ФОТО: „Република Македонија” симнато од зградата на Владата, ќе се монтира „Северна”

Владата синоќа ги симнала буквите „Влада на Република Македонија“ од фасадата на зградата на Владата, најверојатно за да се направи место за „Северна Република Македонија”.

Грција со вербална нота треба да ја извести Република Македонија дека се поминати сите пречки за ставање на крај на деценискиот спор за името.Претходно, Јоргос Катругалос, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, ги појасни следните чекори откако грчкиот Парламент во петокот даде зелено светло за Протоколот за членство во НАТО, а на 25 јануари го ратификуваше Договорот од Преспа и кажа дека од понеделник започнуваат обврските во внатрешноста Македонија да ги промени имињата на улиците, на објектите, на документите што го имаат старото име, како што беше договорено.

Мира Стојчевска: Одговорно тврдам декане сум влијаела за вработување на член на моето семејство

Изминативе денови внимателно ги следев реакциите во јавноста во однос на обвинувањата за непотизам, нешто што е спротивно на мојата определба и заложба за градење на општество кое ќе нуди подеднакви услови за сите.

„Општество кое ќе гарантира еднаквост меѓу граѓаните, независно од нивната партиска, религиозна или каква било друга определба. Тоа е целта за која што се боревме додека бевме во опозиција, тоа е целта на која работиме и сега.

Одговорно тврдам дека, откако сум пратеник, а и претходно ниту сум влијаела, ниту пак имам намера да интервенирам за вработување на член на моето семејство или некој близок роднина.

Тоа е спротивно на моите принципи и етички критериуми.

Сепак сакам јавно да соопштам дека мојот сопруг Ило Стојчевски, кој во Шумска полиција – Сектор Делчево при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како заменик – командир работи од 1998 година, уште на 14. 02. 2019 година побара да биде отповикано временото овластување со кое привремено беше назначен за командир на Шумската полиција – Делчево.

Иако не сум имала никакво влијание во неговото овластување за командир на шумската полиција – Делчево, следејќи ги моите, но и неговите принципи за отчетност пред граѓаните, мојот сопруг, независно од неговото долгогодишно искуство одлучи да се врати на старата позиција заменик-командир во Шумската полиција – Сектор Делчево.

Исто така, сакам да информирам дека и мојот брат Целе Велевски, кој преку Агенција за привремени вработувања беше ангажиран на определен период од пет месеци во РЕК Битола, се откажа од ангажманот.

Иако мојот брат сам одлучува за својата иднина и за иднината на неговото семејство, а неговиот ангажман беше легален, легитимен и во ниту еден случај не беше поврзан одредена политичка партија, тој реши да се откаже од овој привремен ангажман поради неоснованите сомнежи дека јас сум имала некакво влијание при неговото ангажирање, што целосно не е точно.

Верувам дека концептот едно општество за сите и општество кое нуди еднакви шанси за сите, ќе обезбеди развој и просперитет буквално за сите граѓани подеднакво, независно дали припаѓаат на одредена опција или не и независно дали се нечии роднини или не.“

Во обраќањето по Фејсбук, пратеничката не го спомена својот син, кој е вработен во ЕЛЕМ.

(ВИДЕО) Костадинов: Мицковски и Груевски виновни за инцидентот во Шутка

СДСМ смета дека актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и екс лидерот и поранешен премиер Никола Груевски стојат зад инцидентот во затворот во Шутка во кој беа нападнати поранешните министри Миле Јанаиески и Спиро Ристовски. Според партискиот портпарол Костадин Костадинов сакаат со нови насилнички сценарија да ја дефокусираат јавноста од водечката улога на врвот на ВМРО-ДПМНЕ, како осомничен организатор за насилствата на 27-ми април.

- Однесувањето на антизападниот Мицкоски и неговиот театар во болницата 8-ми септември е само уште една потврда за тоа. Особено имајќи предвид дека лицето М.Ј воопшто немало никакви повреди, што е потврдено со прегледот. СДСМ најостро осудува било какво насилство и во таа насока го осудува инцидентот во затворот Шутка.  Нема толеранција за било какво насилство. Благодарение на брзата и професионална реакција на институциите не успеа денешната провокација, смисленото сценарио на Мицкоски и Груевски. Очекуваме сите надлежни институции до крај да го расчистат овој инцидент. Нема да им дозволиме на Мицкоски и Груевски да ја втурнат Северна Македонија во нови кризи и тензии и да ја загрозат иднината на нашата татковина и сигурноста на граѓаните. Насилството ќе се санкционира, а Мицкоски нема да успее, одговороност за нарачателите и реализаторите на крвавиот 27 април мора да има,изјави Костадинов.

Груевски на фејсбук: Немате ниту еден доказ, но еден ден....

Политичкиот прогон против мене и против многумина од ВМРО-ДПМНЕ продолжува.

