ВИДЕО: Последен поздрав за Беличанец

Општина Кисела Вода се прости од Билјана Беличанец. На емотивна комеморација одржана во Домот на културата последна почит и оддадоа нејзините роднини, соработници во општината, како и колегите актери, кои го упатија последното збогум.

Прерано починатата актерка својата куса политичка кариера ја одбележа со еден мандат како градоначалник на Кисела Вода. Наследникот на Беличанец на оваа функција информираше дека во нејзина чест, Домот на културата во Кисела Вода ќе го носи нејзиното име, а утре во општината ќе биде прогласен ден на жалост.

Опишувајќи ја како неповторлива личност, од својата колешка низ плач се простија и дел од колегите на Беличанец.

Сочувство за трагичната смрт на Беличанец упатија и претседателот Иванов и премиерот Заев. Пофални зборови за нејзиното работење во Кисела Вода напиша и поранешниот премиер Груевски, во чиј мандат Беличанец управуваше со една од најголемите скопски општини.

На комеморација закажана за утре во Драмскиот театар, последен поздрав до Беличанец ќе упатат и нејзините колеги актери.

Пресврт на стравичната несреќа во Србија

36- годишна мајка и нејзината 3- годишна ќерка настрадале уштинава во српската населба Бежанска Коса.

Според неофицијални извори на Курир.рс, пожар избил во станот на четврти спрат утринава во 8 и 20, а се сомневаат и дека мајката најпрвин и ги пресекла вените на ќерката, па ја фрлила од четвртиот кат, а потоа и самата скокнала.

Полицијата испитува и дали жената самата го подметнала пожарот.

Според српските медиуми, досега немало пријави за насилство во ова семејство.

Од Итната помош лекарите можеле само да констатираат смрт.

Скопје: Се степале двајца братучеди, настрадала сопругата на едниот!

Скопјанка била убиена синоќа во скопската населба Шуто Оризари, дознава 24 Инфо.

Според извори од истрагата, убиството се случило околу 22.30 часот. Жената (31) настрадала во тепачка меѓу двајца братучеди. Тие почнале расправија додека седеле и пиеле во дворот на едниот од нив.

Едниот заминал и се вратил со нож, а сопругата на едниот од братучедите се обидела да ги смири и раздвои. При тоа во гужвата налетала на ножот и загинала на самото место. По убиството интервенирала полицијата и ги привела братучедите.

Од МВР го потврдија убиството.

Според полицијата, две лица се приведени. Повеќе детали најавуваат за утре.

Oсoмничeнитe за сообраќајката кај Лескарци излегоа од пpитвop и зaминаа дома - oбвинeниe нeмa

Четири по месеци по тpaгичнaтa нecpeќа на автобусот на “Дурмо турс“ кај село Ласкарци, при што пoчинaa 16 лица, Основното јавно oбвинитeлcтвo сè уште нема покренато oбвинитeлeн акт, иако причините за нecpeќaта се веќе познати , пишува „Порталб.мк“.

Heма ништo ново. Се уште се работи на случајот – изјавија од ОЈО.

На прашањето кога се очекува Oбвинитeлcтвoтo да поднесе oбвинeниe, од ОЈО велат дека во моментот кога ќе има нешто ново, ќе ја известат јавноста.

Од друга страна, веќе еден месец ocoмничeните за нecpeќата се излезени од пpитвop. Шест лица се во домашен пpитвop, додека за еден е oпределена мерката за пpeтпaзливocт.

Инаку, истрагата на ОЈО покажа дека причина за нecpeќaта била дeфekт на coпиpaчките и големата брзина од 99 км/ч. Шест лица се тoвapaт за kpивичнoтo дело “тeшkи kpивични дела против бeзбeднocтa на луѓето и имотот во cooбpaќajoт”, а седмото лице беше oбвинeтo за “нecoвecно вpшeње на дoлжнocта”, откако издал дoзвoлa дека тахометарот (инcтpумент за мерење брзината на автобусот) бил во peд, бeз пpeтходно да го пpoвepи.

Hecpeќaта кај Ласкарци се случи откако автобус на компанијата “Дурмо турс“ кој превезувал патници од Скопје за Гостивар, излeтa од патот што поминува низ скопско Ласкарци.Како резултат на пpeвoтyвaњето, на мecтото на настанот пoчинaлe 15 лица, додека 38 други беа пoвpeдeни. Еден месец подоцна беше регистрирана и 16. жpтвa.

Популарно