Кои се луѓето од кои Судиите се „плашат “?

Од страна на Oбвинителството нема да биде покрената постапка против  функционерот на ДУИ, Бекир Асани, кој пред една година ја нападна полицајката Јасмина Јаначкова, која заедно со пајак-службата се обидела да го крене неговото непрописно паркирано возило. Oбвинителот констатирал дека кривичното дело напад врз службено лице не може се гони по службена должност и ја затворил постапката против Асани, пишува А1он.

Во рамките на постапката беа сослушани оштетената и пријавениот, како и тројца други сведоци на настанот. Од ниеден вербален исказ, вклучувајќи ја и оштетената, надлежниот јавен обвинител не доби потврда дека пријавениот физички ја нападнал“, велат од Обвинителство за „А1он“.

Според Обвинителството, немало докази дека полицајката Јаначкова била нападната, а притоа не постоела сериозна и остварлива закана кон неа ниту, пак, физички контакт за Бекири да биде гонет за физички напад. Од снимките што „А1он“ преку барање за пристап до информации ги побара, но Обвинителството одби да ги даде, обвинителот утврдил дека нема физички контакт меѓу Асани и Јаналкова.

Таква потврда не е добиена ниту по прегледувањето на прибраниот видеоматеријал од безбедносните камери на локацијата каде што се случил настанот и снимките од комуникацијата по радиоврска преку службениот систем на полициската службеничка, додаваат од Обвинителсто.

Асани кон Јаначкова упатил само навреди и вулгарности со цел да ја омаловажи, заклучил надлежниот обвинител. Па, така, против него е поведена само прекршочна постапка за нарушување на јавниот ред и мир и треба да плати глоба од 600 до 800 евра.

Асани пред 5 години ја предводеше групата што се обиде да го искрши споменикот на цар Душан на мостот „Око“, а самиот со голем чекан удирал по споменикот. Асани во 2008 година физички го нападнат новинарот Лирим Дулови во зградата на македонското Собрание. За него МВР има регистрирано неколку инциденти. Министерството го сомничи за напад на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, во март 2016 година по неуспешниот обид да се стават темели на крст во Бутел. Функционерот на ДУИ пред три години бил уапсен во Србија за сообраќаен прекршок. За него медиумите пишуваа дека му се заканувал на сегашниот премиер Зоран Заев дека доколку се појави некој од прислушуваните разговори меѓу функционери на ДУИ, ќе биде лошо.

Уапсен познатиот актер Сергеј Трифуновиќ

Познатиот актер Сергеј Трифуновиќ е уапсен вечерва во Белград, во населбата Вождовац, јавуваат српските медиуми.

Полициски инспектори кај актерот нашле неколку грама недозволена супстанца.

Трифуновиќ бил приведен околу 20 часот и тоа додека купувал дрога од познаник.

Уапсен е и мажот кој бил до Трифуновиќ.

Почина познатиот македонски моторџија

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи.

– Почина Тони Шипка, човек кој имаше големо срце и беше голем другар. Тони беше член на LOWLANDERS MC MACEDONIA. Сочувство до семејството и клубот, до неговите пријатели и блиски. Ќе ни фалиш Тони! Почивај во Мир, стои во објавата.

Погребот ќе се одржи утре на гробиштата во Ѓорче Петров.

Украле цел сеф со пари од менувачница во Чаир

Вчера до СВР Скопје стигнала пријава дека непознати лица влегле во менувачница во Чаир и одзеле сеф кој бил полн со пари. Возилото со кое е извршена кражбата е пронајдено подоцна на паркинг исто на територијата на Чаир.

„На 17.04.2024 во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки. По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“.

Популарно