Зошто го сакаме „играчот со број 5“? Затоа што е цар!

Македонската ракометна репрезентација синоќа за прв пат славеше на гостување во Исланд и му го нанасе првиот пораз на домашен терен по 13 години на противникот.

Исланд синоќа загуби во драматичен финиш кој го реши Дејан Манасков со гол во последна секунда и тоа откако промаши пенал.

Ова е прва победа на Македонија на ова гостување, но и замислете прв пораз на домашен терен на Исланд по дури 13 години.

Еден од нивните најдобрите поединци, Арнор Гунарсон објасни која била клучната причина за поразот.

„Ги пронајдоа сите дупки во нашата одбрана и им беше лесно да се разигруваат и да постигнуваат голови. Не реши нивниот пикер кој тежи 140 килограми, навистина е тежок за чување кога ја има топката во своите раце. Тој и нашата одбрана не убија вечерва“.

И сега внимавајте што направи тој наш незадржлив пикер од 140 кила. Ја сподели изјавата на Гунарсон на Инстаграм и направи само мала измена кај сопствената слика. Како може да е толку цар? :)

ВИДЕО: Уште една снимка од обезбедувањето во Струмица кое се обидува да одземе знаме со Сонцето од Кутлеш

По вчерашната објава на видето од ракометниот натпревар меѓу Македонија и Грција во Струмица, на коа се гледа како обезбедувањето се обидува да одземе знаме со Ѕвездата на Кутлеш од навивач во салата, се покажа дека тоа не бил единствен таков случај. Откако Комити објавија пост на темата на својата ФБ страна, во коментарите се појави ново такво видео.

ВИДЕОТО може да го погледнете ТУКА

ФОТО: Столе со една фотка им ја честиташе победата на соиграчите над Грција

Стојанче Стоилов не можеше да и помогне на Македонија на последниот дуел во квалификациите за ЕП против Грција мораше да направи оперативен зафат.

По триумфот, заверката на првото место и пласманот на ЕП се огласи пикерот.

Со едно фото каже се…

Дејан Недев со златен медал и европски шампион по 7-ми пат

Каратистот Дејан Недев освои златен медал во кати на Европскиот шампионат во Питешти, Романија. Ова е седма европска титула во неговата долга и богата кариера.

Јадранка Недева, исто така, освои златен медал во кати кај сениорките, а Матеј Ангеловски се закити со сребрен медал во фукуго и бронзен во кого-кумите. Во јуниорска конкуренција со злато во кого-кумите се закити Мила Саздова, а во фукуго го освои сребрениот медал.

Антонија Белазелкоска во кадетска конкуренција во кати и фукуго освои бронзени медаљи.

Натпреварите се уште се во тек. На нив треба да настапи Матеј Ангеловски во дисциплината кумите за сениори.

На Европскиот шампионат во Питешти учествуваат 387 каратисти од 24 земји.

Популарно