На овие места има снег од 30 сантиметри

Во последните неколку дена, и во следните ќе има температури пониски од вобичаените за овој период од годината. Но дека ќе наврне толку многу снег на Попова Шапка, веројатно никој не очекуваше.

Врнежите од снег синоќа на Попова Шапка донесоа утринава да има снежна покривка од 15-20 сантиметри. Со тоа зимата покажа дека и натаму покажува е присутна.

Инаку снег има на повисоките места низ цела Европа.

Големо невреме го фати и Кичево

Силно невреме проследено со пороен дожд и град го зафати подрачјето во близина на Кичево.

На патот после Кичево, кога се оди кон Скопје, паѓа крупен град и врне пороен дожд и речиси е невозможно да се вози. Патници кои во моментов се наоѓаат на местото велат дека покрај патот има колона возила кои чекаат да помине невремето за да го продолжат патувањето.

Попладнево и Струмица беше зафатена од силно невреме. Нестабилната облачна маса се движеше кон југ во правец на Валандово, Дојран и Богданци. Нестабилно беше во повеќе места во источниот и во планинските подрачја во западниот дел од земјата, како и над Преспанското Езеро. Подоцна нестабилна воздушна маса со поголеми размери ја зафати околината на Битола, а нешто помала и Кичевско. Доцна попладне во Дебар имаше невреме проследено со пороен дожд, грмежи и појава на град.

Во вечерните часови сè уште на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме, особено во западните делови.

Времето утре претпладне сончево и топло со умерена облачност, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Орканскиот ветер креваше покриви и уриваше бандери – доаѓа ново НЕВРЕМЕ

Попладнево Струга и околината беше зафатена од исклучително нестабилна и влажна воздушна маса која услови силно невреме проследено со пороен дожд, силни електрични празнења, оркански ветер а локално е регистрирана и појава на град, според последните информации силното невреме направи бројни штети низ градот, орканскиот ветер креваше покриви и уриваше бандери, покрај ова има и оштетени автомобили но за среќа нема повредени граѓани во текот на ова силно невреме кое ја зафати Струга. Исто така силно невреме попладнево зафати поголем дел од државава, појава на град имаше и во Струмица, Кавадарци, Дебар  и Демир Хисар а понатаму продолжува нестабилното време со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер кога е можно и ново локално НЕВРЕМЕ со град  и силен ветер.

И во текот на следните денови ќе бидеме под влијание на исклучително нестабилна и влажна воздушна маса која на повеќе места ќе услови пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и локална појава на град. На граѓаните им се препорачува во случај на појава на електрични пранзења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на оркански ветер да се внимава каде и како се движи, исто така автомобилите да се ставаат понастрана од дрвјата.

Подготви: Славчо Попоски

ВИДЕО: Започна НЕВРЕМЕТО во Македонија

Нестабилната облачна маса се движи кон југ во правец на Валандово, Дојран и Богданци.

Нестабилно е во повеќе места во источниот и во планинските подрачја во југозападниот дел од земјата, како и над Преспанското Езеро.

Популарно