ТЕСТ: Дали ќе ви се исполни најголемата желба?

Уште еден во серија тестови за личноста. Врз основа на неколку реченици, или врз основа на една слика, можеме да дознаеме многу за самиот човек, за неговите желби и стравови.

Пред вас има пет рози, а вие само треба да ја разгледате сликата и да изберете една од нив. Направете го тоа по случаен избор или едноставно одберете роза која е најубава за вас.

Секоја ружа ве опишува. Не размислувајте премногу пред да одберете една, така изборот може да биде погрешен и тестот нема да биде точен.
 

Ако сте ја одбрале розата број 1.

Вие сте екстремно емотивна личност. Розата број еден ја симболизира тагата бидејќи самата така изгледа. Вие во душата сте едно големо дете и лесно емотивно ранливи. Може да ве повреди и најмала ситница од причина што умеете потполно да се предадете, дали во пријателство или во емотивна врска. Вашите тајни не ги издавате така лесно на другите, затоа што се плашите од предавство.

Семејство ви е од најголема важност, но, исто така, важна улога за вас во било која врска игра, довербата. Без неа, не можете да работите. Кога станува збор за парите, не сте некој кој ќе ја продаде душата на ѓаволот за нив, туку како и во сите други ситуации ве задоволуваат ситници, т.е. ви требаат онолку колку за нормален живот.

Вашата најголема желба е да најдете љубов од вашите соништа, т.е. љубов од бајките, во која емоциите се вечни, а крај не постои, како во оние стари приказни “живееле среќно до крајот на животот.” Токму тоа ви треба, некој кој може да ве разбере, и да ве сака и да ве прифати такви кави што сте. Вие во љубовта сте верни и вашиот најголем проблем е во тоа што многу тешко се наоѓа некој какви што сте вие.

Имаме добри вести за вас, вам ви е судена вистинска, љубов од соништата, но ќе треба многу пати да се убодете на трн, пред да дојдете до розата, т.е. до партнерот, кој е подготвен да ви ги даде сите свој живот.

Ако сте ја одбрале розата број 2.

Розата број 2, како и нејзината боја, ја симболизира љубовта во секој момент и на секое место. Во секој случај, не се работи за љубов од посебен вид, туку општа љубов, кон пријател или семејство или партнер. Луѓето кои ќе се одлучат за оваа роза нека бидат уверени дека се одлучиле за отворена соработка на сите полиња од нивниот живот.

Тие луѓе се пожртвувани во секој момент, па ако е потребно и да ризикуваат, да ги остварат своите цели, тоа ќе го сторат. Едноставно, луѓето кои ќе се одлучат за розата број 2 подготвени на сè, заради својата среќа. Ништо не прават случајно ниту делумно, но од почеток до крај, без да ги бираат средствата, прават сè за да стигнат до својата цел. Во овој случај, целта е да се реализира желбата.

Најголемата желба на луѓето кои ја одбрале оваа роза е нивниот живот да е среќен во љубовта, бидејќи љубовта за нив е смислата на животот. Луѓето кои ја избрале оваа роза, за жал, најмногу страдаат поради љубовта, па така желбата е тешко остварлива, но во годините што доаѓаат ќе ја најдат вистинската личност.

Ако избравте роза број 3.

Вие сте среќни и вечно безгрижни. Вашето однесување изгледа како однесувањето на пеперутката во пролетта, за секој проблем наоѓате решение, бидејќи сте со весела природа и за вас не постои неразумна ситуација. Вашите мисли се светли и оптимистични и за вас и кога е црна ситуацијата, поради својата весела природа ја претворате во помалку лоша и го гледате тоа од посветла страна.

Поради својата весела природа, другите ве сакаат и во своите тешки моменти, секогаш ве бараат да ги импресионирате и да ги расположите. Исто така, можете да ги решите проблемите на другите како да се ваши.

Пријателите ве сакаат, а познаниците обожуваат и сите треба секогаш да бидат во вашето друштво.

Вашата најголема желба е да успеете во работна смисла. Многу вложувате во вашето образование и се грижите дека ќе бидете успешни во вашата професија, колку што сте успешни во сите други сфери од вашиот живот.

