Снегот се враќа во Македонија!

Под влијание на моќниот циклон КРИСТИЈАН под чие влијание е веќе подолго време нашата територија понатаму повторно во најголем дел од државава ќе услови нови врнежи од дожд додека локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилување на ветер но и услови за ретка појава на град и тоа особено попладне. На повисоките планини пак ќе има врнежи од снег со што ќе дојде до зголемување на веќе постоечката снежна покривка која се формираше во изминатите 24 часа и тоа особено во западните и во северозападните предели.

Локално ќе наврне позначително количество на воден талог и тоа над 20 л/м2.

Во текот на изминатите 24 часа пак најмногу дожд наврна во Маврово и тоа 18 л/м2 каде се забележани и послаби врнежи од снег но и се формираше тенка снежна покривка, во Пожаране пак наврнаа 12 л/м2.

Особено свежо ќе биде во текот на денешниот ден кога ќе дува и слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Нестабилното време според најновите анализи ќе продолжи и во текот на оваа недела.

Подготви: Славчо Попоски

Толку од сонцето, денеска дожд и грмежи!

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 10 до 20 степени.

Во Скопје, слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време. Од понеделник попладне се очекуваат нови локални врнежи од дожд.

Метеоролозите најавуваат нова голема промена на времето

Најновите анализи на метеоролозите укажуваат на тоа дека во текот на следната недела нашата територија ќе биде зафатена од поизразено јужно воздушно струење кое ќе услови од северните предели на Африка кон нашата држава да продре значително потопол воздух, информира метеорологот Славчо Попоски. Сепак што се однесува до временската состојба целосна стабилизација на атмосферата не треба да очекуваме и во текот на следната недела, соопштува метеорологот Славчо Поповски.

Температурите на воздухот пак ќе бележат тенденција на значителен пораст и насекаде се очекува да надминат 20. степеин додека пак во најтоплите предели од државава очекуваме температури дури и до близу 30 степени. Ќе започне да дува и јужен ветер кој ќе засилува на интензитет.

Нови и обновени информации очекувајте овие денови кога навремено ќе ве информираме околу секоја ново настаната временска систуација.

Нови врнежи од снег!

Деновиве на Попова Шапка наврнаа дури 30 сантиметри снег, а услови за провејување на снег може да се очекува и понатаму поради тоа што и понатаму иако со намален интензитет, сепак остануваме под влијание на циклонот Кристијан, информира метеорологот Славчо Попоски.

Нешто постабилен ден очекуваме во текот на утрешниот ден но во попладневните часови има услови за локален краткотраен дожд, повеќе услови за врнежи повторно ќе има во четврток кога ќе има услови и за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Релативно свежо ќе биде во четврток кога и температурите ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

На планинските места повторно ќе има услови за нови врнежи од снег, од утре ќе започне да дува и умерен ветер од северен и од североисточен правец кој повремено ќе засилува на интензитет.

Поради разведрувањето утрешното утро ќе биде значително постудено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени па така на некои места (особено на повисоките) ќе има услови и за појава на мраз.

Популарно