Дневен хорскоп

Дневен хороскоп за недела, 17.03.2019: Време е за здивнување – Доаѓа нова седмица и со неа нови предивици па денеска соберете енергија за се што ве чека веќе од утре!

После неколку претходни турбуленции време е за здивнување и оваа недела задолжително

искористете ја онака како што сакате. Постојат уште многу замки преостанати од

претходните денови, но тие можат да се избегнат доколку од нив избегате, притоа мислиме

на сериозно бегство, одење на кусо, долго и било какво патување, сеедно, важно е да се

поместите од место.Поведете друго лице или повеќе од нив со себе, водете незадолжителни и лесни разговори. 

Ви посакуваме пријатен ден!

Овен

Работа

Вие сте оптоварени со различни обврски, но направете сè што треба да се концентрирате

на приоритетните цели.Новите настани најчесто ги доживувате како голем товар.

Љубов

Позицијата на Месечината влијае на вашата емоционална или психолошка анксиозност. Тешко правите разлика помеѓу субјективните желби во однос на вистинската слика. Сега не е момент да се донесар некои важни одлуки.

Здравје

Применете некои од техниките на психолошка релаксација.

Бик

Работа

Делувате напнато во ситуации кога соработниците имаат поедноставно решение. Ако побарате Нечија помош, бидете подготвени за соодветна контра-услуга.

Љубов

Вие не можете да останете рамнодушни кон нечиј изглед и однесување. Вознемирени сте и потешки ги кКонтролирате вашите емоции.

Здравје

Ќе ви годи да излезете или да одите на прошетка.

Близнаци

Работа

Делувате ангажирано на различни страни, но вашата околина ја гледате со одредена доза

на недоверба. Вие најдобро работите кога се потпирате на лична проценка.

Љубов

Ве иритира однесувањето или намерата на вашиот партнер да ве наведе на свој избор. Некој во вас буди желба за емоционална доминација и чувствувате дополнителна напнатост.

Здравје

Чувајте ја присебноста на духот.

Рак

Работа

Вие сте во невообичаена ситуација. Имате впечаток дека еден од соработниците ги тестира вашите можности или професионално ве провоцира. Различни прашања сега остануваат без

одговори.

Љубов

Не дозволувајте кај вас да преовладува сомнежот кон саканата личност или чувството на емоционална резигнација. Поттикнете ги сите позитивни аспекти на вашата личност.

Здравје

Ќе ви годи физичка релаксација

Лав

Работа

Можно е да ви избега една бизнис можност, но сега не вреди да се жалите. Усмерете го вашето внимание кон корисни цели. Нема потреба да се натпреварувате со соработниците.

Љубов

Бидете повнимателни од обично во изразување на вашите чувства. Не дозволувајте си некој предизвикува или лошо однесување. Одложете го спроведуавњето на некои одлуки.

Здравје

Избегнувајте тешки ситуации.

Девица

Работа

Пред вас, постојат различни обврски кои бараат заеднички договор за нова или подобра

организација на деловните интереси. Направете добри лични избори и внимателен избор

на соработници.

Љубов

Важно е подобро да разберете нечии афинитети, особено кога имате различни верувања.Нема причина да се однесувате премногу претенциозно и надмоќно во друштвото.

Здравје

Ќе ви годи некаква спортска активност.

Терезија

Работа

Вие постапувате многу внимателно и донесувате разумни одлуки. Стил кој го користите кон околината е толкуван на различни начини, но на сите ви дава за право да преземете чекор напред до успехот.

Љубов

Се обидувате да освоите нечија емотивна наклонетост, но како тоа да го правите на погрешен начин или со претерување. Важно е да се разберете нечија порака правилно.

Здравје

Забавете го своето забрзано темпо.

Скорпија

Работа

Имате впечаток дека некој ви ја одзема можноста за избор. Без оглед на вештината и менталните шпекулации што ги користите некој однапред и прецизно ги предвидува вашите бизнис потези.

Љубов

Тактиката на надмудрување во однос на саканата личност не го носи саканиот епилог. Треба да се вратите еден чекор назад за да ја расплеткате ситуацијата.

Здравје

Избегнувајте нездрави простории.

Стрелец

Работа

Вие непотребно се вплеткувате во различни деловни ситуации. Немате доволно енергија да

се ангажирате на паралелни работи. Нескромноста може да ве доведе во непријатна

ситуација.

Љубов

Делувате премногу вознемирено. Вие не можете да ги остварите сите ваши намери во средба со сакана личност. Очекувајте нов расплет на настаните.

Здравје

Во вечерните часови, ќе бви годи психолошка релаксација.

Јарец

Работа

Вие делувате како личност која има ефикасно решение за различни проблеми. Доволно сте вешти да се исполнат различни критериуми за успешен бизнис.

Љубов

Вие мудро ја премолчувате вистината за деталите што не се по ничијаа волја. Нема потреба да ги потценувате можностите на партнерот.

Здравје

Акумулирајте позитивна енергија.

Водолија

Работа

Ви импонира сознанието дека некој ве претставува како успешна или невообичаена личност. Вашиот стил на изразување и деловни резултати делуваат како главен поттик за животната средина.

Љубов

Вие чувствувате емотивна наклонетост и заедничка инспирација во средбата со саканата личност.Вие совршено се надополнувате на различни нивоа.

Здравје

Емоционалната афирмација во вас покренува нова енергија.

Риби

Работа

Понекогаш не е доволно да имате само добра идеја, бидејќи постојат различни околности

кои го отежнуваат спроведувањето. Немате доволно енергија за да се справите со паралелните работи.

