Катица Јанева останува без работа: Странец ќе застане на чело на СЈО?

На денешниот состанок нпомеѓу  премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе бидат отворени три прашања, според извори на Алсат од страна на опозициската партија. Првиот е дека изборите ќе бидат спроведени во демократска атмосфера и без полнење на кутии. Власта ќе треба да го прекине вработувањето пред изборите, но и отпуштање од работа и зaплашувaњeтo во јавната администрација. Исто така, ќе биде потребно да се прекине поделбата на државно земјоделско земјиште, кое е во тек. Од ВМРО-ДПМНЕ за Алсат вела дека дојде до полнење на гласачките кутии на денот на изборите, како што тоа го правеле на референдумот, истиот ден тие ќе излезат на бојкот и нема да ги прифатат изборите.

Второто прашање кое се очекува да го отвори Мицкоски е поврзано со реформските закони. Клучот ќе биде реформата на тајните служби, која е во тек. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека постоечките законски решенија дополнително овозможуваат неовластено гонење и надзор над граѓаните од страна на новите безбедносни агенции. За ова прашање, ќе се инсистира на решение кое ќе го спречи ваквиот начин на делување.

Третата точка е судбината на СЈО. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека до септември има доволно време работните групи да најдат најоптимално решение за функционирањето на СЈО. Според ВМРО-ДПМНЕ, нема пречка ова Обвинителcтвo да стане дел од редовното, но главниот услов е да се сменат тековните персонални решенија. ВМРО-ДПМНЕ не ја исклучува можноста на специјален јавен обвинител од странство кој во иднина нема да ја истражува коpyпцијата само на актуелните политичари, туку ќе отвори случаи и зa вмешаност во kpиминал на политичари од минатото. Ќе биде предложено СЈО да отвори случаи кои не се разјаснети веќе неколку децении, како што се Штедилницата ТАТ и голем број други случаи од транзицијата. Не ce исклучуваат персоналните промени во СЈО и  можноста за избор на странските обвинители.

Приватните специјализанти четврти ден на штрајк

Штрајкот на приватните специјализанти продолжува и понатаму. На денешниот, четврти ден од генералниот штрајк, беше изразена осуда за притисоците што ги имаат од клиниките и од постарите колеги специјалисти.

Доктор Христина Илиоска Чешлароска, специјализант по интерна медицина, трета година, рече дека сака да ги охрабри сите колеги приватни специјализанти, да не подлегнат на притисоците од клиниките и да издржат во оваа нивна борба.

– Со оглед на тоа дека Министерството за здравство и министерот немаат слух за нашите барања, односно се изјаснија само за последното трето барање за решавање на нашиот статус, свесни сме и знаеме дека е тоа долг процес и нашиот статус нема така лесно и брзо да се реши, додаде Илиоска Чешлароска.

Таа појасни дека затоа сакале веднаш да се остварат првите две нивни барања, покачување на месечниот надоместок и воведување на здравствено осигурување. Притоа, истакна, дека со оглед на тоа што тие две барања за кои барале итно да бидат решени, не биле решени, тие ќе продолжеле со нивниот штрајк.

-Бидејќи министерот очигледно нема слух и не гледа дека ние штрајкуваме, во понеделник, во пет до 12, пред Министерството за здравство, повторно ќе се собереме на протест, под мотото, „Пет до 12 за македонското здравство“. Со тоа сакаме да упатиме јасна порака до Министерството за здравство и до целата држава. Затоа што, доколку овие 400 приватни специјализанти не ги добијат своите барања, јас сум сигурна дека на половина од нив, веќе, во некој ќош дома им стои куферот и чекаат само да го спакуваат и да заминат, подвлече Илиоска Чешлароска.

На новинарско прашање, таа одговори дека до сите катедри упатиле барање за поддршка. Јавно се заблагодари на професорката од Медицински факултет, инаку од клиниката за ревматологија, што вчера им даде поддршка. (МИА)

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека за 18.4.2023 година се создадени услови за испорака на топлинска енергија.

Оваа информација е во согласност со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 11˚С за 18.4.2023 година од Управата за хидрометеролошки работи. Снабдувањето со топлинска енергија во согласност со регулативата по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена до 30 април во зависност од временските услови, велат од ЕСМ.

Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите по 15 април секојдневно ја носи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ако се исполнети условите за снабдување со топлинска енергија, односно доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12°С според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на РСМ, се додава во соопштението на ЕСМ.

Изнемоштените и болните до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

Изнемоштените и болните лица до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори закажани за 24 април.

-Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице) а сака да гласа за тоа ќе ја извести ОИК најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање, 16 април, 24:00 часот, се посочува во роковникот на Државната изборна комисија.

Од ДИК информираат дека немоќните или болните лица гласаат во нивните домови еден ден пред денот определен за одржување на изборите.

-Ова гласање го спроведува избирачкиот одбор надлежен за спроведување на гласањето за избирачкото место каде припаѓаат овие лица, на 23 април (вторник), се посочува во Роковникот на ДИК.

Кампањата за претседателските избори завршува на полноќ на 22 април.

Популарно