ВИДЕО: Врие полиција

Од НЛБ Банка се огласија по грабежот кој се случи утринава во експозитура во Чаир.

- Утринава во експозитурата Чаир на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж.Клиентите кои се затекнаа во нашата експозитура и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба. Во овој момент, Банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот. Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства. Паралелно, работиме со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително, се вели во соопштението на НЛБ.

Инаку, според првичните информации, вооружени лица утрово извршиле разбојништво во „НЛБ банка“ на улицата „Ферид Бајрам“ во скопско Чаир, при што се одземени засега непозната сума пари. Имало пукање од огнено оружје, но нема повредени.

Од страна на разбојниците физички е повреден Е.Е. 26 години вработен како обезбедување во банката.

Полициски службеници веднаш по пријавувањето на разбојништвото стигнале на местото на настанот и во тек е истрага за расчистување на случајот. 

Хорор во Македонија!

Околу 14,20 часот се случила вистинска драма кога било пријавено дека во селото Луково-кратовско, 57-годишниот Г.К. од Кратово, кој имал здравствени проблеми, отишол до куќата на 66-годишниот Р.А. од Кратово и со неговата ловечка пушка што ја поседувал со дозвола, испукал еден куршум и го застрелал Р.А. кој починал на местото на настанот.

Потоа Г.К. со пушката заминал пред својата куќа и во дворот се самоубил.

По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени во Институтот за Судска Медицина-Скопје за обдукција.

Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кратово и се работи на расчистување на случајот.

Ауди се заби во Брза помош во Скопје

Страшна сообраќајна несреќа доцна синоќа се случи во Скопје, кога кај тутунскиот комбинат „Империјал Тобако" автомобил Ауди се заби во Брза помош, пишува Слободен Печат.

Во сообраќајката повредена е една девојка, која според присутните на лице место на настанот, доживеала потрес на мозокот, а најверојатно во Аудито имало две девојки.

Другата девојка имала мала повреда на главата, додека тешко повредената била транспортирана во болница.

Се очекуваат детали.

Крадците заминале со голем плен!

По вчерашниот вооружен грабеж што се случи во експозитурата на НЛБ Банка во Чаир, клиентите и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба, соопштуваат од банката.

Информираат дека двајцата вработени во експозитурата кои беа полесно повредени се пуштени на домашно лекување, а работникот на обезбедување кој, исто така, беше повреден при грабежот, по укажаната лекарска помош, е добро и е пуштен на домашно лекување.

„Експозитурата во Чаир не работи во моментот и ќе продолжи тековно да ги опслужува клиентите од 17.4.2019 година. Со истрагата е утврдено дека при грабежот се одземени 150.000 евра“ - соопштија од банката.

Информираа дека банката продолжува да работи редовно и да соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот.

Популарно