Османи: Зарем од фамилијата ќе не чекаат да ги завршиме политичките кариери за да се вработат

Вицепремиерот Бујар Османи во вечерашното гостување на телевизија 24 објаснуваше што значи непотизам.

Непотизам е искористување на својата политичка моќ за вработување роднина која не ги исполнува критериумите. Непотизам не значи вработување на било кој од фамилијата. Тоа нема логика. Сите функционери имаат роднини.

Јас имам 100 братучеди од прво и второ колено. Дали тоа значи дека во наредните години никој од нив не треба да се вработи? Има девијации, да, тие треба да се испитаат, но тоа да не биде лов на вештерки и правење шоу.

Не очекувајте дека нашите семејства ќе не чекаат нас да ги завршиме нашите политички кариери за тие да продолжат со нивните кариери. Ако Антикорупциска утврди дека се прекршени законските норми и креитериуми при некое вработување, тогаш тие ќе се повлечат по силата на законот, а не по етички норми, рече Османи.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно