Ова ѝ го подари Жељко Јоксимовиќ на Јована за Велигден

Популарниот пејач Жељко Јоксимовиќ ја израдувал својата сопруга со луксузен подарок на кои многумина му завидуваат.

Пејачот имено се одлучил да ја изненади својата сопруга, водителката Јована Јоксимовиќ со луксузен одмор на егзотична дестинација.

Пред Велигден тој и подарил ваучер за десет дена во скапоцен хотел, вели изворот близок до парот за српските медиуми.

-подарокот ја изненади Јована, таа ги обожува семејните патувања и едвај чека да бидат сите заедно. Затоа што двајцата многу работат, одморот мораше да го организираат порано од предвиденото, додава изворот.

Инаку ова ќе биде прв заеднички одмор на парот со близнаците кои се уште се мали.

(ВИДЕО) Милјана: „Седи доле, главата ќе ти ја искршам“

Милјана Богдановиќ повторно беснееше на својот вереник Милојко Божиќ, кој го наговараше да седне до неа и да јаде, во реалното шоу „Парови“.

„Седи доле главата ќе ти ја искршам“, вели Милјана на видеото објавено на интернет, на кое таа со нож во рацете упатува закани кон 74. годишниот вереник.

„Јади што се јаде, побрзо, тргнувај. Кому му тераш инает? Јади на сила, Остави ги кивите и бриши се, седни овде“, вели Милјана.

Погледнете:

ФОТО: И Шерифовиќ лута на нас

Марија Шерифовиќ, победничката од 2007 година на Евровизија, вчера на социјалните мрежи ја коментираше Евровизија 2019, побара да се гласа за тамара и упати порака дека таа е најдобра.

Таа истакна дека повеќе нема да го гледа ова шоу, гневна на победата на Холандија и дека е разочарана што Македонија не дала ниту еден поен на Србија.

ВИДЕО: Дарко Лазиќ изнесе страшни детали за кои досега молчеше!

Во опуштена атмосфера, Дарко Лазиќ, прв пат по тешката сообраќајка зборуваше за својот живот.

Освен за големата несреќа, пејачот зборува, за поранешната сопруга, за иднината и тоа дека ќе биде татко.

Популарно