Променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд

        И денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, особено попладне во западните и јужните делови.Утринската температура ќе се движи од два до девет степени, а дневната температура од девет до 19 степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до седум степени, а дневната температура до 17 степени.

        До вторник ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, а во попладневните часови процесите локално ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од среда условите за нестабилност ќе се намалат, па ќе преовладува посончево и потопло време.

И денеска невреме, од утре...

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 20, а дневната од 23 до 34 степени.

Во Скопје слично време, претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

Следува период на стабилно и сончево време, во петок и за време на викендот со умерен до засилен северен ветер.

Славчо Попоски: По невремето КОНЕЧНО ни претстојуваат ПРЕКРАСНИ летни денови

Уште утре во попладневните часови ќе биде нестабилно облачно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Веќе од четврток па на натаму кончено ќе бидеме под влијание на значително постабилна воздушна маса па така и тоа како ќе можеме да уживаме во прекрасното време. Времето ќе биде сончево повремено со мала до умерена локална облачност но ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец кој ќе услови незначителен пад на температурите на воздухот, особено на оние наутро кога понекаде истите има услови да се спуштат и под 10 степени и тоа особено на повисоките и на планинските места, максималните дневни пак на повеќе места ќе се искачуваат до околу 30 степени а во најтоплите региони односно во централните и во југоисточните предели истите ќе се искачат и дооколу 35 степени.

Да напоменеме дека температурите на воздухот во следните неколку денови ќе бидат малку под просекот за овој дел од годината додека пак позначителен пораст на истите и пеколни температури барем засега се очекуваат на самиот почеток од месец јули.

Подготви: Славчо Попоски

Вонредна најава од УХМР

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град.

Ќе дува умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 12 до 19 степени, а максималната од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје и околината слично време со минимална температура до 18 степени и дневна до 31 степен.

Од УХМР посочуваат дека до утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Наредните денови времето ќе биде претежно сончево, а од петок ќе дува умерен до засилен северен ветер. 

Популарно