Маж ми го сакам, а во љубовникот сум заљубена!

Иако е свесна дека прави огромна грешка и дека треба што побрзо да стави крај на аферата со Горјан, не сака ниту да помисли на такво нешто затоа што не може да си го замисли животот без него, а од друга страна не сака ниту да го напушти Влада затоа што уште го сака и и годи неговото присуство.

Вероника е една обична жена, со обичен живот и работа. Меѓутоа, нејзиниот емотивен живот е комплетно необичен.

Вероника се омажила како многу млада, на 21 година. Родителите ја форсирале што порано да почне со семеен живот, иако се уште немала запишано факултет.

Се омажила за Владо кој и бил прв дечко. Почнале да се забавуваат уште во средно училиште и тоа некако бил некој логичен сплет на околности. Го сакала, како и тој неа. Прв пат спиеле после година дена врска, а другарките и се чуделе како успеала да издржи толку долго.

Меѓутоа, Вероника ги убедувала дека Влада и е за цел живот и дека затоа не брза никаде. Се преселиле во Белград и таа се запишала на факултет.

После само една година студирање, се вработила во една приватна фирма каде почнала да волонтира.

Иако никогаш во животот не помислила на друг маж, со текот на времето почнал да и се допаѓа еден колега. Горјан бил висок, црн и паметен и ја шармирал со само еден разговор.

Набргу после тоа почнале да излегуваат заедно на пауза за ручек и Вероника почувствувала дека полека се заљубува во него.

Сексот им бил неверојатен, а страста која што ја чувствувала кон него, никогаш во живот ја немала почувствувано за некој друг.

Иако е свесна дека прави огромна грешка и дека треба што побрзо да стави крај на аферата со Горјан, не сака ниту да помисли на такво нешто затоа што не може да си го замисли животот без него, а од друга страна не сака ниту да го напушти Влада затоа што уште го сака и и годи неговото присуство.

Се научив да лажам и вешто да манипулирам со луѓето околу мене. Влада го сакам и никогаш во животот нема да го оставам. Сепак, сексот со Горјан е неверојатен и не сакам да ставам крај ниту со него. Постојано се прашувам во себе до кога ќе трае ова, а свесна сум дека не сакам никогаш да прекине. Зарем е можно да сум заљубена во двајца мажи во исто време и да не можам животот да си го замислам без нив, се прашува Вероника.

Погледнете што прават жените кога се сами

Сите се опуштаме кога сме сами дома и правите работи што инаку не би ги правеле пред други луѓе. Работите стануваат многу поинтересни кога сме потполно голи и кога истражуваме што се може нашето тело и како изгледа од различни агли. Базфид го срочи сево ова во листа.

-Ја проучуваат големината на вагината и се прашуваат дали е нормална.

-Проверуваат дали им се ѕирка конецот од тампонот.

-Со мало огледало го посматраат внатрешниот и надворешниот изглед на вагината.

-Глумат стриптизета и се посматраат во огледало за да видат колку добро можат да го изведат нивниот танц.

-Лежат на под и ги шират нозете за да видат дали можат да направат шпага лежечки.

-Ги стискаат градите за да видат колку им е добро деколтето.

-Ги пуштаат да висат за да видат колку се обесиле од лани.

-Проверуваат дали имаат влакненца под папокот.

-Го дуваат стомакот за да видат како би изгледале трудни.

-Користат вибратор.

-Користат нешто како вибратор што инаку не е наменето за тоа.

-Седат на под и размислуваат за животот.

-Проверуваат каква им е бикини-зоната.

-Со часови лежат во кревет и го истражуваат Фејсбук профилот на бившиот.

-Сликаат грди селфија.

-Додека седат, посматраат колку сало имаат на стомакот.

-Скубат влакненца од прстите на нозете

Љубовта е најубавото нешто на овој свет

Престанете да се прашувате што би било кога би било и зграпчете ги сите шанси кои се пред вас! Не се држете до лошите спомени и луѓето кои ве повредиле и не ги затворајте очите пред оние кои можат навистина да ве сакаат.

Не се прашувајте дали треба да зборувате со таа личност, и едноставно направете го тоа. Не размислувајте за сите чекори и престанете да се прашувате што би било кога би било. Дозволете и на љубовта да биде дел од вашиот живот. Не се прашувајте како би било и дали ќе биде тешко, дајте си шанса себеси, а и на другата личност и дозволете да дознаете.

Слушајте го своето срце

Тоа тој силен мускул кој чука силно во вашите гради. Не го игнорирајте. Не се преправајте дека не чука посилно за некоја личност. Ако имате чувства во себе, покажете и ги на другата личност. Не рационализирајте, не креирајте сценарија и дозволете си да бидете среќни.

Пуштете ги луѓето во вашиот живот. Дозволете им да ги запознаете, и да ве запознаат. Не носете горчина во себе само поради тоа што еден или двајца ве повредиле. Бидете отворени кон луѓето, кон нови искуства и кон светот. Ќе доживеете и порази и победи, но ќе го паметите сето тоа. Еден ден ќе имате полна книга со сеќавања и се ќе има смисла.

Сакајте силно. Дајте им го срцето на оние луѓе кои го заслужуваат тоа и споделете го својот свет со нив. Верувајте во иднината, не се плашете од неа. Не се споредувајте со другите и само сакајте. Сакајте со целото срце.

Кои се најважни карактеристики кои треба да ги барате кај еден маж?

Кога сте во потрага по Вистинскиот, ќе налетате на многу мажи кои не се она што го барате. Тоа е сосема нормално и речиси е невозможно баш „од прва“ да го најдете вистинскиот маж. За да не лутате премногу, еве четири карактеристики кои би можеле да ви помогнат кога ќе бирате маж за себе.

Смисла за хумор

Без оглед на тоа колку е мажот привлечен и згоден, вашата врска нема да биде долготрајна ако тој нема смисла за хумор или ако е пресериозен. Покрај тоа, мажот кој ве засмејува ќе ви помогне и вие да не ги сфаќате работите премногу сериозно. А ако заедно се смеете, ќе ви биде позабавно без оглед на тоа што правите.

Маж без предрасуди

Луѓето со предрасуди можат да бидат прилично тешки. Да имате мислење за нешто е одлична работа, но мажот кој е целосно затворен за нови идеи и туѓи мислења воопшто не е „материјал“ за излегување. Да се биде во врска со некој кој нема предрасуди значи дека сте личност која ги прифаќа сите луѓе, идеи и начин на живот. Да се биде со некој таков е многу позабавно отколку да се трпи некој кој мисли дека само неговите идеи и мислења се вредни и важни.

Маж со цели

Мажите кои немаат никакви цели во животот, кои само седат пред телевизор или во обложувалница, се мрзливи мажи. Држете се подалеку од нив. Здрава доза амбиција е одлична за квалитетот кој треба да го поседува секој маж. Во спротивно, тој само лута низ животот и не знае во кој правец оди.

Маж со големо срце

Ако мажот нема душа, без оглед на тоа колку е згоден или успешен, држете се подалеку од него. Мажите кои имаат големо срце се внимателни, блиски се со семејството и пријателите, сакаат да им помогнат на драгите личности и имаат сочувство за сите.

Популарно