Љубов

Настапувате премногу театрално во вашето однесување и вашите зборови не звучат доволно убедливо пред лицето што го сакате. Променете го вашиот начин на однесување.

Здравје

Не ги преценувајте физичките можности.

Ова се двата најинтелигентни хороскопски знаци

Без разлика дали сте авторитетен Овен или грижлив Рак, секој хороскопски знак има свои најпривлечни квалитети. Овие астролошки читања можат да предвидат сè, од вашата романтична компатибилност до вашето здравје.

Но, кога станува збор за интелигенција, кој знак го презеде тронот?

Имено, Водолијата и Скорпијата се најпаметните хороскопски знаци, велат астролозите, но поради две сосема различни причини.

Луѓето родени во знакот Водолија имаат највисоко ниво на аналитичка интелигенција, која се мери со когнитивните способности и коефициентот на интелигенција.

Скорпиите, од друга страна, имаат попребирлив ум; тие се најдобри во реалното оценување и разбирање на светот како целина.

Тоа не значи дека другите знаци не се интелигентни на свој начин. Всушност, Близнаците и Вагата имаат и многу когнитивни способности, додека Ракот и Рибите се емотивно најинтелигентни; со други зборови, тие се одлични во препознавање и судење на сопствените и туѓите чувства.

Од друга страна, земјените знаци Бик, Девица и Јарец покажуваат практична интелигенција, а огнените знаци Овен, Лав и Стрелец имаат тенденција да бидат најинтуитивни, што ги прави повеќе склони кон ризик.

Ова се три хороскопски знаци кои се вистински нарциси

Хороскопот открива многу за нашиот карактер.

Тој ги открива нашите добри и лоши страни. Сите се сакаме себеси и понекогаш сакаме да бидеме во центарот на вниманието, но постојат три знаци кои се вистински нарциси.

Овен

Овните се познати по својата импулсивност, упорност и желба за внимание. Тие се способни да направат драма од ништо и не само што не им е важно како ќе изгледа тоа во вашите очи, туку и се полни со себе кога тоа ќе се случи. Сакаат да бидат доживеани како храбри и единствени и веруваат дека се многу подобри од останатите. Никој не знае ништо подобро од нив.

Лав

Родените во овој знак се познати по својата драматична природа и потреба за внимание. Тие живеат за моментите кога се во центар на вниманието и тогаш се чувствуваат како ѕвезди. Нивната самоувереност често се изразува како нарцисоидност бидејќи тие сакаат да зборуваат за својот успех, но и тоа колку се сакани и ценети.

Стрелец

Стрелците се познати по својата независност и спонтаност. Ја сакаат слободата и сметаат дека не мораат за ништо да им се објаснуваат на другите. Но, нивната постојана желба за авантура може да направи да сметаат дека само нивните искуства се важни и дека со самото тоа тие се подобри од другите кои не живеат на ист начин. 

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога станува збор за работата. Ќе успеете да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Можни се проблеми поврзани со кашлица.

БИК

Заземете еден одреден став и борете се за него до крај. Не ја расфрлајте својата енергија на споредни цели. Ако сакате промени многу е важно да му покажете на партнерот во која насока размислувате. Чувствителен предел на градниот кош.

БЛИЗНАЦИ

Можете да очекувате стабилна ситуација на работно поле. Имате можност да дојде до добра соработка. Доколку сте слободни, може да се надевате на ново познанство. Денот е поволен и за зафатените. Водете сметка за исхраната.

РАК

Доколку се пред вас нови случувања подгответе многу енергија за промени. Нема да биде лесно. Ве очекува можност да влезете во љубовна врска со личност кон која имате одредени симпатии. Можни се проблеми со притисокот.

ЛАВ

Финансиската ситуација може да биде позитивна ако се потрудите да донесете правилни одлуки. Сакате да му ги покажете на вашиот партнер своите искрени емоции. Време е вашата врска да напредува. Поволен период за почеток на диета.

ДЕВИЦА

Можно е потпишување на договор. Разгледајте ги сите ставки пред да се одлучите на таков чекор. Сакате да направите промени на ова поле и многу ви е важно саканата личност да размислува во тој правец. Избегнувајте цигари.

ВАГА

Слушајте ја својата интуиција и потрудете се да се посветите на работата максимално. Време е да се насочите кон нови работни задачи. Ова не е поволен ден, ве очекува разочарување поврзано со нова личност во вашиот живот. Можни се проблеми со нервниот систем.

ШКОРПИЈА

Обидете се да одржите стабилна состојба на работно поле. Дајте си време да научите нови тајни на својот занат. Имате впечаток дека партнерот е ладен кон вас. Можно е да дојде до прекинување на врската. Склони сте кон депресија.

СТРЕЛЕЦ

Не е поволен ден за вас на работно поле. Може да очекувате некои компликации. Ви се отвора можност да ја освоите личноста кон која имате емоции уште од минатото. Внимавајте на црниот дроб и панкреасот.

ЈАРЕЦ

Можно е да се трудите да дојде до промени, но сѐ уште не можете да успеете во тоа. Покажете малку трпение. Се појавуваат нови проблеми помеѓу вас и саканата личност и не ви е лесно да се носите со нив. Потребна ви е масажа.

ВОДОЛИЈА

Размислувате за започнување нов бизнис но како сѐ уште да не сте подготвени за тој чекор. Доаѓате до контакт со личност која ќе посака сериозна врска. Дали сте подготвени да и го овозможите тоа? Здравствената состојба е сѐ подобра.

РИБИ

Ви се нуди можност за напредување и секако треба да ја искористите шансата. Ви изгледа дека партнерот не се поставил фер кон вас и тоа не ви се допаѓа. Можни се проблеми со забите.

Популарно