Забpeменила од гледање телевизија?!

Џенифер Џонсон  тврди дека останала бремена додека гледала 3D пopно филм и останала трудна. Ваквото опpaвдување во јавноста го изнела со цел да долови на светот дека таа родила црно дете а таа е белќиња. Вели нема друго објаснување за ова туку само дека забpeменила од пopно филмот.

Детето кое го родила е црнче, а сопругот кој исто така е белец и верува дека можно е да забpeменила од пopно филмот.

Во времето кога било зачнато бебето нејзиниот сопруг Ерик Џонсон, служел вojcка во Ирак а исто така и тој е белец. За драмата да биде поголема, откако тој се вратил, неговата сопруга му признала дека гледала пopно филм со пријателите во Њујорк, а по еден месец почувствувала мачнини и дознала дека е бpeмена.

Инаку интересное тоа што бебето личи на глумецот од филмот кој е црнец, а Ерик не ја осудува својата сопруга за невepcтво туку напpoтив се обидува и да ја разбере ситуацијата.

-Ситуацијата е coмнителна, но 3D филмовите се многу реалиситични. Се е можно со денешната технологија, вели нејзиниот верен сопруг Ерик.

Џенифер рекла дека нејзиниот брак не бил како што треба по ова, но нејзиниот сопруг знае дека му е верна.

Таа вели дека инаку не гледа пopно филмови, но сакала ефектот на филмот да го доживее со помош на специјалните ефекти.

Овој случај е објавен во 2014-та година, но повторно стана славен откако се случи слична ситуација.

Погледнете зошто во Унгарија не се наздравува со пиво

Во Унгарија нема наздравување на кригли, пишува welovebudapest.com, додавајќи дека се верува дека таквиот обичај влече корени откако Австријците ја прославиле победата над Унгарците во 1848 година во Виена, гласно наздравувајќи пиво и чукајќи чаши.

Наводно, после тоа Унгарците рекле дека нема да наздрават со пиво уште 150 години, а иако поминале годините, Унгарците се уште пијат пиво во тишина.

Но, тие ќе наздрават со други алкохолни пијалоци, како вино или палинка, додека ги држат очите широко отворени за да се уверат дека имаат контакт со очите, бидејќи не е доволно само да се каже: Egészségedre!

„Најважното нешто што треба да запомните е дека ако некогаш ви понудат палинка, мора да ја испиете. Дури и ако е трета чаша или ако е домашна и не е многу добра, сепак мора да ја пиете. Ова важи и за домашното вино на домаќинот. За среќа, домашната палинка всушност може да биде одлична.

Палинка е унгарска ракија која има заштитена ознака од географско потекло, што значи дека може да се приготвува само во Унгарија. Добро е да знаете дека рестораните и баровите обично не се евтини, па понекогаш е корисно да го погледнете ценовникот пред да нарачате неколку чашки одеднаш.

Фиби Гејтс: Луѓето ме следат на социјалните мрежи само поради популарноста на татко ми

Фиби Гејтс, најмладата ќерка на Бил Гејтс, инаку успешна „тиктокерка“, признава дека она што најмногу ѝ пречи во животот е тоа што јавноста создава лажни мислења за неа и нејзиното семејство.

Имено, Фиби во интервју за „Информејшн“ објасни дека ѝ пречат гласините и теориите на заговор за татко ѝ, избрзаните и погрешни заклучоци, а убедена е и дека луѓето ја следат на интернет само затоа што е ќерка на Бил Гејтс.

– Прилично сум сигурна дека луѓето почнуваат да ме следат поради моето презиме и татко ми. Веројатно на луѓето им е смешно да го видат татко ми како си игра со „Боксболен“ („паметна“ вреќа за бокс)… Но, штом ќе ме заследат, главно остануваат на мојот профил. И мислам дека остануваат затоа што објавувам многу за жените, женското здравје и слични работи, изјави Фиби.

Фиби рече и дека нејзината мајка ѝ е поддршка и оти е љубопитна за секој нејзин успех на социјалните мрежи.

– Таа разбира дека токму тука растат младите луѓе денес. И татко ми објавува доста на социјалните мрежи, но тој самиот не следи други луѓе, додаде Фиби.

Младата девојкa патем нагласи дека ѝ е смачено од некои следачи што ја критикуваат оти е во врска со црнец, т.е. со Роберт Рос.

– Момци, 2023 година е и ме прашувате зошто сум во меѓурасна врска!?, праша Гејтс реторички.

Инаку, Гејтс има повеќе од 64.000 следачи на Тик-ток, а 195.000 луѓе ја следат на Инстаграм.

(Видео) Новинарка стави кондом за да го заштити микрофонот од ураганот во Флорида

Ураганот Ијан кој ја погодува Флорида, САД, однесе неколку жители и остави милиони без струја, иако властите спроведуваат очајни спасувачки операции низ целата држава.

Според PowerOutage.us, од почетокот на четвртокот, повеќе од 2 милиони корисници останале без струја поради огромното невреме, проследено со многу уништени дрвја, автомобили итн.

Додека ураганот Ијан беснееше на територијата Флорида, новинарката на „NBC“, Кајла Гелер, смислила безбедно известување, гордо и вешто поставувајќи кондом со цел да го својот микрофон.

Популарно