ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО од нападот во Нов Зеланд: Терористот снимал додека ги убивал верниците!

Напаѓачот на џамиите во градот Крајстчрч на Нов Зеланд уби најмалку 49 лица, додека над 50 се повредени. Во врска со случајот се уапсени четири лица, а меѓу нив и напаѓачот. Во возилата на приведените, меѓу кои иу една жена, пронајдени се експлозивни направи.

На местото на настанот веднаш беше испратена и војска, која ги деактивирала експлозивните направи.

Брентон Тарент, 28 години од Австралија – така се претставил напаѓачот на Фејсбук, кој целиот настан во живо го стримал на таа мрежа, но и на Твитер и Јутјуб. Станува збор за белец, облечен во маскирно одело со кацига со камера на неа, преку која го пренесувал масакрот.

Американскиот сајт „Дејли бист“ претходно објавил манифест на форумот „8чен“ близок до екстремната десница, објавил многу „мемови“ (слика со дополнителен текст ) а кои се однесуваат на српските напади врз босанските муслимани.

И на објавеното видео од нападот се слуша музика, а меѓу останатите, и четничката песна „Караѓиќу води Србе своје“, во која се спомнуваат и „хрватските усташи“.

На интернет се појави и снимка, за која не постои потврда за автентичност, ниту кога е направена, на која се гледа Австралиецот како носи оружје на кое на кирилица се испишани и две српски имиња. На шаржерите кои ги користел убиецот на кирлица се напишани имињата Стефан Лазар, Марко Миланов Поповиќ и други, објави „Дејли меил“. Станува збор за имиња на српски кнез од 14 век и црногорски војвода од 19 век.

На исклучително вознемирувачка снимка се гледа како мажот се паркира близу џамијата Ал Нор, првата која ја нападна и при излегувањето од возилото вели: Да почнеме со забавата. Потоа влегува во џамијата, ја отвора вратата, а пет минути подоцна се враќа во автомобилот за да го замени оружјето и повторно се враќа во џамијата за да ги убие сите кои покаживале знаци на живот. Набрзо потоа, повторно излегува од џамијата и на плочникот пред неа убива млада девојка. По нападот на првата џамија, во која имало околу 200 луѓе, нападната е уште една, во Линвуд, оддалечена 10 минути од првата. Според неофицијални информации, во првата џамија биле увбиени најголем дел од жртвите, над 30.

Австралиските медиуми наведуваат дека најголем дел од жртвите се мигранти и бегалци.

Во џамијата, на молитва била и целата крикет репрезентација на Бангладеш, која требала утре да игра против Нов Зеланд, но американските медиуми посочуваат дека никој од нив не е застрелан. Натпреварот е откажан.

Неименуван сведок за Си-Ен-Ен рече дека успеал да го скрши прозорецот од џамијата и така побегнал. Тој бил во тоалетот кога се случил нападот.

Новозеландската полиција апелира на граѓаните да не го споделуваат видеото кое убиецот го сними за време на смртоносниот поход. – Работиме на тоа да ја отстраниме снимката од сите социјални мрежи, велат од полицијата.

По нападот, властите на Нов Зеланд го зголемија нивото на закана по безбедноста од ниско на високо и ги повикаа граѓаните на смиреност.

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн потврди дека четири лица со екстремистички ставови се приведени, но и дека други луѓе се поврзуваат со нападот. Уште дополни дека тие претходно не биле на ниту една листа на полицијата и разузнавачките служби за следење.

Таа нападот го опиша како еден од најцрните денови во историјата на таа земја и го оквалификува како „терористички“.

Видео: Страшни поплави во Дубаи, поплавени аеродромот и автопатите

Застрашувачки видеа се шират на социјалните мрежи откако силно невреме, проследено со пороен дожд денеска го зафати Дубаи. Поради дождот поплавена е аеродромската писта, а авионите едвај се движат по неа.

Одложени или откажани беа бројни летови, а властите испратија цистерни на улиците и автопатите за да ја испумпуваат водата.

-Операциите на меѓународниот аеродром во Дубаи во вторникот беа прекинати на 25 минути поради силно невреме, се вели во соопштението на аеродромот, пренесе Ројтерс.

Имено, заклучно со 12:02 часот утринава откажани се вкупно 21 појдовен и 24 дојдовни летови, а три лета се пренасочени кон други соседни аеродроми, изјави за Gulf News портпаролот на Дубаи.

Фон дер Лајен го осуди иранскиот напад врз Израел

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го осуди воздушниот напад на Иран врз Израел.

Во објава на мрежата Х утринава, Фон дер Лајен го повика официјален Техеран веднаш да ги прекине воздушните напади.

„Силно го осудувам бесрамниот и неоправдан напад на Иран врз Израел и го повикувам официјален Техеран и неговите претставници веднаш да ги прекинат овие напади“, порача Фон дер Лејен.

Крвав пир во Сиднеј во трговски центар, маж избоде до смрт шест луѓе

Маж со нож убил шест, а ранил уште осум лица, меѓу кои и деветмесечно бебе, во трговски центар во Сиднеј, пред полицијата да го застрела и да го спречи во неговиот крвав поход.

