ФОТО: Огромна радост во домот на Борко Ристовски

Голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски на почетокот на годината заедно со сопругата Нина Ристовска направи свадба, а сега се посветени на синчето.

Овој пат Нина сподели убави и радосни вести односно откри дека синчето ги пуштило првите чекори.

- „Лесни чекорчиња љубов мамина“ стои во описот на најновата фотографија.

ВИДЕО: Прво интервју на Анастасија Ражњатовиќ за македонски медиум

Анастасија првпат даде интервју за македонски медиум, односно за „Екслузив“ каде што проговори за својата кариера и за својот приватен живот.

Анастасија откри дека веќе не живее со нејзината мајка, но дека на телефон се слушаат 24/7.

Помалата Ражнатовиќ се труди да го крие својот приватен живот и од медиумите да го сокрие своето момче.

„Па, јас навистина се трудам, со сета моја сила тој дел од животот да остане приватен. Мојот партнер не сака да се експонира медиумски и јас тоа го почитувам. Јас се трудам тој дел од животот да остане приватен, но нема што да правиме кога ќе не фотографираат папараците, сепак сум јавна личност“ вели Анастасија за „Ексклузив“.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/АНАСТАСИЈАРАЖНАТОВИЌ

На  прашањето со која особина партнерот ја освоил, пејачката одговори:

„Најважно ми е да е некој чесен и искрен и да има почит“ вели ќерката на Цеца.

Таа најави дека подготвуа нов албум заедно со Дарко Димитров и откри каква е соработката со него.

„Дарко ми прати неколку мелодии, но се уште сме на почеток. Се надевам дека бргу ќе завршиме бидејќи тој е многу талентиран и многу бргу работи, професионален е“ вели Анастасија за „Ексклузив“.

Целото интервју можете да го погледнете во продолжение.

Сања Барби: „Сакам помлади мажи, имаат повеќе кондиција во кревет“

Згодната Фолкерка Сања Цинцева или попозната во јавноста како Сања Барби деновиве позираше пред камерата на „Бекстејџ“ .

Пејачката во интервјуто откри детали поврзани со нејзиниот приватен живот, но и кариера, па така гледачите дознаа дека Сања веќе нема да снима турбо фолк, сака помлади мажи затоа што смета дека се поискусни во кревет, добивала голем број на непристојни понуди. Погледнете: 

(ВИДЕО) Саша Видиќ: „Да сум некој фраер сега би те оженил"

Дара Бубамара, Цеца Ражантовиќ, Рада Манојловиќ, Лепа Брена, Ана Николиќ често се на мета кај српскиот дизајнер Саша Видиќ.

Овој пат тој за Марјана Станојковска за Бекстејџ даде само пофалби, а ги искоментира и другите јавни личности кај нас.

 - „Десетка, браво. Ти благодарам што ја носиш модата. Да сум некој фраер сега би те оженил. Навистина прекрасно изгледаш“ изјави Саша.

Популарно