Како да откриете кој ве пребарува на интернет?

Потенцијалните работодавци и партнери, вашите поранешни партнери, одамна изгубените роднини и пријатели, некој кому му должите пари... Може да има многу причини зошто некој би можел да бара повеќе информации за вас на интернет. Корисно е да се знаат овие пет начини како може да се дојде до нив. 

1. „Гугл Алертс“

Сакате да знаете кој „ве гугла“? Како прв чекор ви ја предлагаме активацијата на „Гугл Алертс“, бесплатна алатка за следење на појавувањето на одредени клучни зборови или изрази на интернет. Во овој случај тоа ќе бидат вашето име, презиме и евентуално прекар. 

Логирајте се на „Гугл“ и одете на google.com/alerts. Внесете го вашето име и кликнете на Create Alert.

Одете на Show Option и погледнете кои други опции ви се понудени. Можете да нагодите колку често да добивате предупредување преку електронска пошта кога вашето име ќе се појави на интернет и „Гугл“ ќе го забележи тоа, како и да видите како ќе изгледаат предупредувањата. 

2. Држете ги социјалните мрежи на око

Mention.com функционира слично како „Гугл Алертс“, само што ги чешла социјалните мрежи во потрага по споменувањето на вашето име. На располагање ви се апликации за „Виндоус 10“ и „макОС“, како и за „Андроид“ и „ајфон“. Можете бесплатно да се пријавите за основна услуга и на 14 дена да ја испробате услугата за која инаку се плаќа.

По пријавата, логирајте се и направете предупредување. Можете да изберете до четири. На пример, име на членови на фамилијата. Потоа кликнете на Get Started и оставете страницата да си го направи своето. 

Можете да одредите кои платформи ќе бидат пребарувани ако одите на Edit.

3. Направете профил на „Линкдин“.

За разлика од другите социјални мрежи, на деловната социјална мрежа „Линдкин“ можете да видите кој ви го гледал профилот. Ако ја користите бесплатната верзија, ќе видите само дел од нив. Со плаќање може да ги видите сите. 

4. Ве бара ли некој одамна изгубен роднина?

Повеќе страници може да се употребат за да се пронајде некој. Постојат примери за страници кои, на пример, ги следат посвоените деца, други кои содржат огромни бази на податоци со фамилијарни стебла (www.ancestry.com)...

5. Венчавки и настани

Известувањето за смртта на некоја блиска личност исто така може да им покаже каде сте на лицата што ве бараат, особено ако имате исто презиме со починатата личност. Слично е и со венчавките и известувањата за раѓање деца.

ФОТО: Митар пронашол торба со 100.000 евра и му ја вратил на сопственикот

Митар од Босна и Херцеговина пред две години за време на Мотоконцентрација во организација на Мото клубот „Силвер вингс“ во Брчко пронашол торба во која имало 100.000 евра.

Бидејќи во торбата освен пари имало и документи од сопственикот, извесен бизнисмен, Митар го пронашол и му ја вратил торбата со парите.

На овогодинешната Мотоконцентрација на истото место се случило ново чудо, пишува РТВ ХИТ.

Бизнисменот, сепак не го заборавил чесниот човек и одлучил да му возврати на добрината.

Овој пат, на местото каде Митар ја пронашол торбата, го чекалот мотоцикл, кој бизнисменот му го подарил на Митар, за да му се заблагодари.

ВИДЕО: Дејан од Битола најде стара микробранова и направи чудо!

Имате стара микробранова печка? Еве што може да се направи од неа.

Уште еден нов DIY проект на битолчанецот Дејан Киревски-апарат за швајцовање на метал од стари микробранови печки…

Популарно