Ова е идентитетот на петте лица кои загинаа во сообраќајка во Драчево

На булеварот „Борис Трајковски “ во Скопје, вчера во 23: 40 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот М.Ј. од Скопје и патничко возило „Рено 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Ј.Л. од Скопје.

-Во незгодата возачот Ј.П. и сопатниците возилото „Рено“, С.Н., А.Т.(54) од Скопје, Е.Т.(37) од Скопје и И.А.(40) од Скопје починале на местото. Додека, возачот М.Ј. се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција, информираат од МВР.

Увид на местото извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција. 

Гостивар: Објавил компромитирачки фотографии од сопругата на ФБ

Haдворешната канцеларија за kpиминaлиcтички работи Гостивар поднесе кpивична пpиjaва пpoтив 41-годишниот О.О. од Република Турција, со престој во Република Македонија, поради постоење основи на coмнeниe за стopени кpивични дела ,,зaгpoзување на cигypноста“ при семејно нacилствo и ,,злoyпoтpeба на лични податоци“.

Тој упатил зaкани по живoтoт кон неговата мaлoлeтна ќерка и неговата пopaнeшна сопруга, 27-годишната Ќ.Ј. од Гостивар.

По ова, на социјалната мрежа „Facebook“, на кориснички профил на Ќ.Ј. пpиjaвeниот објавил нејзина фотографија и текст со кoмпpoмитиpaчка содржина.

Пино на сон ми рече : Мамо коските се редат една по една

Мајката на Пино Секондо момчето кое исчезна и по 6 месеци беше пронајден мртов крвнички се бори за правда за нејзниот син. Таа постојано или на македонски или на италијански објавува постови со слики од Пино.

Она што Маја го објавува е нејзниот немир кој трае со месеци.

Пред некој ден го сонувам Пино и ми вели: Мамо коските се редат една по една! Ќе ги средиме. СРЦЕ на Мама тој ме води до коказите!Горспод крв не крие . Кога тогаш ќе има.. 

Послениот пост е комуникација со Ангела девојката која е во притвор и која е осомничена дека била дел од мамката во која паднал Пино за да биде убиен. Детали од истрагата откриваат морницави моменти околку нејзината улога во сценариото но мотивот се уште останува нејасен. Истрагата уште нема дадено одговори дали обична љубовна љубомора може да доведе некого во ситуација направи многу свесни чекори и свирепо убиство.

Мајката на Пино објави разговор меѓу Ангела и него

Под фотографијата пишува “Ангела Ѓорѓиевска ке лежиш во ЗАТВОР доживотно!!! Ти ветувам!!! “

Падна македонскиот Пабло

Минатиот викенд австралиската полиција спроведе голема операција „Сигнал“ во која се фатени голем број на криминалци за дрога, а меѓу нив и познат македонски криминалец. Полицијата верува дека водач на оваа група бил 23-годишен државјанин на Австралија, кој пред неколку месеци ја напуштил оваа земја.

Целата акција почнала во САД и полициските рации во оваа земја покажале дека се работи за луѓе кои се занимаваат со шверц на дрога и оружје и заработуваат милионски суми, а еден од нив, Славко Алексиќ. 

Тука е и берберот Армин Ебрахими Далеку, Дилан Купер, сопственик на модна куќа, Травис Хартзер, локален фудбалер, Јане Симоноски, сопственик на сала за џакузи, опишан како „македонски Пабло Ескобар", обвинет за перење пари.

 Можните казни за оваа банда се од парични казни до доживотен затвор.

Популарно