Лепа Брена призна дека била кај Баба Ванѓа и откри што ѝ кажала

Денес е најголема балканска ѕвезда, а ваква иднина и судбина ѝ предвидела и Баба Ванѓа.

Лепа Брена своевремено ја посетила Баба Ванѓа, кај која одеа бројни јавни личности кои сето тоа го држеа во тајност.

-„Ќе се омажиш за човек во бело. Ќе живееш во складен брак, но само ако не избереш сопруг странец“. Прво што ми падна на памет дека тоа ќе биде доктор, бидејќи мојот татко беше медицински работник, па тоа некако ми дојде прво на памет. Бело одело, бела униформа, рекла Брена и додала:

„Не бев многу одушевена, бидејќи не можев да замислам да патувам по светот, а тој да работи во некоја болница. Подоцна сватив дека бел спорт е тенисот, има бела униформа. Мислев дека ќе налетам на некој доктор, аптекар или можеби фурнаџија, а се појави тенисер во бел комплет. Кога го сретнав Бобо, ми се бендиса неговата спонтаност и искреност”.

ФОТО + ВИДЕО: Карлеуша со наведната глава пред публиката на настап

Јелена Карлеуша им се пожали на фановите со голема болка дека 41. роденден ќе го дочека без најсаканото суштество, алудирајќи на загубата на својата мајка Дивна Карлеуша.

Меѓутоа, во Врњачка Бања ја дочекало изненадување на кое не се надевала.

Имено, публиката го скандирала нејзиното име и роденденската песна, а Јелена само ја спуштила главата пред максата покажувајќи поклон и благодарност за убавиот гест.

Вистинско изненадување било коа момче се качило на сцената да ѝ донесе торта со свеќи.

ФОТО: Катарина Шишмановиќ денес ужива целосно во животот

Српската водителка Катарина Шишмановиќ остана запаметена како водителка на емисијата чија глеавна тема беше љубовта - „Се за љубовта“ (Sve za ljubav).

Сепак и самата помина низ разделба после долгогодишна врска, а потоа и се повлече од малите екрани. Времето го користела за да патува, а за тоа сведочат и нејзините фотографии на Инстаграм.

Атрактивната бринета со фотографирала на најубавите места, а мажите не останале рамнодушни на овие глетки. Таа се посветила себеси и на уживањето.

ВИДЕО: Луна Џогани ја објави првата песна, фановите веднаш и порачаа само два збора

Ќерката на Анабела Атијас по излегувањето од реалното шоу „Задруга 2“ каде победи и освои повеќе од 100 илјади евра реши да сними песна и да стане пејачка.

По стапките на својата мајка Луна Џогани сними песна во студиото на Дарко Димитров во Македонија, а денеска го промовираше и својот спот за истата.

„Деветти круг“ веднаш наиде на лавина коментари на нејзиниот Јутјуб канал, но и Инстаграм каде пејачката ја споредија со Анастасија Ражнатовиќ која исто така стана пејачка по стапките на својата мајка.

„Дали тоа ја копираш Анастасија, бледа копија“, се само дел од коментарите.

Инаку таа во минатото говореше дека Анастасија Ражнатовиќ не е ниту близу до неа и дека не мисли дека ја копира ќерката на Цеца.

Видео спотот од нејзината прва песна можете да ја слушнете во продолжение.

Популарно