По притворите и малтретирањата Игор Дурловски конечно на слобода!

Оперскиот пејач, Игор Дурловски е прогласен за невин за упадот во Собранието на 27 април.

Тој беше еден од водачите на движењето „За заедничка Македонија“ .

За време на судењето Дурловски изјави дека верувал и се уште верува во каузата и дека се плашел за иднината на неговата земја и се уште се плаши. Додаде дека се плаши оти државата му ја украла татковината, но порача дека за неговите ставови не може да го осудат.

Можете како луѓе да се согласувате или не со мене, може да ви се гадам поради тоа, но не можете да ме осудите за тоа, бидејќи вие сте судии. Во моментов кога ја носите одлуката, државата ни е поделена на наши и ваши, но судот ја има задачата да испрати порака дека тука сме сите исти без разлика на ставовите, порача Дурловски.

Тој потенцираше дека обвинителството го товари за две работи – дека држел потпалувачки говори и дека се коцкал со државните интереси за некоја материјална корист.

Кога ќе ја носите одлуката, запрашајте се кој е тој потпалувачки говор? Со кои зборови сум повикувал на рушење на уставниот поредок? На 27 април ја пеев химната на Република Македонија и заминав на ракометна утакмица со мојот син. Кога се влегуваше во Собранието јас бев пред спортската сала. Кога видов што се случува се вратив кај Собранието. Бев таму, но не држев говор. Ако само за присуство во Собрание сметате дека сум виновен, осудете ме – рече Дурловски.

Градоначалникот на Бутел: Полицијата да им го врати тутунот на жителите на Љуботен!

Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски застана во одбрана на жителите на Љуботен каде утринава Управата за финансиската полиција со асистенција на силни полициски сили изведе акција против шверцери на тутун.

Според Смилевски, тутунот не е илегален, туку е стекнат со работа на фамилиите.

-Се надевам дека брзо ќе заврши оваа голгота на народот и се ќе се реши низ институциите на системот. Со сигурност тврдам дека тутунот не е нелегален, рече градоначалникот Смилевски.

Жителите на селото и натаму се гневни. Тие велат дека ако имале друг начин за заработка, немало да работат со тутун, а акцијата ја оценуваат како срам за државата.

-Во селото Љуботен основна дејност на жителите е одгледување на тутун и бостан, не сум запознаен како градоначалник дека во селото се шверцувало тутун. Тука луѓето живеат од одгледување на тутун и бостан. Побарав од полицијата сето она што е запленето, а не станува збор за шверц да им биде вратено на луѓето, рече Смилевски.

Според него, претрес како што вели Смилевски се правело во шест куќи. Неофицијално, запленети се и машини.

Од Управата за финансиска полиција велат дека станува збор за акција поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела, криумчарење со акцизна стока и царинска измама.

-Во интерес на истрагата не можеме да споделиме подетални информации. Очекуваме и бараме соработка од граѓаните на реоните во кои се спроведуваат активностите, се во интерес на расчистување на случајот. Јавноста благовремено ќе биде информирана за исходот од преземените мерки и активности, стои во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Да беше жив денеска ќе наполнеше 63 години, а таа беше негова слабост

Да беше денес меѓу нас ќе полнеше 63 години.

Веселото момче од струмичките сокаци, гимназијалецот, правникот, верникот, семејниот човек, политичарот, заменик министерот, претседателот и вљубеникот во Македонија е роден на 25 јуни 1956-та година.

Трајковски животот трагично го загуби во авионска несреќа на 26 февруари 2004-та година, а зад себе ги остави своите две малолетни деца Сара и Стефан како и сопругата Вилма Трајковска.

По неговата смрт семејството се повлече од јавноста, а малкумина знаат што прават и каде се неговите деца.

Неговата ќерка денеска е горда на својот татко и живее во Њујорк од каде често објавува фотографии.

Артан Груби против акцијата на полицијата во Љуботен

Управата за финансиска полиција во координација со Министерството за внатрешни работи спроведува акција во скопското село Љуботен, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела, криумчарење со акцизна стока и царинска измама.

Неколку медиуми објавија дека станува збор за акција за сузбивање на шверц на тутун.

Од Управата за финансиска полиција наведуваат дека во интерес на истрагата не можат да споделат подетални информации.

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, преку својот Фејсбук профил бара одговори од финансиската полиција.

-Финансиската полиција треба да објасни и оправда врз основа на која проценка имаше потреба од толку големо и сериозно присуство на полицијата во Љуботен. Спектаклите и демонстрацијата на сила се често непотребно и контраефективни дури и во случаеви кога постои сомнеж за злоупотреба која што треба да се санционира пропорционално доколку се утврди, напиша тој.

Популарно