ВИДЕО: Гавазова без градник, по танга и во лезбиска поза

Македонската фолкерка, Сузана Гавазова  го промовираше видеото за песната „Намазана“, нејзина втора песна на српски јазик. Во спотот пејачката заведува облечена во секси корсет, намачкана со бои, провокативна и разголена. Фановите и ја пофалија и ја искритикуваа за спотот. Едни ѝ порачаа дека никогаш не била посекси и дека им се допаѓа лезбиската сцена во спотот, а други велат дека наликува на Бебе Реџа и дека е подобро да си тера кариера во Македонија.

„На оваа песна работеа Саша и Ана Диниќ, а видеото го работеше НН Медиа продукција. Песната официјално ја промовирав во емисијата ‘Гранд коктел’ во ‘Гранд продукција’, а во самата емисија испеав и неколку стари македонски песни“, вели Гавазова.

Првата српска песна, „Хало“, Гавазова ја промовираше пред три месеци. Таа неодамна пејачката најави дека ќе сними уште две нови песни, на македонски јазик, и дека тие ќе бидат промовирани околу велигденските празници.

Пристигнаа првите резултати од обдукцијата

Првите резултати од обдукцијата на Шабан Шаулиќ, кој настрада во сообраќајна несреќа во Германија во неделата, покажуваат дека кралот на народната музика починал од последици предизвикани во сообраќајна несреќа.

Како што пишуват во обдукцискиот извештај, кој е објавен утринава во болницата Билефелд, нема назнака дека пејачот починал поради повреди или други околности врзани за сообраќајната несреќа.

„Обдукцискиот извештај не е во спротивност со повредите кои настанале во сообраќајната несреќа. Исто така нема никакви назнаки дека 67-годишниот пејач немал сигурносен појас“ - гласат наводите од полицијата, пренесува српски Курир.

ВИДЕО: Шабан и раскажа на водителката, а 3 години подоцна се случи токму тоа

Пејач во 2016 година зборуваше за проблемот поради кој имал хирушка интервенција.

“Јас не знаев дека таа стомачна аорта не боли. Случајно го открив тоа, односно мојата лекарка која работи во Брза помош го откри. Таа случајно, кога си дојдов од свирка од Париз, ми рече дека има нешто сумливо. Јас дојдов да ме подхраниш, да ми дадеш инфузија, и реков. Но таа сакаше да ме прегледа. Ме одведе кај друг лекар, на кого стомачната аорта му беше сомнителна. Мојата куќна пријателка и лекарка Бранка ми помага многу, секогаш ме вади кога се однесува за здравјето. Целата процедура ја завршува со чашка”, рече Шабан и додаде:

“Видоа луѓето дека тоа не е добро, преноќив в болница, а лекарот требаше да ме оперира. Се ми направија, крв ми земаа 7 пати. Не им дадов осмиот пат, им реков дека се “дракули””, се пошегува пејачот.

“Човекот дојде другиот ден и рече дека тоа не ниту блиску до операција. Јас бев среќен што си одам дома. По една година, стомачната аорта се зголеми, не дај боже може да пукне. Ако сте на операциона маса, нема шанси да преживеете. Имав среќа што не била премногу зголемена, па можеа да ме оперираат. Мојот зет Бата Мирковиќ ги најде сите живи во Италија кои го работат тоа. Ги најде најдобрите. Родениот син не би ми помогнал колку што тој ми помогна. Доаѓаше во болница и кога последната посета завршуваше тој заминуваше на спиење. Цело време беше присутен. Јас добив локална анестезија, ништо не почувствував, комуницирав со сите, а операцијата беше 100% успешна”.

ФОТО: Ана Севиќ откри детали од бракот со Дарко Лазиќ

Пејачот Дарко Лазиќ открил дека тој и Марина, неговата вереница која е бремена, се договориле кое ќе биде името на наследникот кој ќе го роди.

Момчето ќе се вика Алексеј.

Меѓутоа, неговата поранешна сопруга Ана, која во моментов работи на тоа да се врати на музичката сцена, синоќа на својот Инстаграм профил открила интересен детал од бракот со Дарко.

Имено, фановите ѝ поставувале прашања, а таа одговарала.

„Да не си го слушнала името Лорена, како би се викала твојата ќерка?“, гласело едно од прашањата.

„Ава, Алексија, а да беше момче ќе беше Алексеј, но Лорена ги победи сите“, одговорила Ана.

Популарно