Безживотно женско тело денеска е извлечено од водите на реката Вардар

Безживотно женско тело денеска е извлечено од водите на реката Вардар во Горно Лисиче, дознава КУРИР.

-Во 13,10 часот од водите на Вардар кај железничкиот мост во с.Г.Лисиче, извлечено e женско тело од екипа од БППЗ, информираат од МВР за КУРИР.

Се работи на утврдување на идентитетот на пронајденото тело.

Лидер: По братучедот и адвокатот на премиерот влегува во бизнисот

Личниот адвокат на премиерот Зоран Заев, Ване Андреев, е еден од сопствениците на  „Канабис ОНЕ Доо Струмица“, нова компанија за производство на канабис за медицински цели, објави Економски лидер.

Покрај Андреев, во сопствеништвото на компанијата се јавуваат и компанијата „Летерс ДОО – Ресен“, Зоран Јанев, Крис Алман од САД, Славчо Васков – Пинда, како и Сара Еленова од Кавадарци.

Економски лидер тврди дека Заеви се сопственици на една од осумте лиценци за одгледување на канабис, преку компанијата „МАМ“, која е во сопственост на братучедот на премиерот Трајче Заев, а дел од управните структури е и неговиот брат Вице Заев.

Нема траги на насилстбо на телото на момчето

Утврден е идентитетот на младиот гостиварец чие безживотно тело утрово околу 10 часот, беше извлечено од водите на Вардар, меѓу селата Форино и Чегране.

Според информациите од СВР Тетово, станува збор за 20-годишниот Ј.М.

Полицијата информира дека откако неговото тело било извлечено од реката, лекар ја констатирал смртта, а првично не биле констатирани траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

ФОТО: „Летале орли“, неколку дена подоцна полицијата ги уапсила!

Пекари Албанци од панчевачкото село Долово летале орли, а фотографиите ги објавиле на интернет. Но, за разлика од Македонија, које го проголта и пеењето на албанската химна во Собранието, Србија им испратила полиција. Во текот на вчерашниот ден во нивните домови полицијата извршила претрес, при што не биле пронајдени оружје и други инкриминирачки предмети, пренесуваат српските медиуми.

Соселани тврдат дека освен што објавувале фотографии од разлетани орли, стоеле и пред куќите со две пушки.

Српската полиција ќе ги гони пекарите за провокација.

Популарно