Малку им е обвинението и незаконската политички нарачана казна затвор дека сум влијаел да се набави блиндирана кола бидејќи сум сакал да бидам награден со тоа што и јас како премиер понекогаш ќе сум бил превезуван во неа покрај странските гости.

Малку им е апсурдното обвинение дека сум барал автопатот Кичево-Охрид да се заврши побрзо наместо побавно оти сум сакал граѓаните да ме наградат со тоа што ќе гласаат за мене на следните избори.

Малку им е обвинението дека наводно сум нарачал шамари кои никогаш никому не биле удрени.

Малку им е обвинението дека сум злоупотребил службена должност со тоа што општината срушила недоизградена класична и подоцна од судот потврдена дивоградба за која и самиот инвеститор признал дека е дивоградба давајќи барање до општината да му се преиначи градежната дозвола и да биде согласно веќе почнатата дивоградба.

Малку им е обвинението каде без еден доказ, сведок против мене или мој потпис ме обвинуваат за неправилно финасирање на партијата оти некој донирал па после дал изјава дека не донирал или дека не се сеќава дали донирал 500 или 1000 евра на партијата.

За сите овие лажни обвиненија за кои уште немам пресуда нарачателите на прогонот проти мене веќе побарале од судот да ми одреди максимална казна затвор од законски можната.

Малку им е тоа.

Сега решиле за почеток да ме осомничат, а потоа и обвинат за непостоечки тероризам.

Очигледно е дека оваа неспособна и недемократска марионетска влада нема друг начин како да ја покрие својата неспособност и своите чекори кои се штетни за државните и националните интереси на Македонија, својот криминал, непотизам и корупција на секој чекор, па мора тоа постојано да го прави преку неправедни осомничувања, обвинувања, судења и затворања на политичките неистомисленици.

Преку лажни спектакли и процеси кои еден ден ќе бидат нивни срам и страв од казна за ова нивно злодело, а дотогаш наша голгота.

По којзнае кој пат ќе повторам.

Ниту сум организирал, ниту сум дал согласност некој да организира насилен упад во Парламентот и физичка пресметка со пратеници.

Напротив, прв од сите политичари веднаш штом дознав побарав смирување на состојбата преку социјалните мрежи бидејќи тој и претходниот ден бев на пат во Виена.

Ги повикувам од ОЈО да ги објават јавно доказите против мене.

Да ги видиме матерјалните докази или какви и да има докази, па макар и некој лажен, нерелевантен или уценет сведок или загрозен осомничен или обвинет во некој случај.

Многу би сакал да ги видам доказите за нешто што не само што не сум го сторил, туку гледајќи како власта го иритира народот, сум стравувал некој друг во такви околности да не го стори тоа, а целата вина и целата негатива да падне на грбот на ВМРО и нејзините членови и функционери.

Сакам јавно да слушнам како тоа од позиција претседател на ВМРО-ДПМНЕ сум можел да влијаам на министерот Нухиу (кого мислам дека не го ни запознав лично а како министер бил прв одговорен за редот и мирот во земјата во која главен настан беа протестите и тензиите во и пред парламентот), или на било кој друг функционер од МВР, во правец како што пишува во соопштението на ОЈО да се намалеле полициските сили пред Парламентот.

Го повикувам ОЈО да ги презентира наводните докази против мене пред цел народ, пред цела јавност. Докази за нешто што не е сторено.

Ајде, не купувајте време, не се вадете на флоскули од типот ,,истрагата е во тек,, или ,,од истрагата ќе произлезе…,, или ,,истрагата е тајна…,, и слични празни флоскули.

Ова не е обичен случај, туку случај кој го следи целокупната домашна и меѓународна јавност и неможе наводните докази да бидат само во вашите фиоки.

Кога знаете после скоро две години од настан за кој непрекинато се зборува во јавноста и за кој дел од осомничените ги каневте на распит, што значи знаеја дека се опфатени во предистрага, да ги притворате за да не влијаеле на сведоци или да не избегале, како божем досега во цели две години да неможеле, тогаш треба јавно да ги покажете и доказите.

За мене знам дека ги немате. А верувам дека и за останатите немате нешто што може да се нарече доказ.

Ако е доволно некој да го обвинете само затоа што подржувал мирни протести, тогаш имате причина да ги уапсите сите политичари во земјата, бидејќи сите некогаш подржувале некои мирни протести, но и речиси цел народ бидејќи најголем дел од народот во различни времиња или околности подржувале некои мирни протести за една или друга работа.

Но, ако обвинувате некого за организирање упад во парламентот и физичка пресметка на пратеници и уште тоа го нарекувате тероризам и барате казна од најмалку 10 години затвор, тогаш за тоа се потребни цврсти, недвосмислени и силни докази и секако нивно јавно презентирање.

Популарно