Не е се во големината, но...

Големината е нешто за што многу луѓе размислуваат и таа е предмет на многу разговори.

Хируршките зафати за зголемување на пенисот можат да бидат многу скапи, а како и сите други операции носат одредени ризици со себе.

За среќа, постои начин да се зголеми вашата машкост без да одите под нож. Експертите откриваат кои се природните начини за зголемување на вашиот пенис.

Се препорачува да ги промените животните навики. Губењето на тежината е одличен начин за зголемување на вашата машкост. Можете да спречите еректилна дисфункција ако изгубите неколку килограми, открива една студија од Харвард.

Ова ќе ја спречи акумулацијата на масни наслаги во долниот дел од стомакот, со што вашиот пенис ќе изгледа визуелно поголем.

Друг начин на кој пенисот ќе ви изгледа поголем е да ја скратите косата од интимните делови на телото. Со отстранување на влакната од вашето тело, го спречувате запоставувањето на интимниот регион.

Со вежбањето освен што губите килограми, го затегнувате и стомакот. Со помал, рамен и мускулест стомак, но исто така и бутови, вашиот пенис ќе изгледа многу поголем отколку што навистина е.

Експертите им укажуваат на оние кои страдаат од вознемиреност поради големината на пенисот да бараат стручна помош и да се консултираат со доктор. Обично, терапијата има за цел градење на самодоверба и надминување на стравовите од сексуални односи.

Сакате да се чувствувате cekcи?

Сакате да се чуствувате секси? Да ви се зголеми самодовербата? Три едноставни чекори ќе ве одведат во таа насока.

НОСЕТЕ ЦРВЕНО

Истражувањата покажаа дека за мажите црвената е најсекси боја, а новата студија на University of Rochester покажува и зошто. Машките учесници во истражувањето, ги оценувале жените како поотвроени за секс кога ја носат црвената боја.

ОТКРИЈТЕ ГИ РАМЕНАТА

Очигледно тие се подеднакво сугестивни како и деколтето. Еден поглед на вашите рамена и мажите помислуваат на вашите гради, а ова е поврзано со нивниот заоблен облик кој ги потсетува мажите на гради, како и впрочем близината.

ОБЛЕЧЕТЕ ВИСОКИ ПОТПЕТИЦИ

Не затоа што некој има фетиш на стапала. Делот од мозокот кај мажите кој испраќа информации за сексуална возбуденост е истиот оној кој ги перцепира и вашите стапала, па толку затоа еден секси пар чевли може да предизвика валкани мисли.

Презервативи кои ја менуваат бојата доколку партнерот има сексуално пренослива болест

Сексот е основата на човечкото постоење. Без секс, никој од нас не би бил тука. Тоа е убава и пријатна активност која им помага на луѓето да се поврзат и да ги зајакнат односите. Сепак, тоа исто така може да доведе до болести. Тоа е причината зошто е неопходно практикувањето безбеден секс. 

Кондомите може да бидат најчестата опција за безбеден секс. Тие се евтини и широко достапни на различни продавници. Штитат од сексуално преносливи болести и спречуваат бременост во 98 проценти од случаите кога се користат правилно.

Кондомите, сепак, не се совршени. И покрај тоа што имаат извонредно високо ниво на успех во спречувањето на ширење на СПБ кога се користат правилно, секогаш постои можност партнерот сè уште да ве зарази со болеста која што ја има.

Три тинејџери од академијата „Исак Њутн“ во Англија смислија брилијантна, но едноставна идеја за нов вид кондом кој ќе помогне во дознавањето дали вашиот партнер има СПБ. Еве како е предвидено тоа да функционира: „Би постоеле антитела на кондомот кои би комуницирале со антигените на сексуално преносливите болести, предизвикувајќи кондомот да менува бои во зависност од болеста. На пример, ако заразениот има кламидија, тој би станал зелен – жолто за херпес, виолетова за хпв и сина за сифилис “.

Тинејџерите кои го создадоа концептот имаат само тринаесет до четиринаесет години во моментот. Тоа е голема кфреативност и стручна подготвеност за таа возраст. Триото освои прво место на американските награди TeenTech во 2015 година, со што добија поддршка за реализација на оваа идеја. Магазинот „Тајм“ објави дека веќе им се пристапиле од производителите на кондоми.

Ова се трите најчести причини за оваа појава

Се помалку желба за сексуален однос, се е поприсутна кај современиот човек, иако многу почеста појава е кај жените отколку кај мажите.

Тоа и не е некоја новост кога ќе се земе предвид современиот начин на живот, како и предности и слабости кои со себе тој ги носи. Новата студија од Австралија ги наведува најчестите причини за ваквата појава и објаснува како тие влијаат на самата жена.

Според студијата, проблемот во голема мера може да се поправи низ медицинска интервенција, помош од психолог или само низ лично прифаќање и разбирање на проблемот, при што разбирањето на партнерот е можеби најзначајно.

Понекогаш само разбирањето на проблемот како и причината за намалената сексуална желба за секс, за жената може да биде дополнителен притисок за кој таа обично молчи и го носи во себе.

Студијата наведува три најчести причини за губење на сексуалната желба:

Лична незаинтересираност – губењето на сексуален интерес не мора да биде лична работа и лична вина на жената. Постојат многу фактори кои можат на тоаа да влијаат како фрустрација, вина, грижа за други важни работи, незадоволство со својот изглед или изгледот на партнерот и слично. Се наведено се моментални, краткорочни појави кои жената можат да ја одвратат од сексуалната желба, а можат релативно лесно да решат.

Незаинтересираност во врската – многу жени се загрижени поради тоа како нивната незаинтересираност влијае на нивниот партнер. Во овој случај, важно е кога сте во здрава љубовна врска, ја да оддржувате емотивната интримност додека не создадете сексуален аспект во својот однос. Исто така, важно е партнерот да разбире дека вашата сексуална незаинтересираност не настанала поради него. Доколку партнерот го разбере вашиот проблем, можете заедно да работите на решавањето на проблемот, на пример, масажа која може да ве возбуди или нешто што ви годи.

Грижа за недостаток на хормоните– често се случува жените да се загрижени за хормоните кои се одговорни за сексуалната желба, и мислат дека во тоа е проблемот. Најчесто менопаузата ја сметаат за најголема причина за незаинтересираност. Исто така, и жените кои се под одредена терапија на лекови и инекции својата терапија ја сметаат за одговорна за сексуалната незаинтересираност. Медицинските прегледи на лекар или гиниколог может профеионално да го утврдат проблемот и доколку постои желба кај пациентот тоа најчесто може да се реши.

Популарно