Тие не им „давале“ да спијат две години

Во Шпанија  брачен пар две години  не можел да спие мирнот поради постојаните  нејасни звуци кои доаѓале од ѕидовите од нивниот дом.

По две години без сон и ненаспани, решиле да го урнат ѕидот во спалната и таму нашле огромно гнездо со пчели. Имало над 80.000 пчели, што живееле во ѕидот на нивната спална соба во гратчето Пинос Пуенте во близина на Гренада.

Тие го повикале локалниот пчелар, кому му требале седум часа за да ја извади кошницата, да ги ослободи пчелите и неповредени да ги врати во природа.

Според пчеларот, причина за ваквата појава се климатските промени и се помалиот број дрва, каде пчелите може да се населат.

Македонија горда: Ленче Кукиќ победник на „Никад није касно“

Прекрасниот македонски глас, харизматичната Ленче Кукиќ е победник на балканското ТВ шоу „Никад није касно“ од страна на жирито и Фејсбук публиката.

Ленче од стручното жири освои 172 гласови, а од Фејсбук публиката 5164 гласови. Таа беше втора, според СМС гласовите со 3694 СМС пораки.

Тамара се пофали дека ќе пее на Парадата на гордоста во Скопје

Тамара Тодевска ќе настапи на првата Парада на гордоста, која треба да се случи идниот викенд во Скопје.

Таа преку „Твитер“ соопшти дека е горда што ќе пее на 29 јуни.

Настанот ќе почне во „Жена бopeц”, а ќе заврши во школката кај Градскиот парк, каде што е предвидено да говори министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и други говорници. За забавата покрај Тамара ќе настапат и други естрадни уметници и неколку диџеи.

Дневен хороскоп

ОВЕН

Денешниот ден за вас е многу поволен, па може да очекувате дека ќе ги остварите своите цели. Тешко ви е да ја замислите својата иднина без личноста која ја сакате. Пред вас е период на разочарување. Водете сметка за исхраната.

БИК

Денес сте склони кон неочекувани реакции и некои промени на расположението во работното опкружување. Може да се надевате на интересно познанство со личност која ќе ве заинтригира во секоја смисла. Водете сметка за грлото.

БЛИЗНАЦИ

Ви се укажува можност да остварите многу добра заработка со која ќе бидете многу задоволни на подолги стази. Одлично го познавате својот партнер и вашата врска со него ви дава сигурност. Немате проблеми со здравјето.

РАК

Во оваа фаза ќе имате нови компликации на деловно поле, но секоја лекција која ќе ја научите ќе ви послужи понатаму. Моментално не се сложувате најдобро со саканата личност и во себе длабоко патите поради тоа. Проблеми со видот.

ЛАВ

Во текот на денешниот ден нема да успеете да го остварите она што го сакате. Потрудете се да не форсирате одредени настани. Иако ви се чини дека вашата симпатија не е заинтересирана, во неочекуван момент ќе ги покаже емоциите кон вас. Здравјето е добро.

ДЕВИЦА

Денес поголем дел од работите ќе ги извршувате сами, немате многу помош од страна на соработниците и не се чувствувате добро поради тоа. Не сте подготвени да влезете во нова врска иако постои една личност за која размислувате. Проблеми со зглобовите.

ВАГА

Ако сте очекувале било какво унапредување на работното место, може да се надевате на поволни околности. Вашиот однос со саканата личност може да биде променлив и нестабилен и имате одредени препреки. Проблеми со забите.

СКОРПИЈА

Ќе ја прифатите новата понуда за работа која ќе ви се укаже во одреден момент. Во дилема сте поради различните понуди за врска и се плашите да не направите погрешен избор. Избегнувајте ги сите пороци.

СТРЕЛЕЦ

Вашите одлуки од претходниот период би можеле да се покажат како погрешни. Ве очекува поволна фаза на работа. Денес ќе запознаете интересна личност со која ќе стапите во врска овие денови. Проблеми со притисокот.

ЈАРЕЦ

Кавгите и озборувањата денеска многу лесно би можеле да доминираат во вашата работна средина, па затоа бидете внимателни и вие да не бидете вмешани во тие непријатни настани. Доколку тоа ви се случи нека вашиот став не биде премногу борбен.

ВОДОЛИЈА

Нивото на енергија ви е многу ниско, а комуникативноста намалена. Ваквата состојба може само да ви направи проблеми на работното место. Навистина ви е потребен одмор и опуштање. Дозволете си го тоа ако сте во можност и извршувајте ги само обврските кои неможат да чекаат. Посветете повеќе внимание на вашиот љубовен живот.

РИБИ

Вашиот партнер го идеализирате, па ќе имате проблеми кога ќе се соочите со реалноста. Ќе сфатите дека вашиот љубовен однос донекаде е полн со фантазии, но ќе ви биде многу тешко тоа да го признаете. Обидете се барем денес да уживате во семејната среќа.

Популарно