ВИДЕО: Без цензура - Груевски за годините додека беше премиер, но и за промената на името

Отворени многу прашања, на кои никој досега не дал одговор, стои во најавата на мегаинтервјуто на Инфомакс со поранешниот премиер Никола Груевски.Во шестчасовното интервју, отворено и без цензура, Груевски зборува што се случувало пред, за време на и по заминувањето од премиерската функција.

Гоце Делчев и Илинденско востание се бугарски

Бугарските историчари на дебатата „Чиј е Гоце Делчев?!Уште за оценките на Илинден 1903., 115 години подоцна“ во Софија излегоа со единствен став дека тие им припаѓаат на бугарската историја.

Претседателот на Бугарија од 2002 до 2012 година, Георги Прванов, како автор на предговорот на документарниот зборник „Илинденско-преродбенското востание 1903 година низ погледот на европските дипломати“, порача дека „во Скопје не можат премногу долго да си го градат идентитетот врз лажна историја“. Според него, „како што Македонците покажаа разбирање за грчката историја, така треба да постапат и во однос на заедничкото минато со Бугарија“.

Според академик Георги Марков, неприфатливо е разбирањето во Скопје дека Илинденско востание е големо и може да се раздели на Илинденско за Македонија и Преродбенско за Бугарија.

Заменик-претседателот на заедничката комисија со Македонија за историски и образовни прашања, Наум Кајчев, ги обвини македонските колеги дека се обиделе да ја блокираат дебатата за Гоце Делчев, при што се покажало, како што вели, дека тие не се во состојба да дискутираат за него.

Дипломатот од кариера и бивш амбасадор на Бугарија во Хрватска и во Босна и Херцеговина, Љупчо Трохаров, смета дека бугарскиот проблем е во тоа што 1940 до 1970 година не се знаело што се случува во Југославија, а што во Македонија. Според него, македонизмот бил наметнат од Србите.

Историчарот Светлозар Елдаров од Институт за балканистика при Бугарска академија на науките (БАН), пак, нагласи дека „македонизмот како национално-политичка доктрина за изградба на македонската државност како нација, има целосно антибугарски карактер“.

Стојан Германов, научен секретар на Македонски научен институт, не верува во хепиенд на заедничката комисија, бидејќи во Македонија израснало поколение со табуирано самосознание.

Најодговорно тврдиме дека стручно-медицинскиот персонал е секогаш на висината на работните обврски

Скопската клиника за хематологија изрази сочувство до семејството на Тоше

Илиевски за огромната загуба, кој почина вчера. За негово лекување во странство беа потребни 32.000 евра.

„Го разбираме интересот на јавноста за изгубениот млад човечки живот, но истовремено апелираме до сите да ја почитуваме неизмерната тага на неговите најблиски. Единствено што во овој момент можеме да го соопштиме е дека во конкретниот случај се работеше за пациент заболен од Т- лимфобластен Не-ходгкинов лимфом, кој за жал не реагираше на терапијата предвидена со стандардниот медицинскиот протокол, која се применува како во Македонија, така и во сите останати европски и светски хематолошки центри.

Најодговорно тврдиме дека стручно-медицинскиот персонал е секогаш на висината на работните обврски и целосно посветен на згрижување и лекување на пациентите.

За жал, медицината се уште нема соодветен одговор во одредени случаи на лекување на овој вид болести“, тврдат од Хематологија.

Грубо кршење на изборниот молк: Младите од Штип делат ваучери за бесплатен пијалок со партиски симболи

Првото кршење на изборниот молк кој настапи на полноќ меѓу петок и сабота (19-20 април) мониторингот на ЦИВИЛ го бележи во Штип. Подмладокот на една политичка партија што поддржува еден од кандидатите за претседател на Република Македонија, организира забавен настан во градот, со почеток во 21 часот. Присутните активисти на партијата, по полноќ, во изборен молк, скандираат со името на партијата, а на присутните гости им се делат ваучери за бесплатен пијалок со симболи на партијата што се доведуваат во врска со самата кампања.

Според ЦИВИЛ, ова е грубо кршење на изборниот молк, за што постојат фотографии и видео снимки кои ќе им бидат дадени на увид на институциите, доколку искажат намера да постапуваат по овој случај.

Комплетните податоци, снимките и фотографиите ќе ѝ бидат достапни и на јавноста по крајот на изборниот молк, односно по затворањето на избирачките места в недела, 21 април, 19 часот.

Популарно