ВИДЕО: Антониа Гиговска доби и критики во „Пинкови ѕвездички – all stars“

Во најновата сезона на „Пинкови ѕвездички – all stars“, настапуваат кандидати од претходните сезони, а меѓу нив и Антониа Гиговска.

Во досегашните нејзини претставувања на сцената на „Пинк“, Гиговска се покажа во одлично светло и добиваше само пофални зборови и коментари. Жирито е воодушевено од нејзините интерпретации односно од нејзината појава на сцена.

Во последната емисија на музичкото шоу, Гиговска се претсави со песната „Као у сну“.

Освен пофалби за нејзиното пеење, таа доби и критика од Наташа Беквалац.

„Мислам дека првпат ќе ти упатам критика од кога настапуваш. Постои песна која првпат ја слушнав, а тоа е „Хајде онда ништа“, на која одлепив на твојата интерпретација и се ежев цело време. Тоа значи дека не треба да имам предзнаење за да ме допреш. Јас вечерва немам што да ти кажам, немам име за тоа што недостигаше, Мислам дека најмногу ми недостигаше тоа што го даваш за да ме растопиш. Денес, не ме допре, а не можам да ти најдам грешка“ вели пејачката.

Киа имаше пофални зборови за нашата претставничка во музичкото шоу.

„Не е ни чудо што секогаш добиваш пет гласа. И денес по мене, ти си единствена која доби заслужено пет гласа. Не ни беше нешто „вау“ затоа што не ја знаеме песната, но кога си ти знаеме дека ќе биде совршено“ изјави Киа Коцкар.

Милан Станковиќ истакна дека Антониа ќе биде голема ѕвезда и дека потполно е сеедно што ќе пее до суперфиналето.

Како Гиговска ќе се претстави во следниот круг останува да видиме.

ФОТО: Погледнете како денес изгледа познатат пејачка Вики Миљковиќ

Кога ќе видите како оваа пејачка изгледа денес, ќе помислите дека за неа времето оди во спротивен правец.

Сега изгледа помладо отколку пред две децении.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#vikimiljkovic #1994 #folk #estrada #jugoslavija #nostalgija

A post shared by @ foto.nostalgija on

Станува збор за Виолета Вики Миљковиќ, родена на 18. декември 1974 година во Ниш. Првиот албум го објавила на 18 години.

Денес сите ја знаеме по бројните хитови, но и како член од жирито на „Ѕвездите на Гранд“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

@balasevic_official @mrhairaleksarabrenovic @angela_bosnjakovic_makeup

A post shared by Viki Miljkovic (@viki_miljkovic) on

Ја повика Северина во жирито за да се „пресмета“ со Карлеуша- ќе летаат пердуви

Саша Попвиќ и понудил 100.000 на Северина за да биде во жирито во „Ѕвездите на Гранд“.

Знаејќи дека Северина со години јавно ја прозва Карлеуша дека, не знае да пее и краде нејзини идеи реши да ја повика во жири.

-Од септември тој реши да ја повика Северина и понуди 100 илјади евра за да постигне рекордна гледаност. Таа рекла дека цената е примамлива , но дека треба да размисли, открива извор за српски медиуми.

Саша најави и дека сака да направи голема промена во шоуто од наредната година, но не сакаше да открие детали.

- Караниците на двете дами пред камера ќе му донесат голама гледаност на „Гранд“, потсетува изворот.

(ФОТО) Владимир Поповски: „Ех, балкански менталитет“

Пејачот Владимир Поповски, на социјалните мрежи се пожали дека како вистински Балканец не сакал да им поверува на луѓето кои му велеле дека животот ќе му се смени на поубаво откако ќе стане татко.

Владимир, кој е пејач на фолк-групата „Биоритам“, не ја крие среќата по раѓањето на ќерката Андреа, па често споделува слики со бебето и сопругата Анастасија Петреска која е ќерка на пејачот Наум Петрески.

„Аааа, ми збореа ќе ти се промени животот… Ех, балкански менталитет, додека не осетиш на своја кожа не се важи“, напиша пејачот покрај сликата од 2-месечната ќерка.

Популарно