ВИДЕО: Ѕвезда и надвор од теренот - Стоилов во музички спот!

Капитенот на Вардар, македонскиот репрезентативец, Столе Стоилов, доби улога во музичкиот спот за песната „Ќе биде“ на раперот Ненад Ставровски Нешо, каде се појавува и младата пејачка Валери.

Пораката на песната е да се научи по нешто од секој животен пораз и да се оди напред, а во приказната на спотот, во финишот, одлично се вклопува и Стоилов.

Уапсен екс претседателот на УЕФА

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини е уапсен во врска со истрагата за доделување на организацијата на Мундијалот за 2022 година.

Светските медиуми пренесуваат дека Платини е уапсен рано утрово, со цел да биде однесен на испутување околу малверзациите правени за доделувањето на организацијата за Светското првенство кое треба да се оддржи во Катар.

Легендарниот француски фудбалер беше претседател на УЕФА во периодот од 2007 до 2015 година, кога е суспендиран од страна на Етичкиот комитет на ФИФА.

Колкава премија добија македонските ракометари?

Машката сениорска репрезентација на Македонија се пласираше шести пат на континенталните собири, откако успешно ја мина квалификациската група со Исланд, Турција и Грција.

Ракометарите завршија на првото место во групата, откако само еднаш беа поразени, еднаш одиграа нерешено и забележаа четири победи.

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов на претходната седница на Управниот Одбор најави премија од 40.000 евра доколку сениорите бидат први во групата.

Ракометарите тоа го остварија, а сега на ред е Ракометната федерација на Македонија да го реализира ветувањето.

Видео: Како Црвена Звезда ја освои титулата?

Вечерва кошаркарите на Ц. Звезда ја одбранија титулата откако во 4 меч од Супер лигата го победија Партизан со само еден кош разлика, 76-75.

Били Берон ги шокираше навивачите на Партизан, откако со кош во последни секунди му ја донесе петтата титула по ред на Партизан во шампионатот на Србија (76-75). Сепак, Гробари не се задоволни со судиите, за кои сметаат дека Берон направил трочекор и не требало да важат последните поени.

„Црно-белите“ во последната акција решија да не прават прекршок, а тоа на крајот не им се исплатеше, но по завршување на дуелот се отвори дискусија за тоа дали кошаркарот на Ц. Звезда направи еден чекор повеќе при неговиот продор.

.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

KK Crvena zvezda šampion Srbije za sezonu 2018/19.

A post shared by BUTASPORT.RS (@butasport.rs) on

Популарно