Сара Мејс: Како бе вака жено!

Македонската пејачка  Сара Мејс, не можеше да ја толерира изведбата на поп-каралицата Мадона која беше специјална гостинка на Евровизија во Тел Авив.

Сара на својот профил на Фејсбук напиша коментар посветен токму на настапот на големата музичка ѕвезда и икона.

-Срцебиење имам колку е ниска (интонативно). Мадона, како бе вака жено! – го коментираше Сара настапот на Мадона, но тука не запре со коментарите, бидејќи веројатно не беше задоволна од финалниот резултат и настанот генерално, па се надополни.

-Евровизијо, бруко една! Уа!- пишува Сара Мејс на што доби многу лајкови од своите следбеници, пријатели, обожаватели и секако гледачи на големиот европски музички спектакл.

Инаку, настапот на Мадона крена голема прашина на социјалните мрежи и медиумите, а повеќето ја критикуваа нејзината вокалната изведба, но можеби заборавија дека таа е шоумен на сцената која најчесто има мисија да прати порака, а не да се покаже колку добро пее.

Македонија горда: Ленче Кукиќ победник на „Никад није касно“

Прекрасниот македонски глас, харизматичната Ленче Кукиќ е победник на балканското ТВ шоу „Никад није касно“ од страна на жирито и Фејсбук публиката.

Ленче од стручното жири освои 172 гласови, а од Фејсбук публиката 5164 гласови. Таа беше втора, според СМС гласовите со 3694 СМС пораки.

17 годишната Џејла победи на Ѕвездите на Гранд

Вечерва се одржа финалето на музичкото натпреварување Ѕвездите на Гранд. Од нашата држава имаше 4 натпреварувачи, Мартинијан Кириловски, Огнен Здравковски, Дарко Коцевски и Филип Пецовски.

Победата ја однесе 17 годишната Џејла Рамовиќ, која освои 334 гласови од жири и 683 гласови од публиката. Апсолутната победничка беше во тимот на пејачката Марија Шеровиќ.

Од нашите натпреварувачи највисоко се пласираше кумановецот Мартинијан, кој со 133 гласови од жири и 95 од публика го освои петтото место.

Лина Пејовска влезе во финалето на најпопуларното хрватско музичко шоу

Македонската пејачка Лина Пејовска влезе во финалето на хрватското музичко шоу „Ѕвезди – летен хит“. Таа го воодушеви жирито со песната на Тончи Хуљиќ, Tower of Babylon, која на фестивалот „Дора“ ја пееше Лорна Буќан. Потоа испеа и дует со Петар Грашо.

„Совршена си, не можам да поверувам дека имаш само 16 години. Поседуваш се што треба да има една ѕвезда“, и рече Андреа Андерсај, една од членовите на жирито.

Лина уште од почетокот е една од милениците на публиката, но и на жирито во кое се членови Тончи Хуљиќ, Петар Грашо, Бранко Ѓуриќ, Нина Бадриќ и Андреа Андерсај. Таа во првиот круг ја пееше евровизиската песна My Number One од Хелена Папаризу

„За учество во музичкото шоу се пријавија преку 2000 кандидати, а влегоа само 60, меѓу кои и јас. Во првиот круг поминав одлично, добив преубави коментари од жирито и затоа сум презадоволна од мојот настап“, рече неодамна Лина за „Репортер“.

Јавноста во регионот ја запозна Лина по учеството во шоуто „Пинкови ѕвездички“. Од неодамна таа снима преработки на светски и балкански хитови, а нејзините видеа имаат преку 2 милиона прегледи на „ЈуТјуб“.

Финалето на најпопуларното музичко шоу во Хрватска ќе се одржи следната сабота (22 јуни).

Популарно