Меѓу избодените има и деветмесечно бебе, чија мајка исто така била прободена од напаѓачот по што таа во болница им подлегнала на повредите. Напаѓот бил убиен од полицајка која сама пристигнала на местото на настанот и го лоцирала напаѓачот.

Полицијата потврди дека напаѓот убил четири жени во шопинг центарот и еден маж, додека една жена починал од здобиените повреди во болница.

Меѓу осумте повредени кои се пренесени во болниците во Сиднеј, е и деветмесечното бебе врз кое бил направен оперативен зафат во обид да му се спаси животот.

Очевидците на настанот сведочат за ужасот кој се случува во шопинг молот, но и за моментот кога полицијата успеала да го запре напаѓаќот да продолжи со масакрот.

СЕ ВРАЌАВ ДОМА ОД РОБОТА И САМО ШТО СВРТЕВ НА АГОЛОТ И ВИДОВ ЧОВЕК ВО ЖОЛТО-ЗЕЛЕНА МАИЧКА КАКО ОДИ ВО ИСТИОТ ПРАВЕЦ. НО НАЕДНАШ ТОЈ ТРГНА ВО ДРУГ ПРАВЕ И СЛУШНАВ ЛУЃЕ КАКО ВИКААТ, ВРЕСКААТ И ТРЧААТ. СИ РЕКОВ, ВО РЕД, ТОЈ МОРА ДА ИМА НЕШТО ШТО СЕ СЛУЧУВА. ТОГАШ ЈА ВИДОВ ПОЛИЦАЈКАТА И СИ РЕКОВ ЌЕ ЈА СЛЕДАМ. ЈА СЛЕДЕВ ЦЕЛО ВРЕМЕ И САМО ШТО СВРТЕВМЕ ЗАД АГОЛОТ, БИДЕЈЌИ ГИ ВИДОВ КАКО ДОАЃААТ ОД ТАМУ, ТОЈ БЕШЕ ТАМУ. И ТРГНА КОН НАС. И СЕ СШТО СЛУЧНАВ БЕШЕ „СПУШТИ ГО“ И ТОГАШ ГО ЗАСТРЕЛА. ДА НЕ ГО ЗАСТЕЛАШЕ ТОЈ ЌЕ ПРОДОЛЖЕШЕ ДА ОДИ. ТОЈ БЕШЕ ВО ПОХОД. ТОЈ БЕШЕ ВО КРВАВ ПОХОД. ТАА ТОГАШ МУ ПРИЈДЕ И СЕ ОБИДЕ ДА ГО ОЖИВЕЕ. ТОЈ ИМАШЕ ГОЛЕМ НОЖ СО СЕБЕ. ТАА ГО ОТТУРНА НОЖОТ ПОНАСТРАНА, ИЗЈАВИ ОЧЕВИДЕЦ НА НАСТАНОТ.

Тие сведочат и за хорор кој се случувал во шопинг молот.

ИЗГЛЕДАШЕ КАКО ТОЈ ДА Е ВО УБИСТВЕНА ТРЕСКА, БИДЕЈЌИ КОГА СЕ СИМНАВМЕ ДОЛУ ПО СКАЛИТЕ ИМАШЕ ДВЕ ДРУГИ ТЕЛА ВО БЛИЗИНА НА ПРОДАВНИЦА ЗА СВАДБИ, ИЗГЛЕДАА КАКО, МОРА ДА БЕА ПРОБОДЕНИ. ЕДНОТО ИЗГЛЕДАШЕ ДЕКА Е ЖЕНА, А ВТОРОТО МАЖ. ДРУГИ ИМАШЕ ВО ПРОДАВНИЦАТА, РЕЧЕ ДРУГ.

Осомничениот нападот го извршил во „Вестфилд шопинг центарот“ во источното предградие на Сиднеј, Бонди Џанкшн и според помошник полицискиот комесар на Ноџ Јужен Велс, Ентони Кук, се верува дека тој дејствувал сам. Полицијата, засега, тврди дека не го знае идентитетот на напаѓачот. Според Кук, на местото на масакрот немало ништо што би упатувало на некаков мотив или идеологија за нападот, но од полицијата не ја отфрлаат можноста и за терористички напад.

По нападот на јавноста и обрати и премиерот на Автралија, Антони Албанез, според кого за разорните сцени од Бонди Џанкшн нема зборови и разбирање.

ОВА БЕШЕ УЖАСЕН ЧИН НА НАСИЛСТВО, НЕСЕЛЕКТИВНО НАСОЧЕНИ КОН НЕВИНИ ЛУЃЕ КОИ ОДАТ ВО ШОПИНГ ВО ОБИЧНА САБОТА. ВЕЧЕРВА, СИТЕ МИСЛИ НА СИТЕ АВСТРАЛИЈЦИ СЕ СО ЖРТВИТЕ НА ОВОЈ УЖАСЕН ЧИН И НИВНИТЕ НАЈБЛИСКИ, СЕ ОБРАТИ ПРЕМИЕРОТ НА АВТРАЛИЈА, АНТОНИ АЛБАНЕЗ.

На видеата на очевидците кои се споделуваат на социјланите мрежи може да се види телото на убиецот како лежи во локва крв додека лекарските кипи од брзата помош се обидуваат да им помогнат на жртвите кои лежат по подот на шопинг молот.

Популарно