Филипче: Не си давам оставка - „метлата“ не е за мене!

Во пресрет на „метлата“, министерот за здравство, Венко Филипче, во интервју за А1он вели дека не чувствува потреба да си поднесе оставка и верува во исправните политики на премиерот, кој најдобро знаел кој работи и кој треба да биде во неговиот тим.

- Ми се калемеа работи што овде, во Министерството, не беа направени. Многу ми е драго што вистината секогаш излегува на виделина, обвинителката Вилма Рускоска за тендерот за реагенси изјави дека нема ниту една основа за кривично дело и дека се работи за шпекулации и обвинувања.

Полицијата го одземала телефонот на Катица Јанева

По наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корпција,  одземен е мобилниот телефон на Катица Јанева, потврдиле за Фокус од Обвинителството.

Претходно, изведени пред судија на претходна постапка беа Бојан Јовановски и Зоран Милески, кои се осомничени во случајот кој денеска го покрена ОЈО за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари. За нив, Обвинителството бара одредување мерка притвор.

Сопственикот на дивоградбата кај Чинарот сака да ги руши другите дивоградби во Охрид?!

Меѓу двете компании кои доставија понуди на тендерот за избор на фирма која ќе ги руши дивоградбите во Охрид е и фирмата на советникот Нефи Усеини, сопственик на дивоградбата пред чинарот која деновиве крева многу врева во јавноста. Усеини во разговор за ТВ24 потврди дека учествува на тендерот со неговата фирма Нефи ИК. Денеска во општината Охрид беа отворени понудите на тендерот, а во конкуренција за избор е уште една фирма.

Усеини пред неколку дена направи јавно отворање на неговата пицерија од која дел е дивоградба, а на отворањето присуствуваше и струшкиот градоначалник Мерко. Градоначалникот на Охрид пак, Константин Георгиевски најави дека дивоградбата ќе биде отстранета веднаш штом се создадат услови. Како една од причините за досегашното непостапување беше наведено и тоа дека се уште не е избрана фирма за уривање.

ВИДЕО: Полицијата влезе во 1ТВ!

Пред половина час, инспектори заедно со полиција влегле во 1ТВ, чиј сопственик Бојан Јовановски познат како Боки 13 е успсен попладнево.

Неофицијално, се проверува документацијата на медиумот, по наредба на Обвинителството за организиран криминал.

1ТВ беше отворена лани во март. Сопственик на тв е БМЈ медиа груп, фирма чии газди се Јасна Ерцеговиќ и таткото на Боки 13, Миле Јовановски.

Боки 13 не фигурира никаде во сопственичката структура, но се претставуваше како сопственик на телевизијата.

Популарно