Поучна приказна: Зошто туѓата жена секогаш е послатка?

Постои една легенда, според која во старите времиња, Господ од глина направил 10 Адами. На секој од нив, тој му дал различни дарби. Едниот бил одличен столар, другиот земјоделец, третиот овчар… Не поминало многу време, а тие се собрале и отишле кај дедо Боже со молба:

Се  имаме , ама ни фали нешто. Досадно ни е.

Господ се замислил, им дал тесто и им рекол:

Секој од вас нека си нaправи од тестото жена каква му се допаѓа: ниска, висока, слаба, дебела….Јас ќе им дадам живот. Тие ќе ви бидат поткрепа и утеха. Со нив никогаш нема да ви биде здодевно.

Пред да си заминат, Господ им дал кутија со шеќер и им рекол:

Во кутијата има десет вреќички шеќер, секој нека земе по  една и нека ја даде на својата жена за животот да ви биде сладок.

Така рекол и ги оставил да си го поделат шеќерот. Секој од мажите,  зел по една вреќичка и си отишле кај своите жени.

По некое време, Господ се вратил и многу се налутил.

Meѓу вас има крадец! Во кутијата имаше 11 вреќички шеќер, кој од вас зел две?!

Никој не одговорил, сите молчеле со наведнати глави. Господ тогаш ги зел жените, ги помешал и им ги раздал без ред.

Оттогаш девет од десет мажи, мислат дека туѓата жена е послатка, затоа што изела повеќе  шеќер од нивната.  А  само еден од десет мажи, знае дека сите жени се исти, бидејќи тој самиот си го  изел  шеќерот.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно