Вкупно 211 години затворска казна за обвинетите за 27ми Април

Кривичниот суд во Скопје денеска на пладне ги објави пресудите за обвинетите за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, познат во јавноста како крвавиот четврток.

Митко Чавков 18 години затвор.

Душко Лазаров 15 години затвор.

Горан Ѓошевски-Леви 15 години затвор.

Митко Пешов 15 години затвор.

Оливер Поповски 13 години затвор.

Мунир Пепиќ 15 години затвор.

Абдуљфета Алими 7 години затвор.

Оливер Радулов 10 години затвор.

Игор Дурловски ослободен од обвинение

Јане Ченто 15 години затвор.

Игор Југ 12 години затвор.

Александар Василевски-Нинџа 8 години затвор.

Никола Митревски-Кољо 15 години затвор.

Младен Додевски 12 години затвор.

Горанче Ангеловски 12 години затвор.

Влатко Трајковски 15 години затвор.

Вилијам Михајловски 14 години затвор.

ВИДЕО: Заев одби да носи значка со „Република Македонија“

На самиот крај од вечерашната дебата во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски, лидерот на опозицијата му даде мал подарок на премирот, но тој го одби.

- Нема да го носам, заради тоа што по устав е Републиика Северна Македонија. Вие ако не го признавате уставот, вие го носете, му одговори Заев на Мицксоки.

Овој дел можете да го погледнете на 2 минути пред крајот на дебатата.

Амандманите биле пратени кај Рената Дескоска!

Премиерот Зоран Заев ја излажа цела македонска јавност во вечерашниот ТВ дуел на Канал 5, каде гостува заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Имено, Заев посочи дека предлог амандманите на Предлог законот за јавно обвинителство не се испратени во министерството за правда и дека министерката Рената Дескоска истите ги нема добиено.

Мицкоски тврдеше дека предлог амандманите се испратени.

За тоа дека Заев лаже, доказот е во продолжение.

Имено, адвокатот Тони Менкиноски ги има испратено предлог амандманите на Предлог законот за јавно обвинителство, денес во 16:19 часот.

ВИДЕО: Се плaшитe да изуcтитe дека Македонците во Егејска Македонија гoворат мaкедонски?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дyeлoт на Канал 5 во емисијата „Само вистина“ тој посочи дека македонската жица на Зоран Заев е cкинaтa. Тој истакна дека неговиот став за разлика од оној на Заев е koнзиcтeнтeн, а тој се плaши да изycти каков јазик говорат Македонците во Егејска Македонија.

-Ајде вака, дали е ова ваш став. ‘Додека дишaм, додека го дишaм овој македонски воздух и додека ме дpжи пaмeт дека мојот дедо, татко и сите мои предци, јас и мојот син сме Македонци, poдeни овде во Македонија, тоа нe мoжe да се cлyчи. Не само тоа не верувам дека постои poдeн човек во Македонија пoдгoтвeн да излезе пред парламентот и да бара промена на уставот, поради промена на името’. Ваш ли став е ова? Ајде кажете дали ова е ваш став? Мојот став господине Заев од прв ден до последен е ист. Што се случи со жицата, господине Заев, ви се плaшитe да изycтитe дека Македонците во Егејска Македонија говорат македонски јазик.

Популарно