Имајќи предвид дека инвестирате многу во работата на себе си и во себе, постојат големи шанси дека ќе имате големи успеси во бизнисот, без оглед на вашиот избор на професијата. Единственото нешто на што ви насочуваме внимание е фактот дека е убаво да имаш пари, но не треба да се заборави колку е важно да имаш љубов во својот живот.

Ако одберете роза број 4.

Никогаш нема да бидете сигурни дали сте избрале роза или розата ја одбрала вас. Оваа роза го открива вашиот тежок карактер, односно ја покажува вистинската емоционална состојба кога сте вие во прашање. Вашето срце неодамна било повредено, па затоа избравте роза која изгледа како да почнала да станува црна, односно да се суши.

Нема радост во вашето однесување, во вашата волја за живот, и во вашата сила. Изгледа како сите бродови да се потонати. Околу вас сѐ е црно, а вие се однесувате уште полошо. Не се смеете, не се дружите, па на работите гледате со страв од утре. Тоа ви е голема грешка, без оглед на моменталната ситуација, барем да имате малку оптимизам.

Ако сте одбрале роза под број четири, вашата најголема желба е да го промените ставот кон светот и околината, односно, да престанете да бидете толку голем песимист и на сѐ гледате црно. Односно, вие во живот толку многу сте страдале што постојано се надевате дека и за вас ќе дојдат подобри денови. Имате чувство дека судбината е против вас, а вие само сакате да ви поминат тешките денови.

Ако не го промените своето однесување и не внесете малку оптимизам во секојдневниот живот, вашата желба е од неостварлива природата. Сами ја кроите својата судбина, и сè е во ваши раце!

Ако одберете роза број 5.

Оваа роза го претставува вашиот развој и напредок во секој поглед. Сè што досега стоело во место сега ќе се промени. Вие едноставно ќе процветате како роза која сте ја избрале. Ќе ви се укажат големи шанси за напредок и ќе ви се отворат големи патишта кои ќе ве доведат до повеќе шанси.

Ваше е по кој пат ќе тргнете и од понуденото што да одберете. Бидејќи сте спремни да се борите, и доволно способни и храбри, имајте на ум дека ништо не е невозможно!

Најголемата желба на луѓето кои ја избрале розата под број 5, е да се остварат во семејното опкружување.

Вие сте воспитани така што семејството ви е приоритет, а домот светост, така што сиот свој живот ќе го подредите на тоа да пронајдете сродна душа со која ќе остварите љубов од бајките.

За вас потомството е најважното нешто, така што сите ваши желби ќе се остварат во секунда кога ќе станете родител.

Реално гледано, вие од животот не барате многу, бидејќи, фала му на Бога, животот многу повеќе ви пружил, само не се менувајте и останете така весели, и што е најважно – никогаш не губете верба во себе!

Арнолд Федорович Смејановиќ: Ова е најлошо нешто за мозокот

Кога станува збор за хирургија, неврохирургијата го зазема второто место според сложеноста, веднаш позади кардиохирургијата.

До операција на мозокот најчесто доаѓа поради големи повреди, анеурезма и тумор, а повеќе детали на оваа тема открива академикот и познат неврохирург Арнолд Федорович Смејановиќ, кој во текот на својата долга кариера има направено над 3000 операции на мозок.

– Мозокот е орган како и сите останати. Правиме многу интервенции и многу од нив се потполно успешни интервенции- открива докторот и вели дека мозкот е помоќен од било која супермашина и дека се уште е неверојатна мистерија.

Овие работи за мозокот, д-р Смејановиќ ги открил, благодарејќи на секојдневните операции.

1. На многу прашања нема одговори. На пример, сфативме дека бројот на мзоочни функции и неговата способност немаат врска со интелигенцијата. Не ја сфаќаме ни масата, ни волуменот на мозокот. Верувате ли дека мозокот на генијалец и мозокот на личност со низок коефицинет на интелигенција изгледаат потполно исто?

2. Количината на сивата маса и шитината на умот немаат никаква врска. Луј Пастер, основачот на микробиологијата и имонологијата, имаше само една хемисфера во мозокот, а живееше и работеше исто како и другите луѓе, дури постигна и многу повеќе.

