Днеска има милиони: Во оваа куќа порасна Сека Алексиќ

Сека Алексиќ сега ужива во луксузен живот, но некогаш тоа не беше така. Таа го поминала своето детство во мизерија бегајќи од војната, а пораснала во селото Липолист близу Шабац.

Сека не го заборави местото каде што порасна. Нејзиниот поранешен сосед за пејачката која се крена од кал и со работа стекна сè што има денес, има само пофални зборови.

Според приказната на старите локални жители, мајката на пејачката, Ибрима, се борела за воспитувањето на Сека и нејзиниот брат. Тие често се селеле поради несигурноста и најдолго останале во оваа мала куќа.

– Сека и нејзиното семејство најпрво живееле во дворот кој веќе не постои, каде што немале ниту тоалет или шпорет. Таа се капеше во коритото. Беше често гладна. Потоа се пресели во куќата на мојот сосед во дворот, куќа која сега е депонија, – вели еден постар човек за српскиот медиум, кој побарал да остане анонимен и го покажал некогашниот дом на пејачката.

– Таа немаше пари, но секогаш беше расположена. Сите ја сакаа. Сека беше добар ученик и секогаш сакаше да пее. Сите се радуваат што успеа во животот. Таа доби сè што е најубаво, бидејќи нејзината мајка многу се мачеше со своите деца и сопруг кој многу пиеше, а потоа се пресели.

Мајката на Сека, Ибрима, откако се развела, почна да живее со одреден Недељко Игњатовиќ.

– Сека со своето семејство живееше во куќата на сега починатиот Недељко три години. Знам дека била добро и послушно дете. Ја носеше да снима плочи и да има настапи. Кога нејзината мајка се раздели од него, Сека замина. Не му беше на погребот, јас мислам дека таа дури не знаеше дека тој починал, вели соговорникот и некогашен сосед на Сека Алексиќ.

ЛУДИЛО: Дарко Лазиќ славел за наследникот

Дарко Лазиќ во понеделникот рано утрината стана татко на момчето Алексеј, па поради доаѓањето на новиот член на семејството, како што доликува, цел ден славел.

Популарниот пејач во родната куќа во Брестач го собрал семејството, пријателите и колегите со кои се забавувал до зори. 

Дарко не го спуштал микрофонот од раце, но за секоја песна на колегите им давал од 50 до 200 евра и се чини дека музичарите ги накитил со 10.000 евра. Пеел песни од Шабан Шаулиќ, Синан Сакиќ, Љуба Аличиќ, Ивана Куколја, Тозовац, Мирослав Илиќ. И покрај тоа што пеел, тој за секоја песна ги честел пејачите и свирачите, пишува Курир.рс

Меѓу првите дошле неговата кума Андреана Чекиќ, Љуба Аличиќ, Среќко Кречар. Сите пееле и се веселеле.

ВИДЕО: Прво интервју на Анастасија Ражњатовиќ за македонски медиум

Анастасија првпат даде интервју за македонски медиум, односно за „Екслузив“ каде што проговори за својата кариера и за својот приватен живот.

Анастасија откри дека веќе не живее со нејзината мајка, но дека на телефон се слушаат 24/7.

Помалата Ражнатовиќ се труди да го крие својот приватен живот и од медиумите да го сокрие своето момче.

„Па, јас навистина се трудам, со сета моја сила тој дел од животот да остане приватен. Мојот партнер не сака да се експонира медиумски и јас тоа го почитувам. Јас се трудам тој дел од животот да остане приватен, но нема што да правиме кога ќе не фотографираат папараците, сепак сум јавна личност“ вели Анастасија за „Ексклузив“.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/АНАСТАСИЈАРАЖНАТОВИЌ

На  прашањето со која особина партнерот ја освоил, пејачката одговори:

„Најважно ми е да е некој чесен и искрен и да има почит“ вели ќерката на Цеца.

Таа најави дека подготвуа нов албум заедно со Дарко Димитров и откри каква е соработката со него.

„Дарко ми прати неколку мелодии, но се уште сме на почеток. Се надевам дека бргу ќе завршиме бидејќи тој е многу талентиран и многу бргу работи, професионален е“ вели Анастасија за „Ексклузив“.

Целото интервју можете да го погледнете во продолжение.

Сања Барби: „Сакам помлади мажи, имаат повеќе кондиција во кревет“

Згодната Фолкерка Сања Цинцева или попозната во јавноста како Сања Барби деновиве позираше пред камерата на „Бекстејџ“ .

Пејачката во интервјуто откри детали поврзани со нејзиниот приватен живот, но и кариера, па така гледачите дознаа дека Сања веќе нема да снима турбо фолк, сака помлади мажи затоа што смета дека се поискусни во кревет, добивала голем број на непристојни понуди. Погледнете: 

Популарно