ФОТО: Топ20 најплатени ѕвезди од индустријата за возрасни

20. Shyla Stylez, заработила 1.3 милиони долари

19. Tori Black, вреди 1.4 милиони долари

18. Asa Akira, 1.5 милиоми долари

17. Audrey Bitoni, 1.8 милиони долари

16. Daisy Marie, 1.9 милиони долари

15. Maria Ozawa, 2 милиони

14. Jayden James, 2 милиони

13. Lisa Ann, 2 милиони

12. Sunny Leone, 2.5 милиони долари

11. Belladonna, 3 милиони

10. Gianna Michaels aka Gianna Rossi, 4 милиони

9. Sasha Grey, 4 милиони

8. Jenna Haze, 4.1 милиони

7. Katie Morgan, 4.5 милиони долари

6. Bree Olson, 5 милиони 

5. Maria Takagi, 6 милиони

4. Traci Lords, 7 милиони

3. Jesse Jane, 8 милиони

2. Jenna Jameson, 10 милиони

1. Tera Patrick, 17 милиоми долари

Погледнете што прават жените кога се сами

Сите се опуштаме кога сме сами дома и правите работи што инаку не би ги правеле пред други луѓе. Работите стануваат многу поинтересни кога сме потполно голи и кога истражуваме што се може нашето тело и како изгледа од различни агли. Базфид го срочи сево ова во листа.

-Ја проучуваат големината на вагината и се прашуваат дали е нормална.

-Проверуваат дали им се ѕирка конецот од тампонот.

-Со мало огледало го посматраат внатрешниот и надворешниот изглед на вагината.

-Глумат стриптизета и се посматраат во огледало за да видат колку добро можат да го изведат нивниот танц.

-Лежат на под и ги шират нозете за да видат дали можат да направат шпага лежечки.

-Ги стискаат градите за да видат колку им е добро деколтето.

-Ги пуштаат да висат за да видат колку се обесиле од лани.

-Проверуваат дали имаат влакненца под папокот.

-Го дуваат стомакот за да видат како би изгледале трудни.

-Користат вибратор.

-Користат нешто како вибратор што инаку не е наменето за тоа.

-Седат на под и размислуваат за животот.

-Проверуваат каква им е бикини-зоната.

-Со часови лежат во кревет и го истражуваат Фејсбук профилот на бившиот.

-Сликаат грди селфија.

-Додека седат, посматраат колку сало имаат на стомакот.

-Скубат влакненца од прстите на нозете

Љубовта е најубавото нешто на овој свет

Престанете да се прашувате што би било кога би било и зграпчете ги сите шанси кои се пред вас! Не се држете до лошите спомени и луѓето кои ве повредиле и не ги затворајте очите пред оние кои можат навистина да ве сакаат.

Не се прашувајте дали треба да зборувате со таа личност, и едноставно направете го тоа. Не размислувајте за сите чекори и престанете да се прашувате што би било кога би било. Дозволете и на љубовта да биде дел од вашиот живот. Не се прашувајте како би било и дали ќе биде тешко, дајте си шанса себеси, а и на другата личност и дозволете да дознаете.

Слушајте го своето срце

Тоа тој силен мускул кој чука силно во вашите гради. Не го игнорирајте. Не се преправајте дека не чука посилно за некоја личност. Ако имате чувства во себе, покажете и ги на другата личност. Не рационализирајте, не креирајте сценарија и дозволете си да бидете среќни.

Пуштете ги луѓето во вашиот живот. Дозволете им да ги запознаете, и да ве запознаат. Не носете горчина во себе само поради тоа што еден или двајца ве повредиле. Бидете отворени кон луѓето, кон нови искуства и кон светот. Ќе доживеете и порази и победи, но ќе го паметите сето тоа. Еден ден ќе имате полна книга со сеќавања и се ќе има смисла.

Сакајте силно. Дајте им го срцето на оние луѓе кои го заслужуваат тоа и споделете го својот свет со нив. Верувајте во иднината, не се плашете од неа. Не се споредувајте со другите и само сакајте. Сакајте со целото срце.

Кои се најважни карактеристики кои треба да ги барате кај еден маж?

Кога сте во потрага по Вистинскиот, ќе налетате на многу мажи кои не се она што го барате. Тоа е сосема нормално и речиси е невозможно баш „од прва“ да го најдете вистинскиот маж. За да не лутате премногу, еве четири карактеристики кои би можеле да ви помогнат кога ќе бирате маж за себе.

Смисла за хумор

Без оглед на тоа колку е мажот привлечен и згоден, вашата врска нема да биде долготрајна ако тој нема смисла за хумор или ако е пресериозен. Покрај тоа, мажот кој ве засмејува ќе ви помогне и вие да не ги сфаќате работите премногу сериозно. А ако заедно се смеете, ќе ви биде позабавно без оглед на тоа што правите.

Маж без предрасуди

Луѓето со предрасуди можат да бидат прилично тешки. Да имате мислење за нешто е одлична работа, но мажот кој е целосно затворен за нови идеи и туѓи мислења воопшто не е „материјал“ за излегување. Да се биде во врска со некој кој нема предрасуди значи дека сте личност која ги прифаќа сите луѓе, идеи и начин на живот. Да се биде со некој таков е многу позабавно отколку да се трпи некој кој мисли дека само неговите идеи и мислења се вредни и важни.

Маж со цели

Мажите кои немаат никакви цели во животот, кои само седат пред телевизор или во обложувалница, се мрзливи мажи. Држете се подалеку од нив. Здрава доза амбиција е одлична за квалитетот кој треба да го поседува секој маж. Во спротивно, тој само лута низ животот и не знае во кој правец оди.

Маж со големо срце

Ако мажот нема душа, без оглед на тоа колку е згоден или успешен, држете се подалеку од него. Мажите кои имаат големо срце се внимателни, блиски се со семејството и пријателите, сакаат да им помогнат на драгите личности и имаат сочувство за сите.

Популарно