ВИДЕО: Венецуаела се спрема за војна - Мадуро ја подигна цела војска на нозе

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро го прогласи почетокот на најголемите воено-цивилни вежби, „Двесте години Ангостура 2019“ во историјата на таа земја, во кои учествуваат припадници на редовната војска и резервисти.

Пред почетокот на воените вежби, претседателот стигнал во државата Миранда, која се наоѓа во близина на Каракас, каде изврши инспекција на воените техники, вклучувајчи ги ракетните системи од руско производство.

Воените вежби ќе се одржат од 10 до 15 февруари. Како што соопшти Мадуро тие ќе бидат најголеми во историјата на Венецуела.

Иако венецуелакста војска не е една од најбројните во јужноамериканскиот континент, кога станува збор за воената техника и оружјето, може да се смести, како што оценуваат аналитичарите, во една од најмоќните.

Три бомби во цркци за католички велигден!

Уште две експлозии одекна во главниот град на Шри Ланка, Коломбо, откако беа активирани шест експлозивни направи  во три цркви и три хотели, јави германската новинска агенција ДПА.

Според полицијата една од експлозијата се случи во предградието Деивала, 12 километри јужно од Коломбо. Во овој напад загинаа најмалку две лица.

Во претходните експлозии, на католички Велигден, загинаа најмалку 187 лица, од кои 12 се странци, а над 400 други се повредени. 

ФОТО: Цел свет ги бара

Непосредно пред избивање на пожарот во париската катедрала Нотр Дам снимена е фотографија која ги запрепасти корисниците на друштвените мрежи.

Само еден час пред  разорниот пожар да ја зафати париската катедрала Нотр Дам, татко и ќерка се снимени како весело си играат пред историскиот споменик, а фотографијата после тоа стана вирална.

Фотографијата е снимена пред заоѓањето на сонцето и пред пожарот кој го осветли париското небо, кој беше локализиран околу 3 часот утрината, откако прво го „проголта“ објектот, а набрзо потоа и целиот кров.

Брук Виндзор вели дека снимила фотографија од татко и ќерка кои уживале пред 850 години стариот споменик, кој годишно го посетуваат 14 милиони туристи.

Таткото уште не е идентификуван, но фотографијата веќе заврши во голем број медиуми и веројатно е само прашање на време кога ќе биде пронајден.

ФОТО: Крстот стои исправен по големиот пожар во Нотр Дам

Пожарот во катедралата Нотр Дам е ставен под контрола  во 3 часот утрово, по осумчасовната огнена стихија, соопшти противпожарна служба на Париз.

Пожарот кој со тага го гледаше цел свет, брзо се распламти, изгоре главната кула, која потоа се урна, а набрзо и целиот покрив по неа.

Во пожарот еден пожарникар е тешко повреден.

Во вантрешноста на катедралата денеска, крстот стои исправен.

Популарно