Пендаровски: Откако влегов во политиката нагло станав популарен кај девојките (видео)

Откако почнав да се занимавам со политика, преку ноќ им станав поубав на девојките, откри кандидатот за претседател Стево Пендаровски во емисијата „Еден на еден“.

– Во 1996 година првпат се по јавив на државната телевизија, тогаш и немаше многу приватни. Тоа беа почетоците кога влегував во политичкиот живот. За жал, тогаш нагло станав популарен кај девојките – одговори Пендаровски на прашања поврзани со неговата младост.

Оваа изјава на Пендаровски можете да го видите на 45:15 од видеото

За децата на бpaнителите и на уставобpaнителите сместувањето е бесплатно!!!

Чин кој е за пофалба. Чин кој нема да ве остави рамнодушни

Сопственикот на вилата во Стар Дојран, Лука Александров направи нешто непознато досега за македонската јавност. Секоја чест и симнуваме капа!

ФОТО: Огромна колона автомобили стои на грчката граница

Долга колона автомобили стои на грчката граница, објави Фактор.мк

Луѓето кои се враќаат од продолжен викенд, велат дека стојат во место, и дека има застој на граница, пишува порталот и во продолежение објави фотографија.

Каква е ситуацијата во моментов можете да погледнете на камерите од граничните премини: Богородица и Меџитлија

ВИДЕО: СДСМ избра нов извршен одбор

Рената Дескоска, Драган Тевдовски, Фросина Ременски, Петре Шилегов ќе бидат членови на новиот Извршен одбор на СДСМ, одлучи партијата на седницата на Централниот одбор што се одржува во Охрид. Освен нив во Извршниот одбор ќе бидат и Стефан Богоев, Костадин Костадинов, Татјана Стојановска Иванова, Салија Љатиф Петрушовска и уште осум членови на партијата од другите градови.

На централниот одбор, како што пренесува медиумот, најверојатно нема да се расправа за избор на потпретседатели на партијата и тоа ќе биде одложено за наредна седница на Централен одбор.

Нов организационен секретар на партијата е Душко Весковски, актуелен генерален директор на скопски Водовод. Досегашниот советник во владата за меѓународна политика, Дане Талески ќе биде на функцијата секретар за меѓународна политика.

Популарно