Во која земја е денесена одлука „ за забрана на продажба на порно списанија“ во супермаркет?

Неодамна во Јапонија два водечки синџири супермаркети ќе ги тргнат магазините за возрасни од полиците, заради претстојното светско првенство во рагби, а и заради олимписките игри.Додека Јапонија се занимава со ревизија на својот јавен имиџ, предвидувајќи рекордна година која се во прашање туристичките бројки, маркетите поминуваат низ сопствен процес на прочистување.Имено, маркетите „Севен-елевен“ и „Лосон Инк.“ ги тргнаа од своите полици порнографските материјали за продажба.„Севен-елевен“ е прв синџир кој изјави дека повеќе нема да складираат вакви магазини, најмногу поради тоа што супермаркетите станале важна локација која ја посетуваат семејства, а претстојните спортски случувања се одлична прилика за промена на сликата за полноќните драгстори.„Лосон Инк.“ исто така, донесе одлука да престане со продажба на порнографски содржини во речиси сите 14 илјади драгстори.Инаку, во Јапонија порнографија може да купат само лица постари од 20 години, а магазините се лесно достапни - може да се купат во киосци и во продавници, па со самото тоа културата на секс и нејзината јавна достапност во Јапонија може да биде голем шок за странските посетители.

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Многу сте незадоволни и загрижени со ситуацијата на финансиско поле. Со своето однесување уште повеќе го поттикнувате партнерот да се сомнева во вашата верност. Можни се проблеми со алергиската реакција.

БИК

Незадоволни сте со ситуацијата на деловно поле поради ненадејните проблеми и трошоци. Нее поволен ден за нова врска, може да бидете прилично разочарани. Бидете воздржани уште некое време. Зајакнете го имунитетот.

БЛИЗНАЦИ

Сѐ уште не сте задоволни со ситуацијата на деловно поле. Како ништо да не оди во склад со вашите очекувања. Водите инат. Ни вие ни партнерот не сте подготвени да попуштите. Не претерувајте. Без поголеми проблеми.

РАК

Внимавајте како ги бирате соработниците за да не се каете подоцна. За тоа е потребна трпеливост и упорност. Осамени сте. Потребен ви е некој да ја подобри атмосферата. Болки во долниот предел на стомакот.

ЛАВ

На финансиско поле нема место за нови грешки. Можна е шанса за добивање хонорарна работа. Ако сакате да го задржите моменталниот партнер, потребно е да бидете спремни и на жртвување. Многу е важно да ја подобрите кондицијата.

ДЕВИЦА

Сѐ уште не сте доволно прилагодени на промените кои се случиле на работа. Мора да се опуштите и да прифатите дека немате контрола над туѓите одлуки. Минливи болки во грлото. Пијте чаеви.

ВАГА

Наскоро би можеле да добиете поволни вести од страна на фирмата во која сте конкурирале. Сепак, бидете внимателни. Не може да дочекате од партнерот да го слушнете неговото мислење во врска со вашите идеи. Внимавајте во сообраќајот.

ШКОРПИЈА

Новата работа не ви ги донесе резултатите кои ги очекувавте. Тоа ви носи дополнителна нервоза во животот. Не е во ред секаде и на секое место место отворено да флертувате. Повлечете рачна кочница. Проблеми со белите дробови.

СТРЕЛЕЦ

Ако сакате да постигнете успех на деловно поле потребно е да бидете максимално фокусирани. Бројните искушенија кои ги имате само ќе послужат да ја тестираат вашата посветеност кон моменталниот партнер. Проблеми со бубрезите.

ЈАРЕЦ

Иако моментално од некои работи немате преголема корист, профитот ќе дојде кога најмалку се надевате. Не го притискајте партнерот дополнително бидејќи и без тоа е нерасположен. Чувствителен нервен систем. Обидете се да се опуштите.

ВОДОЛИЈА

Секоја дополнителна задача за вас претставува нов предизвик со кој сте подготвени да се соочите. Покрај себе имате партнер кој ве разбира и добро ја познава вашата природа. Лошо расположение, иако немате причина за тоа.

РИБИ

Упорно се обидувате со нови потези и тактики, но како ништо да не дава резултати. Потребна ви е личност која ќе разбере низ што поминувате на деловно поле и која ќе ви даде поддршка. Во добра форма сте.

Ова се трите хороскопски знаци кои имат силна интуиција

Интуицијата е нешто што многумина од нас го чувствуваат, но не можат да го разберат. Сите ја имаме оваа моќ, но само малкумина можат да го разберат тоа „знаење“.

Многу често ја игнорираме нашата интуиција и се сомневаме во неа. Може да се случи и да мислиме дека чувствуваме интуиција, а всушност да станува збор за нешто друго.

Можеби е тешко да ја идентификуваме нашата интуиција, но хороскопските знаци имаат решение за ова.

Нашиот хороскопски знак има неколку индикатори кои ја дефинираат интуицијата. Ова најчесто е поради поврзаноста помеѓу Плутон, 12-тото поле и Нептун.

Моќта на интуицијата, ако правилно ја користиме, може да ни помогне да ги донесеме правилните одлуки, но потребен е разбуден ум за да стигнеме до неа.

Овие хороскопски знаци имаат најдобра интуиција:

Риби

За духовните Риби секогаш важи размислувањето: „Чувствувам, значи постојам“. Интуитивните Риби можат да ги предвидат работите во нивните соништа. Исто така можат да го пронајдат вистинското значење на некои настани кои другите ги игнорираат. Внатрешниот мир им е од голема важност на Рибите и ако не го пронајдат може да почнат да прават штета. Но ако Рибите успеат да го задржат својот фокус, можат да доживеат вистинско просветлување. Што и да прават, тие се водени од својата интуиција.

Скорпија

Скорпиите можат да погледнат низ секого. Лесно можат да сфатат што мислат другите за нив. Тие длабоко ги искусуваат сите работи и знаат што ќе се случи. Но, нивната љубов кон опасноста ги тера да ја игнорираат интуицијата и да преземаат ризици, особено кога станува збор за романтични врски.

Стрелец

Стрелците имаат сè што ѝ е потребно на една личност да биде интуитивна. Но, за да ја применат оваа интуиција, Стрелците треба да се концентрираат на нивната внатрешност и да бидат духовни. Треба да работат на нивниот потенцијал, а ако го направат ова правилно, ќе се спасат од непријатни ситуации. Стрелците можат да ги идентификуваат добрите и лошите ситуации, но луѓето со овој знак многу често го игнорираат ова. Потребен им е внатрешен мир за да го интерпретираат светот.

Популарно