Македонците во „странство“ не го прифаќаат новото име

Фудбалската репрезентација на Македонија и гостува на Словенија во рамки на квалификациите за ЕУРО 2020. Натпреварот ќе се игра во Љубљана на 24 март, на стадионот Стожице, а рекламни плакати веќе има низ некои градови на Словенија. Меѓу нив и во еден од најфудбалските градови во оваа земја, Марибор.

На рекламните плакати кои го најавуаат натпераворот, на кои стои „Нашето срце бие за Словенија“ (во превод по Заев би било „Ми се чукамо у градима за Словенију“) нашата репрезентација е најавена како „Северна Македонија“.

Но, еден Македонец, секаде каде што можел, со лепенки и жолта лента ја покривал „Северна“ низ рекламните паноа во Марибор. Тој, неговата работа си ја завршил. Фотографиите кои ги доби „Денешен“ се доказ за тоа.

ВИДЕО: Под казна ја натера својата 10-годишна ќерка да пешачи 8 километри до училиште

Татко од Охајо одлучил да и одржи лекција на својата 10-годишна ќерка откако била исфрлена од училишниот автобус.

Имено, проблематичното девојче неколку пати ги малтретирало врсниците и два пати е исфрлена од автобусот поради непримерно однесување. Првиот пат таткото и излезе во пресрет и ја возел од училипте до дома, но кога се повторил инцидентот, одлучил дека неговата ќерка конечно мора да сфати дека нејзиното однесување кон другите деца е неприфатливо.

„Ова слатко девојче е мојата 10-годишна ќерка која веќе втор пат е исфрлена од училишниот автобус поради злоставување на други деца“, ја почна таткото приказната.

Наместо да ја кара, по исфрлањето од автобусот, ја следел со автомобил на пат до дома, за да биде сигурен дека безбедно ќе си дојде, сакајќи воедно таа да научи лекција, односно дека никогаш повеќе нема да го толерира нејзиното претходно однесување и дека секој пат ќе мора да ги сноси последиците.

Девојчето мораше да бира - или ќе се однесува убаво или секој ден ќе пешачи по 8 километри од куќата до училиштето и назад.

„Многу родители можеби нема да се сложат со ова, но јас го правам она што чувствувам дека е правилно за мојата ќерка да научи лекција и да престане да ги малтретира другите деца!. Деца, ако го гледате ова, ве молам, никој не смее да малтретира други деца“, вели овој татко.

Видеото е поставено пред 4 месеци на социјалните мрежи, а само на Фејсбук е прегледано повеќе од 22 милиони пати.

Зошто никогаш не се наздравува со вода?

Сите сакаме да се веселиме и да наздравиме со семејството или со добро друштво, и сите го знаеме верувањето дека со вода не се наздравува, а приказната позади ова верување е страшна.

Коренот на овој обичај е во античкото време, поврзан со верувањето за душата и подземниот свет.

Кај старите Грци се верувало дека душата кога го напушта овој свет поминува пет реки на другиот свет, а на првата пие вода за да го заборави претходниот живот и страдањата во него.

Во оваа грчка легенда лежи верувањето дека не се наздравува со вода.

Се поместуваат стрелките на часовникот

Доаѓа летното сметање на времето, денот се зголемува, а часовникот оди напред еден час.

Во последниот викенд месецов, ноќта во 2 часот меѓу 29 и 30-ти март почнува летното сметање на времето.

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот. 

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

Европските земји сега се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика од следната година.

Со 384 гласа „за“ пратениците во Европскиот парламент изгласаа укинување на летното и зимско сметање на  времето, додека против укинување гласаа 154 европски пратеници. 

Барањето за укинување на поместувањето на стрелките на часовниците го покрена Европската комисија во Унијата поради повеќе докази за негативно влијание од праксата. Освен негативно влијание врз човековиот биоритам, ваквата пракса доведува и до зголемен број сообраќајни несреќи, но и пад на продуктивноста на работното место.

Летното и зимското сметање претходно е укинато во Русија, Турција, Белорусија и Исланд.

Популарно