ФОТО: Иван Исцелител го погоди победникот на Евросонг

Иван Исцелител на свотој Фејсбук профил го погоди победникот на Евровизија оваа година. 

Постот на Иван е од Петокот, или еден ден пред финалето. 


- Ви кажав еден ден порано кој е победникот. Немој пота Скептици, да кажете не сме знаеле. Еве ви да се знае дека само Иван има точни резултати. Во светот до сега не никој не му успеало. Ни на Нострадамус, но на Баба Ванѓа, пишува Иван во коментар под статусот.

Еве кога ќе започне летното сметање на времето, не се разочарувајте!

Летното сметање започнува рано изутрина на 31 март во недела.

И тоа во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03 часот.

Секоја година летното сметање се случува во последниот викенд во март, оваа година ретко како тоа се случува на последниот ден од месецот.

За да престанете да пушите, важно е да бидете подготвени на тоа – емоционално и ментално

Пробавте да се откажете од пушење, но не ви одеше? Постои рационално објаснување зошто не сте успеале во тоа. Не затоа што престанувањето на пушењето е невозможно, туку веројатно не сте биле подготвени за тоа.

За да престанете да пушите, важно е да бидете подготвени на тоа – емоционално и ментално. Некои луѓе едноставно се поподготвени од другите.

Интегративниот модел на намерна промена на однесувањето кој го развија Прохаска и ДиКлементе опишува и предвидува кога и како лицето ќе го промени своето однесување. Според овој модел, луѓето поминуваат низ пет фази во процесот на промената (предконтемплација, контемплација, подготовка, акција, одржување).

Ако како пример го земеме пушењето, во првата фаза лицето воопшто не сака да ги остави цигарите, не е ни свесно за проблемот, туку воглавно луѓето во неговата околина го забележуваат проблемот и вршат притисок за промена.

Во вториот стадиум лицето е свесно дека треба да ги остави цигарите и размислува за тоа дека ќе престане еден ден. Сега тоа навистина го сака, но ништо не презема тоа и да го направи.

Подготовката, или третата фаза, често се истакнува како најважна бидејќи ја означува пресудната точка во процесот на промената. Тоа е фаза во која човекот е подготвен да се промени и активно разработува стратегии и планови на кој начин тоа ќе го направи. Пушачите воглавно како цел го поставуваат целосното оставање на тутунските и никотински производи и/или намалувањето на штетите по здравјето.

За сите оние кои моментно не се подготвени веднаш во целост да го остават тутунот и никотинот, Американскиот колеџ на кардиолизи го истакнува и третиот тн. Среден пат – разговор за научно поткрепени алтернативни тутунски производи, кои од перспектива на здравствен ризик, претставуваат подобар избор. Се работи за производи кои не го согоруваат тутунот како цигарите, туку го загреваат и не произведуваат тутунски чад, намалувајќи го нивото и количината на штетни и потенцијално штетни материи до 95 проценти во просек, во споредба со цигарите. Овој пристап се истакнува како пожелно дополнување на стратегиите за намалување на пушењето.

Со влезот во четвртата фаза всушност почнува да го остварува својот план, додека петтиот стадиум подразбира одржување на промената и се смета дека лицето го остварило доколку не пуши една година. Конечно човекот успева да излезе од маѓепсаниот круг!

Младоженец на 92 години: Шеста веридба за Руперт Мардок

Медиумскиот тајкун Руперт Мардок (92) и Елена Жукова (67), руски молекуларен биолог, се свршија, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на извори блиски до парот.

Мардок и Жукова беа во врска во последните неколку месеци.

Се очекува двојката да го каже судбоносното „Да“ на лозјето Mordoch’s Moraga во Калифорнија, најверојатно во јуни, објави New York Times. Тоа ќе биде негова петта венчавка, а ова е негова шеста веридба.

Минатата година, Мардок се повлече од функцијата извршен директор на медиумските империи на Fox и News Corp. Во април 2023 година, тој ја раскина свршувачката со поранешната полицајка Ен Лесли Смит.

Популарно