ФОТО: Запознајте ја Ина Стефановска - македонската Курникова

Македонскиот бадминтон турнир „Браќа Касабјан" се одржа неодамна во Хасково (Бугарија), мечевите беа на високо ниво, но навивачите останаа најмногу импресиониран од една млада русокоса девојка од нашата земја.

Се работи за Ина Стефановска. 21-годишната убавица е позната по прекарот македонската Ана Курникова.

Таа загуби финалето против Марија Судимац од Србија, но ги натера навивачите да заборават на Никол Шерцингер, понежната половина на најдобриот бугарски тенисер Григор Димитров.

„Спортот е во мојата крв. Сонувам еден ден да настапувам на Олимписки игри и се обидам да освојам медал", вели Стефановска.

Стартната постава на Јувентус „влева страв“

Старата дама е решена да го прекине 24-годишниот пост во Лигата на шампионите и конечно да ја освои титулата што би била трета во историјата на клубот.

Раководството на Јуве за таа цел направи феноменален тим, ги засили позициите кои беа послаби и во новата сезона ќе влезе исклучително силен.

Вака би требало да изгледа стартната постава на торинскиот тим кој под водство на Маурицио Сари не би требало да се помири со ништо помалку од тројна круна.

Видео: Старата дама „го зема“ најдоброто

Еден од најдобрите млади фудбалери во светот Матијас Де Лихт е на медицински прегледи во Торино откако вчера со приватен авион пристигна во Италија на потпис со шампионот во калчото.

Рекорден е трансферот за еден дефанзивец во Европа која има само 19 години и изнесува неверојатни 75 милиони евра.

Де Лихт ги мина лекарските прегледи во еуфорична атмосфера пред ноколку стиотина навивачи на „старата дама“.

(ВИДЕО) Ѓоковиќ по триумфот на Вимблдон: Ја прифаќам поканата и доаѓам во Македонија

Прашан дали вечерва ќе се слави слично како по победата над Полјакот Хуркач, и може ли да се очекува повторно да запее некоја македонска песна и да ги поздрави неговите навивачи во Македонија, Ноле одговори:

“Многу поздрави до Македонија, до Скопје! Ви благодарам многу. Не ми е тука кумот Невен, тој беше соучесник на таа забава, кога пеевме после победата против Хуркач. Ќе видиме какво ќе биде расположението, сега е веќе доцна, децата ќе спијат. Веројатно жена ми и јас ќе запееме некоја балада.

Запрашан од известувачот на Макфакс дали ја видел јавната покана упатена од премиерот на државата Зоран Заев да ја посети Македонија, Ѓоковиќ рече:

“Ја видов поканата и го прифаќам повикот, но не знам кога тоа ќе се случи, но сигурно ќе дојдам во Македонија бидејќи Охрид морам да го видам” – порача вимблдонскиот шампион.

Популарно