ФОТО: Се роди синот на Бали Бег и Неџла

Популарната турска двојка, Бурак Озчивит и неговата сопруга Фахрие Евџен, станаа родители. Фехрие, или позната по улогата на Неџла, се породила во саботата во 13:30 часот. Тежок 3.670 грама, а долг 52 сантиметри, синот го доби името Каран.

Бали Бег присуствувал на породувањето и не можел да ги сокрие солзите, пишуваат медиумите.

Актерката се породи порано од предвидениот термин кој бил на 20 април.

Актерите на својот син му направија профил на „Инстаграм“ уште пред да се роди, како што кажаа, за да не се создаваат лажни профили откако ќе се роди. Тогаш неродениот Каран веднаш доби повеќе од 100 илјади следачи.

Каран доби и своја сметка во банка, уште пред да дојде на овој свет.

ФОТО: Ја нема брадата

Капетанот Василиј од „Далеку од дома", хит серијата на Сител, или Баки во приватноста има германско потекло, а поголемиот дел од животот го минува во Германија.

Сега,неколку години живее во Турција кадо е активно посветен на својата актерска кариера.

47 годишниот актер пушти брада и целосно го промени изгледот за улогата, а инаку изгледа вака.

ФОТО: Запознајте ја Нела

Актерите Тања Кочовска и Предраг Павловски се во брак 23 години. Шармантната актерка која е миленичка на народот поради својата духовитост и непосредност ретко споделува приватни моменти на социјалните мрежи.

Таа неодамна објави слика од нивната ќерка, Нела. „Вистинска убавица“, се коментарите под фотографијата на ќерката на актерската двојка. 

„ Александар има 28 години, а Нела има 22. Александар заврши факултет за туризам, а Нела е апсолвент на филолошки факултет. Тие се деца кои се израснати со двајца актери, а актерскиот живот не е баш едноставен. Тоа се деца кои никогаш не ми повишиле тон и се благодарни на се што сме им дале во животот. Не дека некогаш не знаат да изненадат, хахахаха. Се чувствувам многу горда мајка со добро воспитани деца“, изјави Тања за своите деца во неодамнешно интервју. 

Популарно