СДСМ тоне и Најчевкса бара оставки!

Јавноста бурно реагира на скандалозната изјава на министерот за информатично општество и јавна администрација Дамјан Манчевски, со која го поткопува мерит системот за вработување во државните институции.

Манчевски денеска ги праша новинарите, по 10 години дискриминација каде сега да се вработуваат членови и симпатизери на СДСМ?

Оваа изјава предизвика остри реакции, а меѓу најгласните е професорката Мирјана Најчевска, која бара итно разрешување.

Ова човече под итно треба да биде разрешено од министерската функција. Со оваа изјава тој заговара партизација на администрацијата и го руши и самиот поим на професионалност и на мерит ситем. Оставка за секој вмровец преоблечен во кожа на СДСМ. Нека оди да научи да чита и пишува па после можеби ќе стигне и до читање на законите и до членот 3 од ЗАКОНОТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА И РАБОТА НА ОРГАНИТЕ НА ДРЖАВНАТА УПРАВА“ Органите на државната управа своите надлежности утврдени со закон ги извршуваат врз основа на начелата на законитост, одговорност, ефикасност, економичност, транспарентност, еднаквост и предвидливост.“ Можеби (само можеби) тогаш ќе дознае кои се неговите должности како министер, напиша Најчевска на Фејсбук и доби голема поддршка од граѓаните.

Инаку Манчевски денеска изјави дека 10 години сите членови на СДСМ биле најдискриминирани граѓани во државата со тоа што им било забрането да се вработуваат во јавен и приватен сектор и додава дека ова е факт.

Денеска е чудно што било кој симпатизер на оваа власт се вработува и во јавни институции. Каде да одат овие луѓе, треба да ја напуштат државата… Сега има Антикорупциска комисија и сето она за што се смета дека е проблематично, треба да се поднесе претставка и да се одлучува по неа, изјави Манчевски.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно