„Цел свет ми се сруши“

Нена Додевски, мајката на српската водителка на утринска програма Деа Ѓурѓевиќ, вели дека е горда на својата ќерка, која покрај големата несреќа се снаоѓа и понатаму има насмевка на лицето.

-Бев Очајна. Цел свет ми се сруши. Конечно можам да здивнам. Деа е одлично, таа ме бодри мене и ми вели дека се ќе биде во ред. Состојбата ѝ е стабилна иако беше во шок-соба, но за среќа, опасност нема - изјавила мајката на водителката и додала дека најтешкиот период поминал.

Таа вели дека после се е многу горда на својата ќерка за која цела болница има само пофалбни зборови.

-Еден професор ми рече „Што тоа си родила? Таа девојка созла не пушти од моментот кога ѝ се случи се„, рекла мајката на Деа, која е најголема поддршка на својата ќерка.

ФОТО: Вереницата на Дарко Лазиќ се разголе

Свршеницата на Дарко Лазиќ изненади со разголеното издание, кое предизвика доста внимание на Инсатаграм.

Марина, објави фотографија на која е во провокативен костим за капење, додека големиот труднички стомак е во прв план.

„Големо бебе“ напиша идната мама кратко во описот, која доби многу лајкови од оние што ја следат.

Кој ќе го замени Адам Лабунски во „Ѕвездите на Гранд“?

Откако беше објавено дека  македонскиот натпреварувач од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Адам Лабунски, е дисквалификуван од шоуто, а тоа го соопшти неговата менторка, пејачката Марија Шерифовиќ, сега е веќе познато и кој ќе го замени.

Српската музичка ѕвезда на својот Инсатаграм профил откри дека одлуката била на продукцијата, и дека на местото на Адам ќе се вратат какдидати кои тоа го заслужуваат.

Имено,станува збор за  Минел Спановиќ, а освен него Марија ќе му даде златен глас на Армин Јусуфовиќ  за да се врати во шоуто.

Избрканиот Адам Лабунски со своја верзија за инцидентот во Гранд

Кога Адам Лабунски повторно се појави на сцената на Гранд, а по кавгата меѓу него, татко му Ибро и членовите на жирито во Ѕвездите на Гранд, изгледаше дека се ОК и дека страстите се смириле. Но, очигледно само изгледаше така.

По синоќешната објава на Марија Шерифовиќ на Инстаграм и одлуката на Гранд продукција кандидатот Адам да биде исфрлен од понатамошното натреварување, всушност, се покажа дека ништо не се сменило во однесувањето на младиот пејач, кој заради своето надмено однесување беше опоменуван и во претходните шоуа во кои учествуваше.

Марија Шерифовиќ, менторката на Адам, кога се случи првиот инцидент а само затоа што не ја послушал и без нејзино знаење решил да пее друга песна, му се закани дека веќе нема да работи со него. Марија рече, па одрече, но овој пат изгледа веќе нема назад и Адам е во АУТ!

Инаку, откако по првиот скандал се врати на сцената, Адам на жирито му се извини јавно, истото се обиде да го стори и сега, додуша овој обид повеќе наликува на „перење“ и префрлање на вината на другата страна. НО?! Адам по објавата на Марија реши да возврати, демек има со што, па почна да објавува некои приватни преписки и комплиметни од фанови што му стигнувале. Еве ги преписките, па ако разберете јавете ни. Овде нам ни делува како темата да е сосема поразлична. 

Повелете: 

А еве ја и скандалозната кавга со жирито:

Популарно