3.Туморот не мора навистина ништо да промени. Пред 40 години асистирав на операција на голем тумор на мозок кај млада студентка на музичка академија. Кога го извадивме туморот, сфативме дека една хемисфера е скоро потполно уништена. Девојката заздрави, заврши академија, се омажи за милионер, и ден денеска преубаво свири!

4. Најневеројатното откритие за мене беше тоа што свеста нема никакво „место“ во телото и дека врската меѓу мозокот и мислите се тотална мистерија. Оваа тајна ја знае само Бог.

5. На мозокот му е неопходен тренинг, знаење, читање, размислување за убавината, патување во потсвеста и разбирање како добро да се работи.

За крај, д-р Смејановиќ го дава најважниот совет:

6. Не дозволувајте мозокот да ви стане мрзлив, инаку ќе ослабне брзо. Читајте, одлучувајте, размислувајте, грижете се. Не дозволувајте да станете рамнодушни- тоа е смрт за мозокот!

Професор д-р Смејанович е член на Белоруската академија на науките и истакнат научник од областа на неврохирургијата. Тој е почесен научник на Република Белорусија. Работел како истражувач, супервизор и водач на неврохируршкото одделение во болницата во Минск, бил директор на Институтот за неврологија, неврохирургија и физиотерапија, министер за здравство на Белорусија, а од 2006 година раководи со невролошкиот оддел на клиниката за неврологија и неврохирургија во регионалната болница во Минск. Тој е автор на повеќе од 400 научни трудови и изумител на 25 патенти. Во текот на својата долга кариера, тој има извршено повеќе од 3.000 операции на мозок.

ГАЛЕРИЈА: Најгадните автомобили некогаш склопени!

Иако, убавината доаѓа од окото што ја гледа, овие автомобили во светот на автоиндустријата важат за најнеубавите.

Pontiac Aztec

Volvo 240

Isuzu VehiCross

Nissan Juke

Volkswagen Type 181 “The Thing”

Wartburg 353

Nissan S-Cargo

Reliant Robin

Covini CW6

Fiat Multipla

Marcos Mantis

ВИДЕО: Имаше 192. килограми, но еве како сега изгледа!

Најдебелото момче во светот, Ариа Пермана (12) од Индонезија до пред неколку месеци, имаше 192 килограми. Сепак, му била направена операција и сега килограмите исчезнуваат како од шега.

Ариа, до пред една година, јадел само нездрава храна, не одел на училиште бидејќи одењето било голем предизвик за негои, се капел во мал базен во задниот двор, а тој животен стил го довелдо 192 килограми и називот „најдебелото момче во светот“.

„Тој за еден оброк јадеше колку за двајца возрасни. Секогаш беш уморен и се жалеше дека не може правилно да дише. Само јадеше и спиеше или се капеше во базенот со часови“, изјавила неговата мајка за „Дејли меил“ во една прилика.

Но, лекар му дал сериозна диета базирана на овошје и зеленчук,морал да шета, вежба, плива секој ден, а после четири месеци изгубил девет килограми.

Секако, сите беа горди на него, но тоа сепак било далеку од тежината што требаше да ја има едно момче.

Неговите родители и биле загрижени за здравјето на нивниот син, па во разговор со лекарите, решиле да му бид извршена операција што ќе му го спаси животот.

Дванаесетгодишникот на 17. април бил на операција на подврзување на желудникот. Тогаш тежел 186. килограми, а еден месец по операцијата дошол на 169. килограми. За една година би можел, доколку се придржува до пропишаната диета, да ослабне 100. килограми.

Неговата мајка вели дека Ариа е сè уште гладен, но дека стомакот едноставно не може да земе толку храна како што можел пред операцијата.

Секако, кога ќе ја достигне предвидената тежина ќе му биде неиопходна операција за отстранување на вишокот кожа,но се чини дека има уште за слабеење а псоледниот збор ќе го имаат лекарите.

Лекарите секојдневно ја следат неговата состојба, а според нивните проценки, Ариа би можела да изгуби 100 килограми за една година. И покрај тоа што поминале неколку месеци, момче изгубило на тежина, нели?

Популарно