ВИДЕО: Инстаграм активираше нова опција за сите

Андроид и iOS корисниците на апликацијата Инстаграм отсега имаат можност да користат нова опција „Quiz“ во склоп на Инстаграм стори опцијата.

„Quiz“ е можност за поставувае прашања и однапред дефинирање одговор, од кој гласачот бира еден. На крајот е можно да се видат резултатите на квизот, а најдолго до 24 часа, колку што траае Инстаграм стори објавата.

Како Инстаграм Квиз опцијата се користи и како изгледа погледнете во официјалната објава на Инстаграм на мрежата Твитер.

Претходно, минатата недела се појави шпекулацијата дека Инстаграм тестира промени кои ја вклучуваат и можноста самата централа да ги скрие „лајковите“ од вашата публика.

Еве како да се спасите „од шпионирање“

Едвард Сноуден поранешниот американски разузнавач и „свиркач“ Едвард Сноуден  на подкастот  “Joe Rogan Experience” се осврна на бројни теми во врска со сајбер безбедноста и разузнавањето.

Тој е поранешен разузнавач на ЦИА и соработник на НСА, а стана американски „државен непријател број 1“ бидејќи  објави документи во кои се открива како американските разузнавачки служби ги шпионираат американските граѓани.

Американскиот суд го бара затоа што треба да одговара за прекршување на Законот за шпионажа и загрозување на националната безбедност, па Сноуден од 2013-та година живее „заробен“ во Русија каде што доби азил од руските власти.

Сноуден на подкастот “Joe Rogan Experience” проговори за тоа на кој начин разузнавачите ги шпионираат луѓето и дали ЦИА поседува информации за вонземјани, а исто така откри и како се шпионираат луѓето преку нивните мобилни телефони.

„Имате мобилен некаде во собата. Мобилниот е исклучен, барем екранот му е исклучен. А, кога некој ќе ви испрати порака, екранот оживува. Како е тоа можно?“, се запраша Едвард Сноуден.

„Мобилните денес се сеприсутни и се главниот начин за прислушкување затоа што луѓето ги користат почесто и од компјутерите. Кога и да ви е мобилниот вклучен, постои запис за вашата присутност на тоа место“, вели Сноуден и додава дека ако телефонот ви е вклучен, тогаш нема што да направите.

„Секој паметен телефон, секој мобилен е секогаш поврзан со најблискиот репетитор. Дури и кога екранот му е исклучен и мислите дека не работи ништо, не можете тоа да го видите затоа што емисиите на радиофреквенциите се невидливи. Но, телефонот „врска“ во воздухот говорејќи – тука сум, тука сум“, открива Сноуден кој утврдил дека записот на вашата присутност на некое место ќе постои ако со себе го носите телефонот.

Според него, на тој начин функционира масовниот надзор на населението, безразлика дали сте осомничен или „најобичниот човек на светот“. Сноуден тврди дека на тој начин се создава основна колекција што е владин еуфемизам за масовниот надзор – владата ги собира тие податоци надевајќи се дека еден ден би биле корисни.

Сноуден вели дека луѓето едноставно немаат поим што нивните телефони би можеле да работат во позадина, а според него, посебно проблематично е тоа што кај новите телефони не може да се извади батеријата. Сепак, Сноуден советува дека за почеток доколку не сакате да ве следи некој, најдобро би било да го исклучите телефонот.

Новите фотографии нудат поглед на далечниот свет во кој човештвото остава свој белег

Новите фотографии откриваат како роверот Curiosity се снаоѓа во црвената марсовска прашина и нудат поглед на далечниот свет во кој човештвото остава свој белег.

Сликите настанаа благодарение на HiRISE камерата, која ја чува Mars Reconnaissance Orbiter (MRO), која околу Црвената планета кружи од март 2006 година. Камерата веќе некое време го следи Elysium Planitia, подрачје на кое InSight се спуштил во ноември 2018 година, а за да ги забележи промените во пејзажот, како трагите што ги остава роверот зад себе. Фотографиите се направени на 23. септември, а камерата се наоѓала на 272 километри од површината на Марс. HiRISE (скратено од High Resolution Imaging Science Experiment) камерата и претходно го фотографираше InSight лендерот, но најновите слики се најјасни досега, поради немање на песочни бури и прашина во атмосферата.

На објавените фотографии може да се види и трасата на Curiosity роверот, кој се движи кон Mount Sharp, а се работи за фотографии од мај и јули 2019 година. Роверот стигна до подножјето на планината уште во 2014 година, и оттогаш се искачува на врвот. InSight и Curiosity не се наоѓаат во близина, и ги одвојуваат 600 километри оддалеченост, па фотографиите се најдобар доказ дека и едниот и другиот дел од мисијата течат според планот.

Внимавајте каде го оставате мобилниот, еве зошто

Сите го оставаме мобилниот онаму каде што ни е згодно. Но треба да внимаваме кое место ќе го одбереме. Еве каде не треба да го оставате:

Во џебот

Иако е многу удобно и тоа го правиме сите, носењето телефон во задниот џеб од панталоните не се препорачува бидејќи телефоните имаат екрани на допир. Ако често чувствувате болка во стомакот и нозете, тоа може да се должи на носење на вашиот телефон во џеб. Исто така можете лесно да го заборавите и да го скршите или изгубите.

На кожата

Не држете го вашиот мобилен телефон близу до кожата, бидејќи бактериите на екранот се префрлаат на лицето и можат да бидат причина за појава на акни или други заболувања на кожата. Покрај тоа, електромагнетното зрачење станува посилно. Кога разговарате на телефон, оставете најмалку 0,5 до 1,5 сантиметар помеѓу уредот и кожата.

На жешки места

Високите температури се исто така штетни за електрониката. Не се препорачува да го оставите вашиот телефон во автомобил или на плажа каде што е изложена на сонце или некој извор на топлина.

Под перницата

Не го чувајте телефонот под перницата. Ако добивате чести известувања во текот на ноќта и екранот се пали, тоа има негативен ефект врз производството на мелатонин и доведува до проблеми со спиењето. Исто така, имало случаи на експлозија на телефон и пожар. Покривањето на телефонот со перница ги зголемува шансите за прегревање и пожар, особено кога го полните. Подобро е да го ставите на полнач подалеку од себе, од вашиот кревет и од други луѓе, а по можност не преку ноќ.

На полначот

Не, полнењето на вашиот телефон не му штети директно на вашето здравје, но подобро е да не го полните вашиот мобилен преку ноќ, бидејќи тоа може да го скрати работниот век на батеријата.

На ладни места

Ако е ладно надвор и температурата се спушти под нулата, внимавајте на вашиот телефон и не оставајте го надвор или пак во автомобил долго време.

Температурната разлика е многу штетна за уредите, бидејќи кондензацијата се јавува кога ќе ја вратите на топло место, што може да доведе до дефект. Добро е да го заштитите вашиот телефон со маска.

Популарно