Граѓаните не му даваат на „пајакот“ да работи

Популарната „Пластичарска улица“ на Бит-пазар во Скопје и денеска беше преполна со купувачи, продавачи и минувачи, поради што беше исклучително тешко за движење, особено за паркирање.

Возачите ги оставаа своите автомобили каде што ќе забележеа празен простор, поради што пристигна и „пајак“ службата за да го расчисти хаосот. Но, тоа не им се допадна на нервозните граѓани, кои не дозволуваа да се соберат непрописно паркираните возила. Ситуацијата беше тензична.

Поскапува влезот во скопска Зоолошка

Билетот за влез во скопската Зоолошка градина ќе поскапи и наместо 50 денари ќе биде 80. Влезот за деца до 3 години и натаму останува бесплатен. Оваа одлука за промена на цената за влез во Зоолошката ќе се најде на дневен ред на утрешната седница на Советот на Град Скопје и доколку биде усвоена треба да стапи на сила на почетокот на јуни, пишува СДК.МК.

Во образложението на градоначалникот Петре Шилегов се вели дека поскапувањето се должи на зголемениот број содржини и нови животни во градината.

Според новиот ценовник се воведуваат и нови цени за содржините кои летово треба да бидат отворени и за кои ќе се плаќа плус дополнителна влезница. Влезот во паркот на диносауруси ќе чини 50 денари, а во мини зоолошката каде ќе има бебиња животни посетителите ќе треба да платат плус 20 денари.

ФОТО: ВРВ - ликов паркираше на плоштад Македонија

Ауди паркирано на плошатдот Македонија во Скопје, кружи на социјални мрежи. Плоштадот не е наменет за паркирање на моторни возила.

Прашањето е до кога ќе се однесуваме вака? До кога со оваа некултура?

И дали надлежните институции ќе превземат некаква санкција?

ВИДЕО: Паркирате во Центар и си гледате филм за возрасни!

Вчеравечер паркоматите на „Паркинзи Општина Центар – ПОЦ“ биле xaкиpaни, а на мониторите на апаратите за плаќање на паркинг се емитувале пopнo филмови, пренесуваат граѓани на социјалните мрежи

Од ПОЦ го потврдуваат настанот и објаснуваат дека за xaкиpaњeто била известена и пoлициjaтa, и се чека paзpeшницa на случајот.

- Почитувани,

Вчеравечер околу 00:30 часот системот на паркоматите на нашите паркиралишта беше xакиpaн и случајот е пpиjaвeн во МВР.

Се извинyвaмe за нeпpиjaтнocтитe.

Со пoчит, ЈП Паркинзи на Општина Центар

Популарно