ФОТО: Бал на свечености или дружба на тинејџери?

Матурските забави само што не започнале, а македонските прослави не се поместиле од место со години. Дали да направиме промена и да се огледаме на американските трендови?

Блогер од Америка раскажува како изминале повеќе од десетина години од неговото матурирање, а тој сѐ уште игра тинејџерски игри кога присуствува на матурска прослава.

"Не можам да верувам дека тоа е повеќе од десет години откако дипломирав на колеџ. Лудо нели? Тоа ме тера да се чувстувам стар, а јас сакам да се преправам дека не сум. Пред десет години никогаш не можев да замислам дека би можел да бидам блогер кој споделува ваков тип на игри со светот, но еве ме тука сум. Бидејќи моето дипломирање беше толку одамна, овие игри ги играв со моето семејство за матурирањето на сестра ми, минатата година."

Овие креативни и забавни игри се совршени за средношколски или колеџ забави. Ваквиот тип на стилски игри се наречени "Минута да победиш" и во зависност од бројот на гости кои присуствуваат на матурата, постојат различни начини на кои можете да ги играте. 

Предлог листа за матурски игри:

1. Музикални партнери

Ова е една од најдобрите игри за матурска забава затоа што можете да ги натерате сите да танцуваат. Започнете со еден пар на подиумот. Запрете ја музиката и двојката мора да се подели и да одбере некој друг за да танцува. Едноставно повторете го ова дур не се исполни подиумот.

2. Позната личност

Секоја личност мора да дејствува како позната личност, а другите гости мора да погодат кои се тие.

3. Која е лагата?  

Секој мора да каже за себе три факти, од кои едниот ќе биде лажен. Целта на играта е во тоа што остнатите треба да ја препознаат лагата.  

4. Талент шоу

Првенствено потребно е да се пригушат светлата. Потоа, од една кутија се влечат ливчиња на кои се испишани разно разни предизвици. Личноста која е избрана да го презентира својот талент потребно е да го исполни предизвикот напишан на листот. Предизвиците опфаќаат широк опсег од караоке шоу, стенд-ап комичари, танцување како холивудска ѕвезда до имитации на познати личности и слично.

5. Избор за најкул матуранти на вечерта 

Во овој тип на игра поставени се кутии на влезот од ресторанот каде што се случува прославата, а матурантите во текот на целата вечер гласаат за тоа кој аутфит најмногу им се допаѓа. Може да бидат изгласани и најкул професори и професорки на матурската вечер. Мора да биде изгласан и најкул аутфит и за матурантките и матурантите одделно. На крајот на вечерта се бројат гласовите, а победниците играат валцер или друг вид на танго.

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Популарно