Накој ја краде нафтата од булдожерот кој ги чисти патиштата во Маврово!

Mесната заедница Галичник на својата Фејсбук страница информира за чистењето на патиштата по наврнатиот снег во Маврово и проблемите кои настануваат, при што вчера соопштија за кражба на 200 литри гориво од булдужерот.

Денес е пробиен Царевец. Атрактивно за фотографирање А сношти, ноќеска, беа украдени 200 литри дизел и беше оштетен системот за довод на гориво на булдожерот.

Случајот е пријавен во Полициската станица Маврово и направени се увид и записник за настанатата штета.

Падна македонскиот Пабло

Минатиот викенд австралиската полиција спроведе голема операција „Сигнал“ во која се фатени голем број на криминалци за дрога, а меѓу нив и познат македонски криминалец. Полицијата верува дека водач на оваа група бил 23-годишен државјанин на Австралија, кој пред неколку месеци ја напуштил оваа земја.

Целата акција почнала во САД и полициските рации во оваа земја покажале дека се работи за луѓе кои се занимаваат со шверц на дрога и оружје и заработуваат милионски суми, а еден од нив, Славко Алексиќ. 

Тука е и берберот Армин Ебрахими Далеку, Дилан Купер, сопственик на модна куќа, Травис Хартзер, локален фудбалер, Јане Симоноски, сопственик на сала за џакузи, опишан како „македонски Пабло Ескобар", обвинет за перење пари.

 Можните казни за оваа банда се од парични казни до доживотен затвор.

Пресврт на стравичната несреќа во Србија

36- годишна мајка и нејзината 3- годишна ќерка настрадале уштинава во српската населба Бежанска Коса.

Според неофицијални извори на Курир.рс, пожар избил во станот на четврти спрат утринава во 8 и 20, а се сомневаат и дека мајката најпрвин и ги пресекла вените на ќерката, па ја фрлила од четвртиот кат, а потоа и самата скокнала.

Полицијата испитува и дали жената самата го подметнала пожарот.

Според српските медиуми, досега немало пријави за насилство во ова семејство.

Од Итната помош лекарите можеле само да констатираат смрт.

Скопје: Се степале двајца братучеди, настрадала сопругата на едниот!

Скопјанка била убиена синоќа во скопската населба Шуто Оризари, дознава 24 Инфо.

Според извори од истрагата, убиството се случило околу 22.30 часот. Жената (31) настрадала во тепачка меѓу двајца братучеди. Тие почнале расправија додека седеле и пиеле во дворот на едниот од нив.

Едниот заминал и се вратил со нож, а сопругата на едниот од братучедите се обидела да ги смири и раздвои. При тоа во гужвата налетала на ножот и загинала на самото место. По убиството интервенирала полицијата и ги привела братучедите.

Од МВР го потврдија убиството.

Според полицијата, две лица се приведени. Повеќе детали најавуваат за утре.

Популарно