и пријатна активност која им помага на луѓето да се поврзат и да ги зајакнат односите. Сепак, тоа исто така може да доведе до болести. Тоа е причината зошто е неопходно практикувањето безбеден секс. 

Кондомите може да бидат најчестата опција за безбеден секс. Тие се евтини и широко достапни на различни продавници. Штитат од сексуално преносливи болести и спречуваат бременост во 98 проценти од случаите кога се користат правилно.

Кондомите, сепак, не се совршени. И покрај тоа што имаат извонредно високо ниво на успех во спречувањето на ширење на СПБ кога се користат правилно, секогаш постои можност партнерот сè уште да ве зарази со болеста која што ја има.

Три тинејџери од академијата „Исак Њутн“ во Англија смислија брилијантна, но едноставна идеја за нов вид кондом кој ќе помогне во дознавањето дали вашиот партнер има СПБ. Еве како е предвидено тоа да функционира: „Би постоеле антитела на кондомот кои би комуницирале со антигените на сексуално преносливите болести, предизвикувајќи кондомот да менува бои во зависност од болеста. На пример, ако заразениот има кламидија, тој би станал зелен – жолто за херпес, виолетова за хпв и сина за сифилис “.

Тинејџерите кои го создадоа концептот имаат само тринаесет до четиринаесет години во моментот. Тоа е голема кфреативност и стручна подготвеност за таа возраст. Триото освои прво место на американските награди TeenTech во 2015 година, со што добија поддршка за реализација на оваа идеја. Магазинот „Тајм“ објави дека веќе им се пристапиле од производителите на кондоми.

Популарно